Mechanix е песна на Мегадет од нивниот прв студиски албум Killing Is My Business... And Business Is Good!. Песната е напишана од страна на Дејв Мастејн, додека тој сѐ уште бил член на Металика.[1] Многу контроверзи и нејаснотии се поврзани со авторските права врз песнава, за која и двата бенда тврдат дека е нивна. Првата снимена верзија се нашла на демото No Life 'Til Leather на Металика, а оттогаш се објавени четири различни верзии на истата композиција.

„Mechanix“
Сингл од Мегадет
од албумот Killing Is My Business... And Business Is Good!
Издаден јуни, 1985
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен декември, 1984 & јануари, 1985
Жанр Треш метал, спид метал
Должина 4:25
Издавачка куќа Комбат
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Дејв Мастејн и Карат Фаје
Хронологија на синглови на Мегадет
Mechanix
(1985)
Wake Up Dead
(1986)
Дејв Мастејн, автор на песната

Познатите четири верзии се:

Верзијата на Металика

уреди

По заминувањето на Дејв Мастејн, преостанатите членови на Металика комплетно ја модифицирале песната. Вметнале акустичен мост помеѓу двете строфи, а Џејмс Хетфилд напишал и нов текст.[2] Под името „The Four Horsemen“, песната била вклучена на албумот Kill 'Em All како втора нумера, и покрај барањето на Мастејн да ја изостават. Сепак, му бил признат авторскиот придонес на Мастејн во создавањето на композицијата. Во оваа верзија, текстот говорел за Четворицата јавачи на Апокалипсата, а песната набргу станала омилена помеѓу обожавателите на Металика. Името на песната е воедно и еден од прекарите на бендот.

Според некои толкувања, песната обработува библиски мотиви, додека според други, Металика самите себеси се нарекуваат со името The Four Horsemen.[3] Песната на Металика не била објавена како сингл, но може дигитално да се симне од iTunes. Била изведувана на многу концерти, од кои најзапаметен ќе биде перфомансот во Сиетл, 1989 г. како дел од турнејата Damaged Justice. На ЦД-верзијата Клиф Бартон освен во улогата на басист, се појавува и како придружен вокал. Со оглед на промените на кои била подложена стандардната верзија, новосоздадената „The Four Horsemen“ била со времетраење од 7:13 минути.

Верзијата на Мегадет

уреди

Откако Мастејн го основал Мегадет, ја вметнал песната со оригиналниот текст на нивниот прв студиски албум Killing Is My Business... And Business Is Good!. Наместо првичниот наслов „The Mechanix“, песната едностано била именувана само како „Mechanix“. Текстот на Мастејн говорел за неговите сексуални имагинации на бензинска пумпа.[4] Оваа верзија е во многу побрзо темпо од онаа на Металика, со приближно 247 битови во минута. Мастејн обично ја најавува песната со следниве зборови:

Има два начина на кои можете да ја слушнете оваа песна. Постои „нивната“, но постои и „нашата“ верзија. За сите тие кои мислат дека нивната верзија е оригиналната, да ви повторам дека песната се вика „The Mechanix“

Дејв Мастејн, 2001 г.

Последната верзија која се наоѓа на компилацијата Greatest Hits: Back to the Start се разликува од онаа во снимена во 1984 г. по тоа што е исфрлено „Fuck Yeah“ кое се слуша во 3:07 минута. На дел од последните нивни настапи, членовите на Мегадет го свират солото од песнава како дел од други песни, најчесто „Holy Wars... The Punishment Due“ или „Peace Sells“.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди