Кратна на бајтовите
Десетични
Вредност SI
1000 кБ килобајт
10002 МБ мегабајт
10003 ГБ гигабајт
10004 ТБ терабајт
10005 ПБ петабајт
10006 ЕБ ексабајт
10007 ЗБ затабајт
10008 ЈБ јотабајт
10009 РБ ронабајт
100010 КвБ кветабајт
Двоични
Вредност IEC Склад
1024 КиБ кибибајт КБ килобајт
10242 МиБ мебибајт МБ мегабајт
10243 ГиБ гибибајт ГБ гигабајт
10244 ТиБ тебибајт ТБ терабајт
10245 ПиБ пебибајт
10246 ЕиБ ексбибајт
10247 ЗиБ зебибајт
10248 ЈиБ јобибајт

Јотабајт (yottabyte, кратенка: YB или ЈБ; изведено од SI-претставката јота-) е единица за податоци или компјутерско складирање еднаква на септилион (еден квадрилион по долгата скала или 1024) бајти (еден квадрилион гигабајти). Во 2010 г. сè уште не постои систем што може да собере еден јотабајт податоци. Впрочем, збирниот капацитет на сите тврди дискови во целиот свет заедно не изнесува ниту еден јотабајт. Според едно истражување, во 2006 г. сите компјутери на светот заедно имаат капацитет од 160 ексабајти.[1] Проценето е дека во 2009 г. целиот интернет содржел близу 500 ексабајти.[2]

Кога се користи со бајтови содржатели, SI-претставката означува 1000-ти степен:

  • 1.000.000.000.000.000.000.000.000 бајти — 10008, или 1024

Поимот „јобибајт“ (YiB), каде што се користи бинарна претставка, се употребува за соодветниот содржател на 1024.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди