.мкд
Врвен македонски највисок државен домен е .мкд.
Воведен | 2014 |
---|---|
Тип на домен | највисок државен домен |
Состојба | активен |
Регистар | МАРНет |
Покровител | Министерство за надворешни работи на Македонија |
Наменета употреба | ентитети поврзани co Македонија |
Фактичка употреба | има употреба во Македонија |
Состав | .мкд |
Мреж. место | MARnet |
Примарен опслужувач за администрирање и управување со врвниот македонски домен „.мкд“ е Македонската академска истражувачка мрежа - МАРНет.
Кириличен домен
уредиВо ноември 2012 МАРнет започна со процесот на воведување кириличен национален домен. Првата фаза од процесот беше прибирање на предлози за формата на доменот. Поднесувањето предлози се одвиваше на официјалната страница на МАРнет и траеше од 19 ноември до 3 декември 2012 година. Избраниот предлог треба да ги содржи буквите од државата (кратенка или цело име) и тој ќе биде предложен за официјална регистрација.[1][2] На анкетата победил доменот .мкд.
Гласањето за македонски кириличен домен
уредиЗа време на гласањето за македонски кириличен домен гласале 2.288 гласачи и конечните резултати се:
домен | гласови | % |
---|---|---|
.мкд | 1,670 | 73 |
.мак | 324 | 14 |
.рм | 155 | 7 |
.македонија | 122 | 5 |
.рмкд | 10 | 0 |
.рмак | 7 | 0 |
Кириличниот домен .мкд е поднесен за официјална регистрација како македонски кириличен домен, а прифатен и регистриран на 20 март 2014.[3]
Наводи
уреди- ↑ МАРнет избира национален кириличен домејн за Македонија
- ↑ Official webpage of MARnet
- ↑ „Македонија на интернет со кириличен домен“. Архивирано од изворникот на 2014-03-23. Посетено на 2017-05-29.
Надворешни врски
уреди- Македонскиот регистар за семрежни поддомени (МАРНет) Архивирано на 16 јуни 2005 г.
- Анализа на домените од второ и трето ниво во Македонија заклучно со 1 јануари 2006 година
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |