Greatest Hits: Back to the Start
Greatest Hits: Back to the Start е втората компилација со најголеми хитови на треш метал бендот Мегадет. Ова издание беше објавено во 2005 г. од издавачката куќа Капитол Рекордс. Изборот им беше препуштен на обожавателите, кои имаа можност да гласаат за нивните омилени песни на официјалното мрежно место на бендот. Сите песни кои се нашле на овој диск се дигитално преработени и со подобрена акустика.
„Greatest Hits: Back to the Start“ | ||||
---|---|---|---|---|
Компилација со најголеми хитови од Мегадет | ||||
Издаден | 28 јуни, 2005 | |||
Снимен | 1984-2000 | |||
Жанр | Треш метал, хеви метал, спид метал, хард рок | |||
Траење | 78:04 | |||
Издавачка куќа | Капитол, ЕМИ | |||
Мегадет — Хронологија | ||||
|
Албумот бил награден со златен сертификат од Американската музичка индустрија за достигнување тираж од 500 илјади копии. На омотот од албумот е прикажан јадрениот облак со форма на печурка наречен замокот Ромео, последица на американскиот јадрен тест од 1954 г. На оваа компилација се вклучени песни од сите дотогашни студиски албуми на Мегадет, со додаток на „Angry Again“ од музичкиот материјал наменет за акциониот филм „Last Action Hero“.
Насловот Back to the Start е извадок од песната „Rust in Peace...Polaris“ од истоимениот албум издаден 1990 г.
Список на песни
уреди- Holy Wars... The Punishment Due – 6:32
- In My Darkest Hour – 6:26
- Peace Sells – 4:02
- Sweating Bullets– 5:26
- Angry Again – 3:47
- À Tout le Monde – 4:25
- Trust – 5:12
- Kill the King – 3:42
- Symphony of Destruction – 4:06
- Mechanix– 4:21
- Train of Consequences – 3:30
- Wake Up Dead – 3:38
- Hangar 18 – 5:12
- Dread and the Fugitive Mind – 4:23
- Skin o' My Teeth – 3:15
- She-Wolf – 3:39
- Prince of Darkness – 6:28
Музички персонал
уреди- Дејв Мастејн - вокал и водечка/ритам гитара на сите нумери
- Марти Фридмен - гитара на нумери 1, 4-7, 9, 11, 13 и 15-17
- Крис Поланд - гитара на нумери 3, 10 и 12
- Ал Питрели - гитара на нумери 8 и 14
- Џеф Јанг - гитара на нумера 3
- Дејвид Елефсон - бас гитара на сите нумери
- Ник Менза - тапани на нумери 1, 4-7, 9, 11, 13 и 15-16
- Гар Семјуелсон - тапани на нумери 3, 10 и 12
- Џими Деграсо - тапани на нумери 8, 14 и 17
- Чак Белер - тапани на нумера 3
На ДВД изданието се прикажани инсерти од концерт на кој настапува поставата во следниов редослед: Дејв Мастејн, Дејвид Елефсон, Марти Фридмен и Џими Деграсо.