Петабајт
Кратна на бајтовите | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Петабајт (изведено од SI-претставката „пета-“) е единица за податоци или компјутерска меморија еднаква на еден квадрилион бајти, или (1000 терабајти или 1.000.000 гигабајти). Кратенката за оваа единица е PB (или ПБ). Самата претставка пета- (P) означува 1000-ти степен:
- 1 PB = 1.000.000.000.000.000 B = 10005 B = 1015 бајти.
Поимот „пебибајт“, со бинарна претставка пеби- (Pi) се користи за изразување на 10245 бајти.
- 1 PiB = 1.125.899.906.842.624 Б.
Петабајтите во употреба
уредиЕве некои примери за користење на „петабајти“ за изразување на количина на податоци во различни полиња:
- Историја: Според Кевин Кели од весникот „The New York Times“, „сите [пишани] дела на човештвото, од почетокот на запишаната историја наваму, на сите јазици“ можат да се складираат во 50 петабајти податоци.[1]
- Компјутерски хардвер: Базата на податоци Teradata 12 има капацитет од 50 петабајти компримирани податоци.[2][3]
- Телекомуникациски фирми: AT&T секој ден пренесуваат по 16 петабајти податоци низ нивните мрежи.[4]
- Архиви: Семрежниот архив (Internet Archive) содржи околу 3 петабајти податоци, и се проширува со стапка од околу 100 терабајти месечно (март 2009).[5][6]
- Интернет: Google обработува околу 20 петабајти податоци дневно.[7]
- Физика: 4-те експерименти на Големиот хадронски судирач ќе дадат 15 петабајти податоци годишно, кои ќе се дистрибуираат преку пресметковната решетка LHC Computing Grid.[8]
- P2P мрежи: Според податоци од месец октомври 2009, Isohunt има околу 9,76 петабајти податоци складирани во торенти кои се глобално индексирани.[9]
- Игри: World of Warcraft користи 1,3 петабајти за складирање на играта.[10]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Kelly, Kevin (14 мај 2006). „Scan This Book!“. The New York Times. Посетено на 2009-11-20.
- ↑ „Teradata Database 13.0 - Database Management - SQL Database“. Teradata.com. Архивирано од изворникот на 2010-04-26. Посетено на 2009-08-16.
- ↑ Paul Rubens (20 Sep 2004). „Thanks for memory (but I need more)“. BBC News.
Of course there's no such thing as a petabyte iPod, but the good news is that we may not have too long to wait for one. Hitachi Data Systems already sells a product called the TagmaStore Universal Storage Platform which can manage up to 32 petabytes of storage for the very largest corporations, so you'd have to conclude that a pocket-sized consumer version isn't out of the question in a decade or so.
- ↑ „AT&T- News Room“. Att.com. 2008-10-23. Посетено на 2009-08-16.
- ↑ „Internet Archive Frequently Asked Questions“. Archive.org. Посетено на 2009-08-16.
- ↑ Mearian, Lucas (19 март 2009). „Internet Archive to unveil massive Wayback Machine data center“. Computerworld.com. Посетено на 2009-08-16.
- ↑ „MapReduce“. Portal.acm.org. Посетено на 2009-08-16.
- ↑ „3 октомври 2008 - CERN: Let the number-crunching begin: the Worldwide LHC Computing Grid celebrates first data“. Interactions.org. Посетено на 2009-08-16.
- ↑ „isoHunt Forums :: View topic - 1.1 Petabytes of files on BitTorrent, network issues“. Isohunt.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-28. Посетено на 2009-10-04.
- ↑ Radd, David (18 септември 2009). „Blizzard Drops World of Warcraft Stat Bomb“. Industrygamers.com. Архивирано од изворникот на 2009-09-22. Посетено на 2009-09-18.