Канцелар на Австрија

шеф на влада на Република Австрија

Сојузен канцелар (германски: Bundeskanzler, понекогаш скратено само Kanzler) — шеф на владата на Австрија. Во својство на претседавач на сојузната влада, канцеларот ја претставува највисоката сојузна власт на извршната власт. Иако формално сите членови на Владата имаат иста моќ, канцеларот се смета за најсилна функција во австриската политика и со тоа е де факто е предводник на државата. Неговото службено седиште е во Сојузното канцеларство.

Сојузен канцелар на Република Австрија
Bundeskanzler der Republik Österreich
Функционер
Карл Нехамер

од 6 декември 2021 г.
ЗвањеПревозвишеност
Членува воСојузна влада
Европски совет
СедиштеБалхаусплац 2
SeatВиена,  Австрија
НазначувачСојузен претседател на Република Австрија
Мандатнема
ПретходникМинистер-претседател на Цислајтанија
СоздаденаПрва австриска република
10 ноември 1920
Прв функционерКарл Ренер,
како Државен канцелар
30 октомври 1918
ЗаменикЗаменик канцелар на Австрија
Мреж. местоbundeskanzler.at

Историја

уреди

Употребата на терминот канцелар (Kanzler, изведен од латински: cancellarius) како шеф на средновековната функција „канцеларија“ може да се следи до IX век, кога во времето на кралот Лудвиг II Германски била основана функцијата Надканцелар (Erzkanzler), подоцна Царски канцелар (Reichserzkanzler), како висока функција во служба на Светиот римски цар.[1] Задачата обична била обавувана од принц-архиепископот на Мајнц како надканцелари на германските земји.

Во рамките на царската реформа, хабсбуршкиот император Максимилијан I во 1498 година се обидел да ја сруши верската моќ на Царскиот надканцелар (Reichserzkanzler) со посекуларна функција на Царски дворски канцелар (Hofkanzler), но двете функции се споиле. Исто така, имало периоди кога се правеле обиди за урамнотежување на царскиот апсолутизам со создавање на царски влади (Reichsregiment), но без успех.

Хабсбуршка монархија

уреди

Сепак, кога внукот на Максимилијан, Фердинанд I, го наследил како надвојвода на Австрија во 1521 година, неговиот постар брат царот Карло V (1519–1556) го назначил Мерчурино Гатинара како „Голем канцелар на сите поседи и кралства на кралот“ (Großkanzler aller Länder und Königreiche). Одвоената функција на австрискиот дворски канцелар се појавила како Österreichische Hofkanzlei околу 1526 година, кога Хабсбуршката монархија се издигнала со владеењето на Бохемија и Унгарија; меѓутоа повторно била споена со истоветната служба „царски дворски канцелар“ (Reichshofkanzlei) на Светото Римско Царство во 1559 година.

До битката на Бела Гора во 1620 година и задушувањето на бохемиската буна, царот Фердинанд II имал одвоени дворски канцеларства основани со цел зајакнување на единството на хабсбуршките поседи. Покрај бохемиското и унгарското канцеларство, основал служба „австриски канцелар“ во Виена, одговорен за Надвојводството Австрија (Горна и Долна Австрија) со териториите на Внатрешна Австрија и Тирол. Под водство на царот Леополд I (1658–1705) терминот повторно станал „дворски канцелар“ (Hofkanzler).[2]

 
Сојузното канцеларство на Балхаусплац, поранешното „Тајно судско канцеларство“ (Geheime Hofkanzlei)

XVIII век бил преовладан од принцот Венцел Антон Кауниц (1753–1792), кој бил канцелар на четворица хабсбуршки цареви од Марија Терезија до Франц II, со обете титули „дворски канцелар“ и „државен канцелар“. Бил наследен од Филип фон Кобенцл (1792–1793), кој бил распуштен од царот Франц II поради поделбата на Полска и бил наследен од Франц фон Туго (1793–1800). Канцеларството на Туго не ги преживеало австриските порази од Французите на битките кај Маренго и Хоенлинден во 1800 година и бил заменет од Лудвиг фон Кобенцл (1800–1805), братучед на неговиот претходник, кој бил распуштен по австрискиот пораз кај Аустерлиц во 1805 година.

Австриско Царство

уреди

Со подоцнежното укинување на Светото Римско Царство и основањето на Австриското Царство, Франц II абдицирал од поранешниот царски престол, но останал како цар Франц I на Австрија во 1806 година. Го заменил Кобенцл со Јохан Филип фон Стадион (1805–1809) претходната година, но неговата кариера била кратка и во 1809 година по уште еден австриски пораз од Наполеон кај Ваграм и подоцнежното понижување со Шенбрунскиот договор. Принцот Клеменс фон Метерних бил назначен од Франц I на функциите „дворски и државен канцелар“ (1821–1848). Меѓутоа, има мислење дека титулата „канцелар“ не била користена по оставката на принцот Кауниц во 1792 и 1821 година.[3] Бидејќи системот на Метерних станал синоним за неговите реакционерна политика, титулата „државен канцелар“ била укината по револуциите 1848 г.. Функцијата подоцна била именувана министер-претседател на Австрија, истоветна на премиер, со исклучок на грофот Фридрих Фердинанд фон Бојст (1867–1871)[2][4] титулата повторно се појавила во Германска Австрија по Првата светска војна во 1918 година, кога Карл Ренер бил назначен за „државен канцелар“ (Staatskanzler). Со донесувањето на австрискиот устав на 10 ноември 1920 година, моменталниот термин „сојузен канцелар“ (Bundeskanzler) бил воведен како шеф на извршната власт на Првата австриска република.

Назначување

уреди

Канцеларот е назначуван од страна на претседателот.[5] Во теорија, претседателот може да назначи било кој избран во Националниот совет, односно секој Австриец со наполнети 18 години.[6] Всушност, канцеларот не може да управува ако тој или таа нема доверба од Националниот совет. Поради ова, канцеларот вообичаено е предводникот на најголемата партија во Националниот совет, или постар партнер во владејачката коалиција. Познат исклучок се случил по изборите во 1999 година. Слободарската партија освоила најмногу места и влегла во коалиција со Народната партија. Иако ова вообичаено значело дека предводникот на Слободарската партија, во случајот Јерг Хајдер, ќе стане канцелар, тој се сметал за преконтроверзен да биде дури и член на Владата, а не и нејзин предводник. Така, тука бил одбран предводникот на Народната партија, Волфганг Шусел.

Канцеларот нема ограничувања на мандатот. Како последица на уставот, канцеларот вообичаено ја нуди својата оставка на претседателот по распуштање на Националниот совет. Претседателот вообичаено ја одбива и му наредува на канцеларот да води преодна влада додека не се состане новиот Национален совет и не се појави мнозинство. Всушност, уставот го охрабрува претседателот да го користи канцеларот како негов привремен наследник.[7]

Канцеларот е вообичаено назначуван или распуштан заеднос со своите минитри. Технички, претседателот може да назначи само министри предложени од канцеларот, па така канцеларот е избиран прв. Откако ќе се заколне, канцеларот му го предложува својот список на министри; вообичаено се назначени неколку минути подоцна. Ниту канцеларите ниту министрите треба да бидат потврдени од двата дома на парламентот; назначените се целосно способни за распуштање на фукциите на нивните соодветни функции веднаш откако ќе се заколнат.[8]

Националнот совет може да го присили претседателот да го распушти канцеларот или некој од министрите преку изгласување недоверба. Претседателот уставно е обврзан да распушти член на Владата, ако се изгласа во Националниот совет.[9] Опозициските партии понекогаш поднесуваат барање за гласање на недоверба против минитри и целиот кабинет, со цел да покажат критика; овие барања не се очекуваат да поминат и скоро никогаш не поминуваат.

Улога и овласувања

уреди
 
Просторијата на Владата во Сојузното канцеларство.

Канцеларот ги води седниците на Владата. Уставот не му дава на канцеларот власт да издава наредби на министрите; неговата/нејзината улога се одликува како „прв меѓу еднаквите“ (primus inter pares).[10] Моќта на функциите да одредува политики делумно потекнува од наследениот углед, делумно од фактот што претседателот треба да ги отстрани министрите по барање на канцеларот[8] и делумно од положбата на канцеларот како предводник на партијата или коалицијата, која го контролира Националниот совет.

Повеќето членови на уставот во кои се спомнува функцијата на канцеларот се заверки на одлуки од претседателот или други различни уставни тела, со обезбедување дека тие одлуки се целосно претставени на општата јавност или со водство на различни делови на Владата. Канцеларот ги извршува следниве работи:

  • поднесува закони поминати од Националниот совет до Претседателот за потпишување;
  • преправа заверки на закони донесени од Претседателот;[11]
  • објавува закони;
  • објавува договори кои Република Австрија ги ратификувала;[12]
  • објавува одлуки на Уставниот суд кои менуваат закони или извршни наредби;[13]
  • ги објавува резултатите од претседателските избори;[14]
  • објавува промени во правилата прифатени од Сојузниот совет;[15]
  • преправа одлуки донесени од Националниот совет;[16]
  • објавува одлуки за војна;[16] и
  • ги известува покраинските влади за закони донесени од Националниот совет кои бараат нивна согласност за да станат службени закони.[17]

Канцеларот, исто така, заседава со Сојузниот совет ако Националниот совет го распушти претседателот од функцијата,[14] или ако Националниот совет му го укине имунитет на Претседателот од кривично гонење.[18] Во првиот случај, гласовите на Сојузниот совет дозволуваат референдум. Во вториот случај, согласноста на Сојузниот совет е задолжителна за да се укине имунитетот на претседателот.

На крај, канцеларот станува привремен претседател, ако претседателот не може да ја извршува функцијата.[19]

Список на канцелари на Австрија

уреди
 
Карл Ренер, австриски сојузен канцелар во периодот 1918–1920

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Interdisziplinärer Arbeitskreis Kurmainz und der Erzkanzler des Reiches“. Архивирано од изворникот на 2017-07-07. Посетено на 2016-04-09.
  2. 2,0 2,1 Cambridge Modern History vol xiii 1911. Books.google.ca. Посетено на 20 септември 2012.
  3. Kaisergruft: Metternich
  4. Österreich Lexikon 1966, Band 1
  5. Bundes-Verfassungsgesetz; член 70
  6. B-VG art. 26
  7. B-VG art. 71
  8. 8,0 8,1 B-VG art. 70
  9. B-VG art. 74
  10. B-VG art. 69
  11. B-VG art. 47
  12. B-VG art. 49
  13. B-VG art. 140
  14. 14,0 14,1 B-VG art. 60
  15. B-VG art. 37
  16. 16,0 16,1 B-VG art. 40
  17. B-VG art. 42a
  18. B-VG art. 63
  19. B-VG art. 64

Надворешни врски

уреди