26 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1689 | По наредба на австрискиот генерал Силвио Пиколомини, австриската војска го запали Скопје, кое гореше два дена. Австријците го запалија градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не беше запрена од огнот. За кусо време изгореа многу куќи, дуќани и други градежни објекти. Покрај загубите што му беа нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеа и умреа од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Силвио Пиколомини. |
1863 | Основан е Фудбалскиот сојуз на Англија. |
1905 | Шведска ја признала независноста на Норвешка. |
1911 | Прокламирана е Кинеската Република, но по 4 години повторно се вратила монархијата. |
1912 | Прва балканска војна: Грците го освоиле Солун, а Србите Скопје. |
1955 | Австрискиот Парламент го прифати Законот за постојана независност на земјата. Тој ден се прославува како национален празник на Република Австрија. |
1992 | Перуанскиот печат соопшти дека познатиот археолог Валтер Алва пронашол непозната група од 15 камени пирамиди, опкружени со населби чија старост се пронеценува на 35 векови. Новооткриениото археолошко наоѓалиште зафаќа површина од 3 км2 и се наоѓа на околу 60 километри од градот Чиклајо. |
1993 | Водачот на Црвените бригади, Марио Морети, во интервјуто дадено од неговата затворска ќелија, што го пренесуваше телевизискиот канал „РАИ 1“, призна дека го убил поранешниот премиер Алдо Моро. „Никогаш немаше да дозволам некој друг да го направи тоа. Тоа беше за мене и го извршив“, изјави Морети. |
1993 | Во Загреб е основано Хрватско-македонско друштво. |
2002 | Со упадот на специјалните сили во московскиот театар Дубровка, заврши заложничката криза во која од чеченски бунтовници два дена порано беа заробени над 900 гледачи. Загинаа 129 заложници и околу 40 бунтовници. |
2017 | Џасинда Ардерн станува премиер на Нов Зеланд. |