Килобајт (од англ. kilobyte) е содржател на единицата за дигитални податоци бајт. Според Меѓународниот систем на мерни единици (SI), претставкатакило“ значи 1000, па затоа 1 килобајт е еднаков на 1000бајти. Симбол на оваа единица е кБ[1] (kB) или кбајт (kbyte).

Кратна на бајтовите
Десетични
Вредност SI
1000 кБ килобајт
10002 МБ мегабајт
10003 ГБ гигабајт
10004 ТБ терабајт
10005 ПБ петабајт
10006 ЕБ ексабајт
10007 ЗБ затабајт
10008 ЈБ јотабајт
10009 РБ ронабајт
100010 КвБ кветабајт
Двоични
Вредност IEC Склад
1024 КиБ кибибајт КБ килобајт
10242 МиБ мебибајт МБ мегабајт
10243 ГиБ гибибајт ГБ гигабајт
10244 ТиБ тебибајт ТБ терабајт
10245 ПиБ пебибајт
10246 ЕиБ ексбибајт
10247 ЗиБ зебибајт
10248 ЈиБ јобибајт

Во некои полиња на информатиката е вообичаено под „килобајт“ се подразбираат 1024 (210) бајти .[2][3][4] Сите организации за стандардизација го сметаат ова за неисправно и го промовираат новиот систем на претставки утврден од Меѓународната електротехничка комисија, според кој вакво значење има кибибајтот, а пак „килобајтот“ има 1000бајти. Овој нов стандард сè уште нема најдено широка примена, особено поради постојаниот отпор во некои полиња на информатиката, каде новите претставки се сметаат за неестетски.[5][6]

Двосмисленост уреди

И покрај претставките утврдени по Меѓународниот систем на мерни единици, големината на килобајтот отсекогаш била двосмислена. Електронските кола за складирање на податоците имаат бинарна архитектура, што значи дека бројот на упатни места складирање се изразува со степен на основа 2, па така големината на складиштето не претставува целоброен содржател 1000, туку на 1024. Меѓутоа, бидејќи 1024 (210) е приближно на 1000, најзгодно било да се користи претставниот симбол к (кило), кој подоцна се одомаќинил. Од друга страна, постојат производи чии фактори на капацитет не можат да се изразат со степен на основа 2. Вакви се магнетните дискови (број на сектори и виуги) и мрежната опрема (битови стапки). За нив се користат строго децимални единици.

За децималните (деливи со 1000) и бинарните (деливи со 1024) вредности ги користат следниве претставки, зависно од контекстот:

  • 1000 бајти (103): Ова толкување го препорачуваат сите меѓународни организации за стандардизација како IEC, IEEE и ISO,[7] со кратенката „кБ“. Оваа единица наоѓа честа примена кај количините што не се засноваат на степен основа на 2, како битовите стапки. Исто така ова толкување наоѓа примена кај складишните Кратна на јадрото на Linux[8] и Mac OS X 10.6.[9]
  • 1024 бајти (210): Со оваа единица се изразуваат количини што се засноваат на степен со основа 2, како на пр. складишните чипови. Програмите како Microsoft Windows[10] исто така ги изразуваат капацитетите на складирање во 1024 бајти. Иако употребата на килобајтот за овој износ е доста присутна, овој пристап е строго забранет од системот SI[11] и другите организации за стандаризација. За количината „1024 бајти“, се препорачува единицата кибибајт (КиБ).[7][12] Меѓутоа JEDEC сепак ги користи претставките кило, мега и гига со бинарно значење.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Поимник на македонски зборови од областа на информатичката технологија“ (PDF). Министерство за информатичко општество на РМ. стр. 22. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-09-11. Посетено на 17 ноември 2010. (македонски)
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-06-25. Посетено на 2010-11-18.
  3. http://www.merriam-webster.com/dictionary/kilobyte
  4. [1]
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 2010-11-18.
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-02-19. Посетено на 2010-11-18.
  7. 7,0 7,1 IEEE Std 260.1-2004, IEEE - стандардни азбучни симболи за мерни единици (SI-единици, американско-британски единици и извесни други единици), Преработка на IEEE Std 260.1-1993 (IEEE, Њујорк, 2004) (англиски)
  8. Напис за јадрото на Linux во кој се најавува промената (англиски)
  9. „Како Mac OS X го изразува капацитетот на складишните уреди“. Apple Inc. 27 август 2009. Посетено на 17 октомври 2009. (англиски)
  10. http://support.microsoft.com/kb/90994
  11. Меѓународен систем на мерни единици (SI), VII издание, 1998, оддел 3.1, стр. 103, странична белешка
  12. Претставки за бинарни содржатели — NIST-ов прирачник за константи, единици и несигурност (англиски)