Штедилница „Фулм“ — една од поголемите штедилници во Македонија која се занимава со давање финансиски услуги на населението. Таа е депозитна институција, која работи во согласност со Законот за банките. Штедилницата ФУЛМ се појавува на македонскиот финансиски пазар во 1999 година, кога за првпат во се воведува концептот на штедно-кредитната унија при што, со текот на времето, нејзиното членство достигнало 11 200 членови, кои ги користат нејзините услуги. Седиштето на штедилницата е на улицата бул. Св. Кирил и Методиј бр. 48, 1000 Скопје.

Филијали

уреди

Штедилница ФУЛМ располага со мрежа од шест филијали и еден шалтер: филијала Муртино во Струмица, филијала Полог во Тетово,, филијала Центар, филијала ЈСП Аеродром и шалтер ЈСП Автокоманда во Скопје, филијала Тиквешија во Кавадарци, филијала Битола во Битола.

Менаџмент

уреди
  • Елеонора Згоњанин Петровиќ, управител на Штедилница ФУЛМ,
  • Марта Ниничук, Кредитна унија САД,
  • Стево Андровиќ, Претседател на Управниот одбор на ЗГ ФУЛМ,
  • Зулфи Џафери, претседавач на ЕЦ на Штедилница ФУЛМ,[1]

Податоци

уреди

Штедилница ФУЛМ има вкупно 31 вработени. Штедилницата има дозвола да врши основни банкарски активности, прибирање штедни влогови и давање на кредити и нема забрана од НБРМ за вршење активности, согласно дозволата издадена од гувернерот на НБРМ.

Основниот капитал при уписот во Централен регистар изнесувал 48,853 милиони денари, а подоцна, основниот капитал достигнал 75,607 милиони денари. Сопствените средства се збир од основачкиот капитал, зголемувањето на основачкиот капитал по годишна пресметка, резервниот фонд и задржана добивка.

Основачкиот капитал изнесувал 68.965 илјади денари, зголемувањето на основачкиот капитал по годишна пресметка е 6.642 илјади денари и Резервниот Фонд изнесувал 14.795 илјади денари. Вкупниот износ на сопствените средства е 90,402 илјади денари.

Мисија

уреди

Штедилница Фулм е основана како кооперативна финансиска институција поседувана и управувана од членовите, покривајќи ги сите трошоци како и нудејќи им на своите членови висококвалитетни услуги кои се поефективни од услугите понудени од другите финансиски институции.

Здружението на граѓани застапува и развива принципи на задругарството преку колективна активност на своите членови, и со единствена цел за соработка и развој на идејата за штедно-кредитното задругарство во Македонија.

Визија

Со нашите финансиски услуги до поквалитетно живеење

Партнерски програми

уреди

WOOCU – Светскиот совет на кредитни унии ( WOCCU ) е водечка меѓународна трговска асоцијација и агенција за развој на кредитни унии во светски рамки. WOCCU го промовира виталниот развој на кредитни унии со цел да им влее самодоверба на луѓето низ целиот свет да напредуваат преку право на висококвалитетни, пристапни финансиски услуги.

УСАИД - Целта на проектот на УСАИД за рурални финансиски институции е да основа корисничко-сопственички штедно-кредитни институции кои ги прибираат домашните заштеди за реинвестирање во продуктивни кредити за руралните заедници.

MCUL – Во текот на 2003 година, Штедилница ФУЛМ воспостави Партнерски програм со Лигата на кредитни унии на Мичиген, САД. Целта на овој партнерски програм е реализација на обука на вработените, маркетинг активности, поддршка на активностите за модернизација на законската регулатива за други финансиски институции.

SKOK – На 4 април 2008 година и официјално е потпишан Договорот за соработка меѓу Здружението на Граѓани ФУЛМ од Македонија и Националната асоцијација на Кредитни унии од Полска. Целта на договорот е сестрана соработа помеѓу ФУЛМ и Асоцијацијата на Кредитни унии од Полска во нова фаза на заеднички активности кои се состојат во размена на знаење, реализација на заеднички проекти кои се однесуваат на пренесување на професионално, техничко и компјутерско знаење и проекти кои ќе бидат поддржувани од други меѓународни и владини организации.[2]

Видови кредити

уреди

Како една од главните функции на штедилниците се смета одобрувањето на кредити на физички лица и поединци. Штедилница ФУЛМ нуди разни видови на кредити и

  • Јубилејна кредитна програма
  • Кредит со залог (депозит, девизи и проценети златни предмети)
  • Кредит со залог златни предмети(рати),
  • Кредит за вработени лица со/без дополнителни приходи,
  • Кредит за невработени со дополнителни лични примања,
  • Кредит за студенти,
  • Work&Travel кредит
  • Кредит за пензионери,
  • Годишна кредитна програма DCA,
  • Кредит за земјоделци,
  • EASY Кредит

Видови депозити

уреди

Друга главна функција на штедилниците е прибирањето на денарски штедни влогови на физички лица. Во штедилница ФУЛМ ги има следниве видови депозити:

  • По видување,
  • Младински клуб на штедење,
  • Членски депозит,
  • Орочен депозит на 1 месец,
  • Орочен  депозити на 6 месеци,
  • Орочен  депозити на 7 месеци,
  • Орочен  депозити на 8 месеци,
  • Орочен  депозити на 9 месеци,
  • Орочен депозит на 12 месеци,
  • Орочен депозит на 14 месеци,
  • Орочен депозит на 16 месеци,
  • Орочен депозит на 18 месеци,
  • Орочен депозит на 24 месеци,
  • Орочен депозит на 36 месеци,
  • Орочен депозит на 48 месеци,
  • Орочен депозит на 60 месеци,
  • Јубилејни депозити
  • Депозит со доброволно штедење на 6 месеци,
  • Депозит со доброволно штедење на 12 месеци.

Финансиски показатели

уреди

Во текот на 2012 година, според ревидираните финансиски извештаи, Штедилницата ФУЛМ ги остварила следниве финансиски резултати од работењето:

  • Во текот на 2018 година, според ревидираните финансиски извештаи, Штедилницата ФУЛМ ги остварила следниве финансиски резултати од работењето:
    • Приходи од камата: 33.330.000 денари,
    • Расходи од камата: 5.227.000 денари,
    • Приходи од провизии и надоместоци: 7.905.000 денари,
    • Расходи за провизии и надоместоци: 441.000 денари,
    • Исправка на вредностa на финансиските средства: 2.608.000 денари,
    • Добивка за годината: 965.000 денари, Повеќе информации за финансиските показатели на следнит линк https://www.fulm.com.mk/izvestai/

Општествени активности

уреди

Согласно развојната политика Штедилница ФУЛМ има предвидено и воведување на концептот за заедничка одговорност и јавен сервис. Штедилница ФУЛМ постојано се интегрира во општествениот и културниот живот. Во тие рамки Штедилница ФУЛМ континуирано и активно ги вклучува своите вработени во средување и разубавување на просторот околу деловните простории на Штедилницата. Штедилницата континуирано поддржува и спортски активности на вработените кои вклучуваат: кошарка, куглање, пинг понг итн.

Наводи

уреди
  1. [1] Архивирано на 26 јули 2013 г. Менаџмент
  2. [2] Архивирано на 26 јули 2013 г. ФУЛМ

Надворешни врски

уреди