Мост „Обединети нации“ (Скопје)

Обединети нации претставува мост кој ја премостува реката Вардар и ги поврзува населбите Влае и Карпош 4 во гравниот град на Македонија, Скопје. Преку него поминува најфреквентната сообраќајница во градот - Булеварот Партизански одреди, по која секојдневно поминуваат илјадници автомобили и тешки товарни возила.

Обединети нации
Поглед на мостот „Обединети нации“
Носиавтомобили и пешаци
ПреминуваВардар
МестоСкопје, Македонија Македонија
Местоположба

Две ленти од Мостот Обединети нации биле изградени уште пред катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Сегашната форма ја добил во средината на шеесеттите години од минатиот век, кога се градел булеварот Партизански одреди. Официјално мостот е пуштен во употреба во 1967 година, а истиот официјално го посетил и У Тант на 30 август 1970 година. Во 2009 година мостот бил саниран и реконстриуран.[1]

Наводи

уреди
  1. „АСФАЛТИРАНА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА НА МОСТОТ "ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ"“. Град Скопје. 25 септември 2009. Отсутно или празно |url= (help)

Поврзано

уреди