75. западен меридијан
75. западен меридијан — меридијан со должина која се протега од Северниот Пол преку Северноледениот Океан, Северна Америка, Атлантскиот Океан, Карипско Море, Јужна Америка, Тихиот Океан, Јужниот Океан и Антарктикот до Јужниот Пол.
Средното сончево време на овој меридијан е основа за источниот часовен појас ( UTC-5 стандардното средно време).
Станиците што припаѓаат на Националната метеоролошка служба на САД започнуваат да поднесуваат временски извештаи кога средното сончево време на овој меридијан е 8:00 часот. Извештајот за временската сосотојба завршува 30-40 минути подоцна и податоците се користат за да се создаде временска прогноза за тековниот ден.[1]
75. западен меридијан образува голема кружница со 105. источен меридијан.
Места
уредиПочнувајќи од Северниот Пол и упатувајќи се на југ кон Јужниот Пол, 75. западен меридијан поминува низ: