Мегабајт
Мегабајт (од англ. megabyte) — содржател (изведена единица) на единицата бајт за складирање или пренос на дигитални податоци, и има две разни вредности во зависност од контекстот: 1048576 бајти (220) за сметачки складови (мемории);[1][2] и еден милион бајти (106, вид. претставката мега-) општо за складирање кај сметачите.[1][3] Одборот на IEEE одлучил дека „Мега ќе значи 1 000 000“, со исклучок на степенуваните значења на основа 2.[3] Во ретки случаи може да значи 1000×1024 (1024000) бајти.[3] It is commonly abbreviated as МБ[4], (MB) или Мбајт (Mbyte) (но не Мб или Mb, бидејќи тоа е симбол за мегабит).
Кратна на бајтовите | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Толкување
уредиПоимот „мегабајт“ најчесто се користи со значење 10002 бајти или 10242 бајти. Се јавил како компромисен технички жаргон за содржателите на бајтот што требале да се изразуваат степенувано на основа 2, но немале погоден назив. Бидејќи 1024 (210) е приближно на 1000 (103), што грубо земено одговара на SI-содржателите, ова почнало да се користи за бинарни содржатели. Кон крајот на 2007 г. владините служби и организациите за стандардизација како IEC, IEEE, ЕУ и NIST предложиле стандарди за бинарни претставки, со што се бара мегабајтот да значи точно 10002 бајти, а мебибајтот да значи 10242 бајти. Поради ова, сè поголем број на програмски проекти ги користат новите определници, но некои податотечни раководители сè уште ја прикажуваат големината на податотеките според бинарното толкување (10242 бајти). Поимот и понатаму е двосмислен, и може да се води по едно од следниве две значења:
- 1000000 бајти (10002, 106): Ова е значењето што го препорачува (систмеот SI) и Меѓународната електротехничка комисија (IEC).[3] Ова толкување се користи кај мрежите и највеќето носачи на податоци, особено тврди дискови, флеш-складови[5] и DVD-дискови, и е во согласност со другите примени на SI-претставката кај сметачите, како за честотни брзини или мерките за моќност. Податотечниот раководител Mac OS X 10.6 претставува истакнат приемер за примената на ова толкување во програмите. Почнувајќи од Snow Leopard, податотечната големина се изразува во декадни единици.[6]
- 1048576 bytes (10242, 220): Ова толкување најчесто се среќава кај сметачкото памтење, но највеќето програми што прикажуваат големина на податотеките или капацитетот на дискот (двигателот) (вклучувајќи ги податотечните раководители) исто така го следат ова толкување. Податотечниот раководител на Microsoft Windows е истакнат пример за ваквата употреба кај програмите.
- 1024000 бајти (1000×1024): This is used to describe the форматиран капацитет на 3,5-инчна дискета од „1,44 МБ“, која впрочем има капацитет од 1474560 бајти.
Полупроводничките памтила се удвојуваат во големина со секое додавање на адресен ред во секој пакет интегрални кола, и тука се претпочита изразувањето на величини на основа 2. Капацитетот на тврдиот диск е производ на големината на секој сектор, бројот на сектори по виуга, бројот на виуги по страна и бројот на диск-плочи во уредот. Промените во некој од овие фактори обично ја удвојуваат големината. Големините на секторите се утврдени по пат на удвојување (256 бајти, 512 бајти итн.) за полесна обработка. Затоа зголемувањето на дискот се изразува во содржатели на големината на секторите, давајќи мешавина од декадни и бинарни содржатели за изразување на капацитетот на дискот.
Примери за употреба
уредиЗависно од методот на збивање и податотечниот формат, мегабајт податоци може да биде:
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 The American Heritage Science Dictionary. Houghton Mifflin Company. 2005. Посетено на 22 декември 2009.
1. Единица за капацитет на складирање податоци во сметачкиот склад еднаква на 1.048.576 бајти (1.024 килобајти или 220) бајти. 2. Еден милион бајти. ... претставката „мега-“ честопати нема значење на 1.000.000 ... стапката од еден мегабит во секунда е еднаква на еден милион битови во секунда ...
- ↑ „Што се битови, бајти и други единици за мерење на дигитални информации? - База на знаења“. Универзитет на Индијана.
1 МБ е 1.024 килобајти, или 1.048.576 (1024x1024) бајти, а не еден милион бајти. ... Многу производители на тврди дискови го користат декадниот систем за изразување на складишниот капацитет. Затоа, 1 МБ се смета за еден милион бајти, 1 ГБ се смета за една милијарда бајти и така натаму.
Отсутно или празно|url=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Толкувања на единиците од системот SI: Бинарни претставки“. Национален институт за стандарди и технологија. Посетено на 22 декември 2009.
мегабајтот од 1 024 000 бајти се користи за форматирање на познатата дискета „1,44 МБ“ од 90 mm (3½ инчи)
- ↑ „Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија“ (PDF). Министерство за информатичко општество на РМ. стр. 22. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-11. Посетено на 17 ноември 2010. (македонски)
- ↑ SanDisk USB Flash Drive Архивирано на 13 мај 2008 г. „Напомена: 1 мегабајт (МБ) = 1 милион бајти; 1 гигабајт (ГБ) = 1 милијарда бајти.“
- ↑ „How Mac OS X reports drive capacity“. Apple Inc. 27 август 2009. Посетено на 16 октомври 2009. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Толкувања според Меѓународната електротехничка комисија (IEC) Архивирано на 3 април 2009 г. (англиски)
- Претставки и симболи за бинарни содржатели на Меѓународната електротехничка комисија (IEC) Архивирано на 15 јуни 2004 г. (англиски)