Шеснаесетти македонски корпус

Шеснаесеттиот македонски корпус на НОВЈ е формиран во првата половина на октомври 1944 година на Скопско-кумановска територија,[1] од 42-та и Кумановската дивизија. Прв командант на корпусот бил Петар Брајовиќ, а политички комесар бил Боро Чушкар. Овој корпус бил под непосредна команда на Главниот штаб на Македонија.

Команден состав

уреди

Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]

Борбени дејства

уреди

Корпусот дејствувал на териториите Велес-Скопје-Врање, Тетово-Скопје и Крива Паланка-Страцин-Куманово. Неговата 42-ра дивизија ги напаѓала германските сили кои се повлекувале од Грција, и посебно се истакнала во борбите кај Башино Село, Нивчани, Драчево, Зелениково. Од 3 септември до 4 октомври, заедно со Шестaта македонска ударна бригада од 48-та дивизија корпусот учествувал во чистење од балистите на подрачјето на планините Жеден, Сува Гора и Карлијак. Потоа го ослободила Велес на 9 ноември, а на 13 ноември заедно со 16-та македонска бригада од Кумановската дивизија, и со помош на вооружените жители на градот, го ослободиле Скопје.

Врз основа на наредба на Главниот штаб на Македонија од 6 декември 1944 година, корпусот е расформиран во првата половина на декември, а неговите единици формациски влегле во составот на Петнаесеттиот македонски корпус.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. 199-200

Литература

уреди
  • Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г.
  • Војна енциклопедија (книга деветта), Белград, 1975 година.