Ѕвездени патеки
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
„Ѕвездени патеки“ (англ. Star Trek) е заедничко име за шест научно-фантастични серии, десет филмови, како и стотици новели, компјутерски и видеоигри. Создавач на «светот на Ѕвездените патеки» (анг.the Star Trek Universe) е Џин Роденбери во 1960-тите.
Серијали на Ѕвездени патеки
уредиПрвиот серијал, наречен едноставно «Ѕвездени патеки» (анг. Star Trek) или «Ѕвездени патеки: Оригиналната серија» (анг. Star Trek: The Original Series), започнува со пилот-епизодата «Кафезот» (The Cage) во далечната 1964 година. Таа ги следи патувањата на вселенскиот брод «Ентерпрајз» на чело со капетанот Кристофер Пајк (Џефри Хантер). Оваа епизода била одбиена од Ен-би-си и не е прикажана, но може да се најде на интернет. Две годни подоцна бил направен обид за уште една пилот епизода «Каде што ниеден човек досега не бил» («Where No Man Has Gone Before»), овој пат успешна. Екипажот на «Ентерпрајз» е сосема сменет, капетан е Џејмс Т. Кирк (Вилијам Шетнер). Од екипажот којшто се појавува во Кафезот, останува само Вулканецот Спок (Леонард Нимој).
Конечно «Ентерпрајз» тргнува на својата петгодишна мисија, каде што ниеден човек досега не бил. За жал, серијата доживеала само три сезони (1966—1969), но подоцна се снимени и неколку филмови со екипажот од Оригиналната серија. Оваа серија е една од највлијателните научно-фантастички серии било кога снимени, привлекувајќи милиони љубители низ светот и градејќи го феноменот наречен «Ѕвездени патеки». Добитник е на неколку награди, многу номинации за најдобра серија, најдобри глумци, специјални ефекти. Прикажувана е во многу земји, на многу телевизии. Серијалот се состои од една неемитувана епизода, 79 епизоди со траење од по еден час, 1 дводелна епизода и 6 долгометражни филмови, дури и анимирана серија заснована на Оригналната серија каде што гласовите ги позајмуваат глумците од серијата. Серијата успеала да издржи 3 години, со писмата и поддршката на обожавателите, иако NBC неколкупати се обидел да ја прекинат. Конечно, тоа им успева после третата, по многумина најдобра, сезона.
Глумечката екипа е следнава:
- Вилијам Шетнер како капетанот Џејмс Т. Кирк
- Леонард Нимој како Спок
- Дефорест Кели како Д-р Леонард Мекој
- Џејмс Духан како Монтгомери Скот — Скоти
- Валтер Кенинг како Павел Чеков
- Џорџ Такеи како Хикару Сулу
- Нишел Николс како Ухура
Во 1978 година, девет години откако е емитувана последната епизода од Оригиналната серија, Парамаунт планирала да ја продолжи мисијата на «Ентерпрајз» и капетанот Кирк. Серијата била именувана «Ѕвездени патеки: Фаза два» (анг. Star Trek: Phase II). Биле напишани 12 сценарија за новите 12 епизоди кои требало да ја сочинуваат првата сезона на «Фаза два».
Целата глумечка екипа од «Оригиналната серија» со задоволство ја прифатила понудата, освен Леонард Нимој, глумецот кој го толкувал ликот на Спок. Но, тој проблем бил решен со додавање на нови глумци, односно нови членови на екипажот на «Ентерпрајз».
Кога веќе се било подготвено за снимање, продуцентите одлучиле да ја укинат серијата и да снимат долгометражен филм со истите ликови. Сценариото за првата епизода од «Фаза два», «Во твојата слика» (In Thy Image) е адаптирано за првиот долгометражен филм, «Ѕвездени патеки: Филмот» (анг. Star Trek: The Motion Picture). За филмот се враќа и Нимој, во улога на Спок. Ликовите кои исто така требало да се најдат во «Фаза два» се во филмот. Станува збор за командирот Декер, Илиа и командирот Сонак.
Две сценарија наменети за «Фаза два» се искористени во следната серија, «Ѕвездени патеки: Следното поколение» (анг. Star Trek: The Next Generation) во 1987 година.
Во 1987 година донесува продолжение на оригиналната серија, исто така продуцирано од Џин Роденбери. Дејствието во «Ѕвездени патеки: Следното поколение» (анг. Star Trek: The Next Generation) е сместено неколку децении по авантурите на капетанот Џејмс Т. Кирк. Овде се работи за сосема нов екипаж, на чело со капетанот Жан-Лук Пикард кој командува со «Ентерпрајз — Д».
Следното поколение донесе многу нови нешта во врска со Ѕвездените патеки. Благодарејќи на развојот на филмската технологија, ефектите, оваа серија е далеку подобро изведена од Оригиналната серија. Во оваа серија за првпат се појавуваат и нови раси како Борг, Кардасијанци, Ференги, а во екипажот на «Ентерпрајз — Д» место најдоа и Клингонецот Ворф и андроидот Дејта. Исто така Следното поколение ја презентираше и вонземската супер-раса, Кју (анг. Q), која заедно со Борг ја обележа серијата.
Ова е можеби и најдобриот серијал од целата сага на Ѕвездените патеки, кој привлече многу нови љубители низ целиот свет. Следното поколение се состои од вкупно 7 сезони, прикажувани од 1987 до 1994 година. Исто така екипажот на «Ентерпрајз — Д» беше дел и од новите филмови: «Ѕвездени патеки: Поколенија» (Star Trek: Generations, 1994), «Ѕвездени патеки: Прв контакт» (Star Trek: First Contact, 1996), «Ѕвездени патеки: Востание» (Star Trek: Insurrection, 1998) и «Ѕвездени патеки: Непријател» (Star Trek: Nemesis, 2002), како и голем број на новели и компјутерски игри.
Третата серија од Ѕвездените патеки, со наслов Длабока вселена 9 (скр. ДВ9) почнала со емитување во 1993 година, течејќи извесно време паралелно со Следното поколение. Новоста во ДВ9 е тоа што ова е прва серија на Ѕвездените патекиво која нема Ентерпрајз. Не само тоа, туку во почетокот нема ниту вселенски брод. Настаните се случуваат една вселенска станица во близина на планетата Бејџор. Навидум обичната вселенска станица уште во првата пилот епизода станува необична. Имено, командантот на станицата, командирот Бенџамин Сиско и неговиот офицер за наука Џадзија Дакс во непосредна близина на Бејџор ја откриваат првата позната стабилна црвоточина, која пак води до Гама-квадрантот, повеќе од половина галаксија од станицата. Така ја нивната станица станува една од поважните стратешки локации во Федерацијата, па и во целиот Алфа-квадрант.
ДВ9 го има најразновидниот «екипаж» од било која серија на Ѕвездените патеки. Сите што ја гледале серијата од почеток докрај ќе се согласат дека Бенџамин Сиско е најнеобичниот капетан досега (ако не и воопшто човек). Од сите во станицата најдобро го познаваат неговиот син Џејк, и Џадзија, млада жена, по потекло од планетата Трил, која во себе го носи повеќе векови стариот симбионт Дакс. Шефот на обезбедување, Одо, е припадник на (отпрвин) непозната раса која може да си ја менува формата. Сопственикот на барот во станицата е Кварк, Ференги кој постојано е во трка по профит и во игра на надмудрување со Одо. Главен инженер на станицата е Мајлс О'Брајан кој во Следното поколение се јавува како епизоден лик. Подоцна на екипажот му се придружува уште еден лик од Следното поколение, Ворф. Главно медицинско лице на станицата е докторот Џулијан Башир, млад и ентузијастички настроен офицер со невидена доза на наивност. Покрај овие главни ликови, Длабока вселена 9 располага со голем број на други епизодни ликови кои ја дополнуваат и прошируваат општата приказна, што ја прави оваа серија поразлична од останатите серијали на Ѕвездените патеки.
Општ е заклучокот на љубителите на Ѕвездени патеки дека на Длабока вселена 9 во почетокот ѝ недостасува адреналинот, енергичноста, па дури и «подвижноста» карактеристична за останатите серии, бидејќи сепак се работи за неподвижна вселенска станица. Но оваа серија подоцна вклучува нешто што ниту една од другите серии не вклучува директно: отворена војна помеѓу Федерацијата, Клингонците и Ромуланците од една и Доминионот, Кардасијанците и Брин од друга страна. Војната која зазема главно место во шестата и седмата сезона од серијата очекувано многу отскокнува од «рајот» во кој се наоѓа најголем дел од Федерацијата, а кој е опишан во другите серии.
Star Trek: Voyager
уредиГо памети ли некој вториот дел од епизодата «Descent» од The Next Generation, поточно тоа дека, во отсуство на повисоките офицери на Enterprise, Beverly Crusher доаѓа на капетанското место? Со овој чекор продуцентите сакале да видат како публиката би реагирала на жена-капетан, во подготовка за новата серија — Star Trek: Voyager.
Оваа серија го опишува враќањето дома на USS Voyager NCC-74656, под команда на Kathryn Janeway, кој во првата епизода останува заглавен во Делта квадрантот, на другиот крај од галаксијата. Почнувајќи со 75 години непознат пат пред нив, без никаков контакт со Федерацијата или пак било кој друг во Алфа квадрантот, приморани да го спојат екипажот со нивните довчерашни непријатели… Не ќе да е лесен пат.
Тоа по што Voyager се разликува од претходните ST серии, е составот на екипажот. Поранешен затвореник (Tom Paris), полу-Клингонка која ги нокаутира тие што не се согласуваат со неа (B’Elanna Torres), холографски лекар дизајниран само за краткотрајна употреба, малку понатаму во серијата и Борг (Seven Of Nine), и во краен случај психопатски убиец (Lon Suder)… Не се баш типот на луѓе што би очекувале да ги видите на некој Enterprise. Сепак, како што поминува времето повеќето од нив успеваат да ги надминат своите маани, и учат да соработуваат заедно за побрзо да стигнат дома. Доказ е тоа што во текот на нивното патување успеваат, како прво, да преживеат, потоа да воспостават контакт со огромен број нови раси, да го изведат првиот лет на брзина WARP 10, да почнат движење за правата на холограмите, да спречат граѓанска војна на Q (и да ги поттикнат да се размножуваат) да го склучат првиот (краткотраен) сојуз со Боргите, да помогнат во внатрешното движење за отпор кај нив, и да спречат инвазија врз Земјата од страна на раса каква што не си ни замислуваат дека може да постои во Алфа квадрантот.
Како и нејзиниот претходник, Deep Space Nine, дали поради презаситеност, дали поради сомнителниот квалитет на некои од епизодите, Voyager не успеа да ги достигне високите рејтинзи на TNG, па затоа беше повеќепати соочена со откажување. Со враќањето на Боргите во четвртата сезона, продуцентите решаваат да го раскинат договорот со Jennifer Lien (Kes), и да ја земат Jeri Ryan (Seven Of Nine), со што успеваат да направат Voyager да трае колку TNG и DS9.
Друга работа по која оваа серија е позната на обожавателите е честото појавување на бројот 47, што се должи на тоа што професорот по математика на еден од продуцентите докажал на шега дека сите броеви се еднакви на 47. Така, од почеток докрај на серијата тие што ќе се потрудат ќе ги забележат 47ците секаде каде што има потреба од некој случаен број (само не претерувајте, бидејќи ако сте како мене ќе почнат да ви се гледаат и 47ки во вистинскиот живот).
За крај ќе ве оставам со препорака за најдобра епизода: «Year Of Hell». Ако мора да гледате само една епизода од Star Trek: Voyager, нека биде првиот дел од «Year Of Hell». А ако сакате да го видите целосно искористен комедискиот потенцијал на серијата, гледајте ја «Message In A Bottle».
Star Trek: Enterprise
уредиStar Trek: Enterprise е последниот серијал од Star Trek сагата. Траеше само четири сезони, по кои серијата беше прекината (2001—2005).
Дејството во Star Trek: Enterprise е сместено 100 години после Првиот контакт, односно неколку децении пред времето на капетанот Кирк.
Серијалот ги следи мисиите на првиот warp 5 брод, Enterprise NX-01, на чело со капетанот Џонатан Арчер. Останиот дел од екипажот го сочинуваат Вулканката Т’Пол, докторот Флокс кој е од расата Денобула, потоа Малколм Рид (armory officer), Травис Мејведер (helmsman), офицерот за комуникации Хоши Сато, Трип Такер како главен инженер итн.
Униформите се направени повеќе во некој НАСА стил, бидејќи дејството е блиско и до нашево време.
Интересно е во оваа серија што може да се види почетокот на некои научни достигнувања кои можевме да ги видиме во останатите серијали, потоа први контакти со некои вонземски раси… Тука се и Андоријанците, Вулканците и Клингонците и уште некои раси кои ни беа познати од претходните серијали. Интересно е тоа што во «Star Trek: Enterprise» е објаснета теоријата за исчезнувањето на браздите на челата на Клингонците. Пред тоа имаше многу теории за овој случај, но конечно тука е тоа «официјално» разрешено.
«Star Trek: Enterprise» беше повеќе од одлично ретропродолжение на оригиналните Star Trek серии, иако многу обожаватели реагираа за начинот на којшто беше претставена технологијата во овој серијал. Едноставно, беше далеку подобро изведено од она во оригиналната серија. Но сепак, оригиналните се снимани во 1966, додека Star Trek: Enterprise е од 2001. Иако дејството беше многу години пред дејството во оригиналната серија, целиот ентериер на бродот и технологијата која беше во Star Trek: Enterprise, изгледаше како да е 100 години по времето на капетанот Кирк.
Серијата официјално заврши на 13 мај 2005 година. Според многумина обожаватели, последната епизода од серијалот не беше најсоодветна, односно дека Star Trek Enterprise не заслужи таков крај. Иако обожавателите прават напори, со собирање средства, потпишување петиции, итн. за да ја вратат серијата на малите екрани, сѐ уште ништо.
Колкава е популарност на Стар Трек:
- Снимени се 756 епизоди од шест ТВ серијала - Оригиналната серија, од создадена Gene Roddenberry, емитувана е заа првпат Во периодот од 1966 до 1969 на NBC. - 10 филмова Снимени се тако комплетна заработка од 1 милијарда долари. - 3,5 милијарди долари се заработени од разни производи со логото на STAR TREK - Преко 60 софтвери се произведени од 1991, разни игри и платформи. - Првиот сатл на NASA бесе нарецен ENTERPRISE - Споке, лик кој го игра Leonard Nimoy, е мегју 50-те најпознати ликови на сите времиња.