Ал Питрели
Ал Питрели (англиски: Al Pitrelli) е поранешен водечки гитарист на хеви метал групата Мегадет. Дошол по препорака на Џими Деграсо, со кого претходно соработувал во бендот на Алис Купер. Го заменил Марти Фридмен само 15 минути пред закажаниот настап во Ванкувер, на 16 јануари 2000 г. Следната година со Мегадет го снимиле албумот The World Needs A Hero, а по распаѓањето на бендот во 2002 година и тој си заминал по својот пат.[1]
Ал Питрели | |
---|---|
Ал Питрели на свирка | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 26 септември 1962 Њујорк, САД |
Жанрови | хард рок, хеви метал, треш метал, прогресивен рок, симфоничен метал |
Занимања | музичар, текстописец |
Инструменти | гитара |
Период на активност | 1982–денес |
Соработници | Мегадет, Danger Danger, Hotshot, Алис Купер, Џими Деграсо, Place Called Rage, Savatage, Транс-сибирски оркестар, O'2L, Widowmaker, Мајкл Болтон, T.M. Stevens, Вертекс |
Значајни инструменти | |
Gibson Explorer Gibson Les Paul |
Наводи
уреди- ↑ „Кариерата на Ал Питрели и негова биографија“. Архивирано од изворникот на 2007-01-18. Посетено на 2013-05-15.
Надворешни врски
уреди„Ал Питрели“ на Ризницата ? |
- Интервју со Ал Питрели на metal4bremen.de (германски) и (англиски)