Данела Арсовска

Македонски економист
(Пренасочено од Danela Arsovska)

Данела Арсовска [1] (родена на 20 декември 1979 година[2]) — македонски економист, активист, политичар и градоначалник на Град Скопје.

Данела Арсовска
Градоначалничка на Град Скопје
На должноста
Стапил
1 ноември 2021
Претходник Петре Шилегов
Лични податоци
Роден(а) 20 декември 1979(1979-12-20)(45 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Партија Нова алтернатива
Установа „Св. Кирил и Методиј“
Оксфордски универзитет
Шефилдски универзитет
Професија економист

Образование

уреди

Арсовска се стекнала со диплома по право на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Има магистратура по економија и извршно образование од Универзитетот во Оксфорд (2 дена онлај курс) и Универзитетот во Шефилд.

Таа држела низа академски и советодавни положби во Македонија и на меѓународно ниво, и држела предавања за развојни теми на универзитети и конференции. Арсовска течно зборува македонски, англиски, германски јазик, а зборува и бугарски и српски јазик.

Кариера

уреди

Во 2014 година, Арсовска била избрана за претседател на Македонските стопански комори — сојуз на национални стопански комори, промовирајќи економска соработка на национално и меѓународно ниво, врз основа на начелатана слободна трговија и фер конкуренција. Таа била назначена за претседател на Македонската унија на организации на работодавачи во 2015 година.

На национално ниво, Арсовска била претставник во Собранието на Република Македонија, Национален совет за европска интеграција од 2016 година. Таа била член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Македонија.

Политичка кариера

уреди

Во пресрет на локалните избори во Македонија 2021, Данела Арсовска ја истакнала својата кандитатура како независен кандидат за градоначалник на Скопје. Во брз рок го исполнила условот за кандидатура, собирајки ги потребните гласови за истата. Зад независната кандитатурата за градоначалник, таа добила поддршка од, во тој момент, најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери од албанскиот политички блок Алијанса за Албанците и Алтернатива[3][4], како и од голем број на познати скопски интелектуалци, уметници и видни граѓани.

Меѓународна кариера

уреди

Арсовска има неколку позиции на високо ниво во меѓународни меѓувладини организации и исто така има низа експертски позиции. Таа служила на панелот при Светската банка ICSID во Вашингтон, САД од 2016 година. Во 2017 година била назначена за членка на Судот за помирување и арбитража на ОБСЕ во Женева, Швајцарија, а исто така е и член на Судот на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Холандија од 2017 година.

Арсовска е македонски претставник во Меѓународната стопанска комора (МКС) и избрана членка на Генералниот совет во Светската федерација на комори.

Награди и признанија

уреди

Како признание за нејзината работа во 2018 година, Светскиот инвестициски форум за деловни ангели ја доделила на Арсовска наградата „Најдобар модел на деловна жена во Југоисточна Европа“.[5] Во 2019 година на 6-тиот Самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа, Арсовска беше наградена со Признание за нејзиниот посебен придонес во развојот на претприемништвото.[6] Во 2020 година Арсовска била наградена со сертификат за заслуга од Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, како признание за нејзиниот придонес во развојот на царината. Признанието го врачил генералниот директор на македонската царинска управа.[7]

Наводи

уреди
  1. „Economist Conferences - Greece“. www.hazliseconomist.com. Посетено на 10 December 2020.
  2. „Danela Arsovska – Skopje's New 'Independent' Mayor Owes Debt to Opposition“. Balkan Insight. 4 November 2021.
  3. „VMRO-DPMNE supports Danela Arsovska's run for Skopje mayor, says party leader“. MIA. 29 August 2021.
  4. „Данела Арсовска вели дека не е обврзана да поставува директори од Алијанса за Албанците“. Faktor. 17 December 2021.
  5. „THE BEST BUSINESS WOMAN ROLE MODEL OF SOUTH EAST EUROPE“. WBAF - World Excellence Awards 2018 (англиски). 6 April 2018. Архивирано од изворникот на 24 June 2021. Посетено на 10 December 2020.
  6. „ССК: Претседателката Арсовска наградена во Дубровник“. Denesen.mk. Посетено на 10 December 2020.
  7. „ССК со признание од Светската царинска организација“. Академик. 23 January 2020. Посетено на 10 December 2020.