Ексабајт
Кратна на бајтовите | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Ексабајт (од англ. exabyte) е единица за податоци или складирање на сметачки податоци. Изведена е од SI-претставката „екса-“ и изнесува квинтилион бајти. Симболот на оваа единица е ЕБ (EB). кога се користи кај содржатели на бајтите, единицата означува степенување на основа на 1000:
- 1 ЕБ = 1.000.000.000.000.000.000 Б = 1018 бајти = 1 милијарда гигабајти = 1 милион терабајти
Поимот „ексбибајт“, кој има бинарна претставка, се користи за степенување на основа на 1024 бајти.
Начелно земено, еден 64-битен обработувач од обичен сметач може да адресира 16 ексбибајти, т.е. нешто над 18 ексабајти податоци.[1]
Употреба на ексабајтот
уредиОд март 2010[update] , вкупниот светски проток на податоци на интернет за тој месец изнесувал околу 21 ексабајти.[2] Од мај 2009[update]
збирното колчество на содржини на интернет е проценто на 500 милијарди гигабајти, или 500 ексабајти.[3]
Според студија на IDC под покровителство на EMC, во 2006 г. се создадени 161 ексабајти податоци, односно „3 милиони пати повеќе информации од вкупната содржина на сите книги напишани во историјата“. Овој број се очекува да достигне 988 ексабајти во 2010 г.[4][5][6]
Според CSIRO, во следната деценија се очекува астрономите секој час да обработуваат 10 петабајти податоци добиени од телескопот „Квадратнокилометарски строј“ (Square Kilometre Array, SKA).[7] Ова значи дека телекскопот ќе дава по еден ексабајт податоци на секои четири дена. Според IBM, овој проект ќе создава по еден ексабајт дневно. IBM моментално изработува програм кој би можел да ги обработува овие информации.[8]
Неколку податотечни системи користат формати на дискови кои теоретски поддржуваат големини од по неколку ексабајти. Вакви се Btrfs, XFS, ZFS, exFAT и NTFS.
Податотечниот систем ext4 поддржува количества до 1 ексабајт, но досегашните кориснички алатки сè уште не се способно да работат со вакви системи.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Кратка историја на виртуелното складирање и 64-битната адресност“. Посетено на 17 февруари 2007. (англиски)
- ↑ CISCO (англиски)
- ↑ „Податоците на интернет кон 500 наближуваат милијарди гигабајти“, The Guardian. 18 мај 2009. проверено на 23 април 2010 (англиски)
- ↑ Џон Ганц (мај 2008). „Подновено предвидување на порастот на податоците во светот заклучно со 2011 г.“. IDC. Архивирано од изворникот на 2009-04-28. Посетено на 20 април 2009. (англиски)
- ↑ Bree Nordenson (1 април 2009). „Преоптоварување! Битката за релевантност на новинарството во ера на премногу информации“. Columbia Journalism Review. Посетено на 20 април 2009. (англиски)
- ↑ Кетлин Паркер (декември 2008). „Исклучи, излези од фазон, намини“. Washington Post. Посетено на 11 април 2009. (англиски)
- ↑ „Од молекули до Млечниот Пат: справување со поплавата од податоци“. Архивирано од изворникот на 2011-09-26. Посетено на 10 ноември 2007.
- ↑ Телескопот SKA ќе дава податоци за обработка колку милијарда лични сметачи Архивирано на 31 октомври 2010 г. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Ексабајт - објаснување на whatis.com (англиски)