2А (скопска автобуска линија)

Линијата 2А е денска автобуска линија во Скопје која сообраќа од населбата Железара до селото Сарај, управувана од ЈСП Скопје. Таа е слична на линијата 2, со што 2А дополнително го покрива и порачјето на Железара и работи само дење, од 6 часот наутро до 17:25 попладне. Линијата трае околу 90 минути и застанува на 29 автобуски постојки.

Линија 2А
Преглед
ПревозникЈСП Скопје
Тип на линијаградска
Состојбасообраќа
Бр. на постојки29
Ноќнанема
Траса
ГрадСкопје
ПочетокСарај, Железара
КрајЖелезара, Сарај
Времетраење на кругот90 мин.
Сообраќање
Дневни часови06:00 - 17:25 ч.
Возен ред и податоци
Возен ред на линијата 2А со календар

Траса

уреди
Повеќе информации: 2 (скопска автобуска линија)

Линијата започнува во населбата Железара на автобуската постојка 562, сместена на раскрсницата меѓу улиците „Зеничка“ и „Коце Металец“, североисточно од парк-шумата Гази Баба. Од таму продолжува јужно по улицата „Коце Металец“ и повторно застанува на станицата 560 на раскрсницата меѓу улиците „Коце Металец“ и „Рударска“. Потоа повторно продолжува по „Коце Металец“, минува кај кружниот тек и застанува на улицата „16-та македонска бригада“ во близина на стадионот во Железара. Продолжува по „16-та македонска бригада“ и се приклучува на булеварот „Александар Македонски“ каде застанува кај Шумарскиот факултет. Од таму продолжува по истата траса како и линијата 2, завршувајќи на автобуската постојка 323 во Сарај и повторно назад по истата траса до Железара.

Надворешни врски

уреди