6 декември (настани)
шаблон на Викимедија
1768 | Објавено е првото издание на „Енциклопедија Британика“. |
1897 | Лондон станал првиот град во кој таксистите добивале дозволи за работа. |
1917 | Објавена е независноста на Финска. |
1917 | Во Експлозијата во Халифакс, во Канада, предизвикана од судир на бродови со муниција, загинале над 1900 луѓе и бил уништен поголем дел од градот. |
1929 | Во Република Турција, жените беа изедначени со мажите во поглед на правото на глас. |
1941 | Почна контраофанзивата на силите на Црвената армија против германските сили на фронтот пред Москва. На фронтот, широк 300 километри, беа пробиени германските линии. Нацистичките девизии беа прегазени или опколени, а подоцна разбиени. |
1991 | Распаѓање на СФРЈ: Во Хрватска, единиците на ЈНА го бомбардирале Дубровник по шестмесечна опсада. |
2015 | Во Ерменија одржан референдум, на кој народот изгласал земјата да стане парламентарна република, заменувајќи го доготашниот полупретседателски систем. |
2021 | Карл Нехамер станува канцелар на Австрија. |