Чу (кинески: , ханју пинјин: Chǔ, старокинески: * s-r̥aʔ [2]) — вазална држава на династијата Џоу. Нивниот прв владетел бил кралот Ву од Чу во почетокот на 8 век пр. н. е. Чу се наоѓал на југот на Џоу и опстојувал во текот на раздобјето на пролетта и есента. На крајот на раздобјето на завојуваните држави, бил уништен од Ќин во 223 пр. н. е. за време на војните на Ќин за обединување.

Чу

*s-r̥aʔ
ок.  1030 пр. н. е. – 223  пр. н. е.
  Чу (楚)
ок. 350 пр. н. е.
Статус
  • Виконство (пред 704 пр. н. е.)
  • Кралство (704–223 пр. н. е.)
Главен град
Вероисповед
УредувањеМонархија
Историски периодДинастија Џоу
• Основано од Сјунг Ји
ок.  1030 пр. н. е. 
• Сјунг Тунг прогласен за крал
706 или 703  пр. н. е.
• Освоено од Ќин
 223  пр. н. е.
ВалутаСтара кинеска пара
Наследници
Династија Ќин

Исто така познат како Ѓинг () и Ѓингчу (荊楚), Чу го опфаќал поголемиот дел од денешните покраини Хубеј и Хунан, заедно со делови од Чунгќинг, Гуејџоу, Хенан, Анхуеј, Ѓангси, Ѓангсу, Џеѓанг и Шангај. Повеќе од 400 години, главниот град на Чу Данјанг се наоѓал на раскрсницата на реките Дан и Си [3][4] во близина на денешниот округ Сичуан, Хенан, но подоцна бил преселен во Јинг. Династијата Чу првично го носела презимето на храмот на предците Нај (OC: /*rneːlʔ/) што подоцна било пишувано како Ми (OC: /*meʔ/). Го носеле и презимето Јан (OC: /*qlamʔ/, /*qʰɯːm/) што подоцна ќе биде бележено како Сјунг (OC: /*ɢʷlɯm/).[5][6]

Историја

уреди

Основање

уреди

Според преданијата раскажани во Записите за големиот историчар Сема Ќен, владејачкото семејство на Чу потекнувало од Жолтиот цар и неговиот внук и наследник Џуансји. Правнукот на Џуансји, Вухуеј (吳回) бил задолжен за огнот од царот Ку и му ја дал титулата џуронг. Синот на Вухуеј, Луџонг (陸終) имал шест сина, сите родени со царски рез. Најмладиот, Ѓиљен, го зел презимето на предците Ми.[7] Потомокот на Ѓиљен Јусјунг бил учител на кралот Вен од Џоу (р. 1099–1050 г. пр. н. е.). Откако Џоу ја соборил династијата Шанг, кралот Ченг (р. 1042–1021 г. пр. н. е.) го наградил правнукот на Јусјунг, Сјунг Ји со феудот Чу во Нанјаншката Долина и наследната титула( , „виконт“). Првиот главен град на Чу бил основан во Данјанг (денешен Сичуан во Хенан).[7]

Западен Џоу

уреди

Во 977 г. пр. н. е., за време на неговиот поход против Чу, чамецот на кралот Џао од Џоу потонал и тој се удавил во реката Хан. По оваа смрт, Џоу престанал да се шири на југ, дозволувајќи им на јужните племиња и Чу да ја зацементираат сопствената автономија многу порано од државите на север. Виконтот на Чу, Сјунг Ќу, ја освоил Е во 863 година пр.н.е., а подоцна нејзиниот главен град Еџоу го направил една од неговите престолнини.[8] Во 703[9] или 706 година,[10] владетелот Сјунг Тунг станал владетел на Чу.

Раздобје на пролетта и есента

уреди

Луѓето од Чу се меки и слаби. Нивните земји се протегаат надалеку и нашироко, а владата не може ефективно да управува со тоа пространство. Нивните трупи се уморни и иако нивните формации се добро уредени, тие немаат ресурси долго да ги задржат своите позиции. За да ги победиме, ние мора да удриме брзо, неочекувано и брзо да се повлечеме пред тие да можат да возвратат. Ова ќе создаде нелагодност кај нивните уморни војници и ќе го намали нивниот борбен дух. Така, со упорност може да се победи нивната војска.

—Ву Ќи, Вуѕе

 
Слика со лак од гробницата Ѓингмен (кинески: 荊門楚墓; пинјин: Jīngmén chǔ mù) од државата Чу (704–223 пр. н. е.), која прикажува мажи кои носат претходници на ханфу (т.е. традиционален свилен фустан) и се возат во двокоњска кочија

За време на владеењето на кралот Џуанг, Чу го достигнал врвот на својата моќ и неговиот владетел се сметал за еден од петте хегемони од ерата. По голем број битки со соседните држави, некаде помеѓу 695 и 689 г пр.н.е., главниот град на Чу се преселил југоисточно од Данјанг во Јинг. Чу најпрво ја консолидирал својата моќ со припојување на други држави на нејзината првична област (модерен Хубеј), потоа се проширил на север кон Севернокинеската Рамнина. Во летото 648 пр. н. е., државата Хуанг била припоена кон државата Чу.[11]

Заради заканата од Чу се основале повеќе северни сојузи под водство на Ѓин. Овие сојузи го држеле Чу под контрола, а кралството Чу ја изгубило својата прва голема битка кај Ченгпу во 632 година пр. н. е. Во текот на 6 век пр. н. е., Ѓин и Чу воделе бројни битки за власт на централната рамнина. Во 597 пр. н. е., Ѓин била поразен од Чу во битката кај Би, што предизвикало привремена неспособност на Ѓин да се спротивстави на ширењето на Чу. Чу стратешки ја користел државата Џенг како нејзин претставник во средишното рамничарско подрачје, преку средства за заплашување и закани, Чу го принудил Џенг да се здружи со него. Од друга страна, Ѓин мораше да го урамнотежува влијанието на Чу со постојано поврзување со Лу, Веј и Сунг. Напнатоста меѓу Чу и Ѓин не се олабавила до 579 година пр. н. е. кога било потпишано примирје меѓу двете држави.[12]

На почетокот на шестиот век пр. н. е., Ѓин ја зајакнала државата Ву во близина на делтата Јангце за да дејствува како противтежа против Чу. Ву ја победила Чи, а потоа го нападнала Чу во 506 година пр. н. е. По битката кај Боѓу, таа го зазела главниот град на Чу, Јинг, принудувајќи го кралот Џао да побегне кај своите сојузници во Јун и „Суеј“. Кралот Џао на крајот се вратил во Јинг, но по друг напад од Ву во 504 година пр. н. е., тој привремено го преселил главниот град на територијата на поранешната држава Руо. Чу почнал да го јакне Јуе во модерен Џеѓанг за да му служи како сојузник против Ву. Јуе првично бил потчинет од кралот Фучај од Ву додека не го ослободил нивниот крал Гоуѓен, кој се одмаздил за неговото поранешно заробеништво со дробење и целосно припојување на Ву.

Раздобје на завојувани држави

уреди

Ослободен од тешкотиите со Ву, Чу го припоил Чен во 479 година пр.н.е. и го прегази Цај на север во 447 година пр. н. е. До крајот на 5 век пр. н. е., владата на Чу станала многу корумпирана и неефикасна, при што голем дел од државната каса се користел првенствено за плаќање на кралската придружба. Многу чиновници немале значајни обврски освен да земаат пари, а војската на Чу, иако била голема, била со низок квалитет.

Во доцните 390-ти пр. н. е., кралот Дао од Чу го поставил Ву Ќи за свој канцелар. во 389 година пр. н. е., реформите на Ву почнале да го менуваат Чу во ефикасна и моќна држава, бидејќи ги намалил платите на чиновници и ги отстранил бескорисните. Тој, исто така, донел градежен закон, за главниот град Јинг да изгледа помалку варварски. И покрај непопуларноста на Ву Ќи меѓу владејачката класа на Чу, неговите реформи го зајакнале кралот и ја направиле државата многу моќна до крајот на 4 век пр. н. е., кога Џао и Ќин биле во растечки развој. Моќната војска на Чу уште еднаш била успешна, победувајќи ги државите Веј и Јуе. Јуе била поделена помеѓу Чу и Ќи во 334 или 333 пр. н. е.[13] Меѓутоа, чиновниците на Чу не губеле време за да се одмаздат, па Ву Ќи бил убиен на погребот на кралот Дао во 381 година пр. н. е. Пред службата на Ву во државата Чу, Ву живеел во државата Веј, каде што неговата воена анализа на шесте спротивставени состојби била забележана во неговиот магнум опус, Книгата на мајсторот Ву. За Чу, тој рекол:

 
Бронза од гробот на Чу во округот Ксичуан .

За време на доцното раздобје на завојуваните држави, Чу бил под сè поголем притисок од Ќин на запад, особено откако Ќин ги донел и ги спровел правните реформи на Шанг Јанг. Во 241 г. пр. н. е., пет од седумте главни завојувани држави - Чу, Џао, Веј, Јан и Хан - основале сојуз за да се борат против растечката моќ на Ќин. Кралот Каоље од Чу бил именуван за водач на сојузот, а лордот Чуншен за воен командант. Според историчарот Јанг Куан, генералот на Џао, Панг Нуан (庞煖) бил вистинскиот командант во битката. Сојузниците го нападнале Ќин на стратешкиот превој Хангу, но биле поразени. Кралот Каоље го обвинил лордот Чуеншен за загубата и почнал да не му верува. Потоа, Чу го преселил својот главен град на исток во Шоучун, подалеку од заканата на Ќин.

Како што Ќин се проширила на територијата на Чу, Чу бил принудена да се прошири на југ и на исток, примајќи ги месните културни влијанија по патот. Лу бил освоен од кралот Каоље во 223 година пр. н. е. Меѓутоа, до крајот на 4 век пр.н.е., истакнатиот статус на Чу почнала да опаѓа. Како резултат на неколку походи предводени од Џао и Ќин, Чу на крајот бил целосно избришан од Ќин.

Пораз

уреди

Државата Чу бил целосно искоренета од династијата Ќин.

 
Бронзени ѕвона од гробница на маркизот Ји од Ѕенг, датирани во 433 година пр. н. е., држава Чу.

Според Записите на завојуваните држави, расправата меѓу стратегот Џанг Ји и генералот на Ќин Сема Цуо довела до два заклучоци во врска со обединувањето на Кина. Џанг Ји образложил дека освојувањето на Хан и преземањето на небесниот мандат од немоќниот крал Џоу, би било мудро. Сема Цуо, сепак, сметал дека примарна тешкотија не е легитимноста, туку силата на противниците на Ќин. Тој тврдеше дека „освојување на Шу е освојување на Чу“ и „штом Чу ќе биде елиминиран, земјата ќе биде обединета“.

Важноста на Шу во Сечуанската Котлина била нејзиното големо земјоделско производство и нејзината контрола над горниот тек на реката Јангце, што води непосредно во срцето на Чу. Кралот Хуејвен од Ќин се одлучил да го поддржи Сема Цуо. Во 316 г. пр. н. е., Ќин го нападнал и го освоил Шу и блискиот Ба, проширувајќи се по текот на реката во следните десетлетија. Во 278 г. пр. н. е., генералот на Ќин, Бај Ќи, конечно го освоил главниот град на Чу, Јинг. По падот на Јинг, владата на Чу се преселила на различни места на исток додека не се сместила во Шоучуен во 241 година пр. н. е. По масовна двегодишна борба, Бај Ќи ја намамил главната сила на Џао од 400.000 луѓе на теренот, опкружувајќи ги и принудувајќи ги да се предадат во Чангпинг во 260 г. пр. н. е. Војската на Ќин ги испоубила затворениците, отстранувајќи ја последната голема пречка за превласт на Ќин над другите кинески држави.

До 225 г. пр. н. е., останале само четири кралства: Ќин, Чу, Јан и Ќи. Чу се опоравила доволно за да направи сериозен отпор. Сепак, и покрај нејзината големина, ресурси и работна сила, корумпираната влада на Чу работела против тоа. Во 224 година пр. н. е., Јинг Џенг ги повикал на состанок своите поданици за да разговараат за неговите планови за инвазијата на Чу. Ванг Ѓен рекол дека инвазивната сила треба да биде најмалку 600.000, додека Ли Син сметал дека помалку од 200.000 луѓе ќе бидат доволни. Јинг Џенг им наредил на Ли Син и Менг Ву да ја водат војската против Чу.[се бара извор]

Војската на Чу, предводена од Сјанг Јан три дена и три ноќи тајно ја следела војската на Ли Син пред да започне ненадеен напад и да ја уништи. Откако дознал за поразот на Ли, Јинг Џенг него го заменил со Ванг Ѓен, ставајќи го Ванг на чело на армијата од 600.000 војници што претходно ја побарал, а Менг Ву го назначил за негов заменик. Загрижен дека тиранинот Ќин би можел да се уплаши од моќта што сега ја поседувал и да нареди да биде погубен под некој изговор, Ванг Ѓен за да го намали сомнежот на кралот постојано испраќал гласници кај кралот со цел да остане во врска.

Војската на Ванг Ѓен поминала низ јужниот дел на Чен (; денешен Хуајјанг во Хенан) и поставил логор во Пингју. Војските на Чу под водство на Сјанг Јан ја искористилке целата своја сила против логорот, но не успеале. Ванг Ѓен им наредил на своите трупи цврсто да ги бранат своите позиции, но да избегнат да напредуваат понатаму во територијата на Чу. Откако не успеала да ја намами војската на Ќин во напад, Сјанг Јан наредил повлекување. Ванг Ѓен ја искористил оваа можност да започне брз напад. Силите на Ќин ги следеле силите на Чу што се повлекувале во Ќинан (蕲南; северозападно од денешен Ќичун во Хубеј), а Сјанг Јан бил или убиен во борбите или извршил самоубиство по неговиот пораз. 

Следната година, во 223 г. пр.н.е., Ќин започнал уште еден поход и го зазел главниот град на Чу, Шоучуен. Кралот Фучу бил заробен и неговата држава била припоена.[14] Следната година, Ванг Ѓен и Менг Ву ја воделе војската на Ќин против Вујуе околу устието на Јангце, заробувајќи ги потомците на кралското семејство Јуе.[14] Овие освоени територии станале командерија Куајѓи на царството Ќин.

На својот врв, Чу и Ќин заедно исфрлија над 1.000.000 војници, повеќе од масивната битка кај Чангпинг помеѓу Ќин и Џао пред 35 години. Ископаните лични писма на двајца редовни војници на Ќин, Хеј Фу (黑夫) и Ѓинг (), раскажуваат за долготраен поход во Хуајјанг под водство на Ванг Ѓен. Двајцата војници напишале писма во кои барале набавка на облека и пари од дома за да опстанат при походот со долго чекање.[15]

Династии Ќин и Хан

уреди
 
Врв на копје од државата Чу

Населението на Чу во областите освоени од Ќин отворено не ги почитувало строгите закони и владеење на Ќин, како што е забележано во ископаните бамбусови ливчиња на администраторот на Ќин во Хубеj. Чу се стремела да го собори болниот јарем на владеењето на Ќин и повторно да воспостави посебна држава. Ставот бил доловен во кинескиот израз за непопустливо непријателство: „Иако Чу има само три рода,[16] Ќин сигурно ќе биде уништен од никој друг освен Чу“ (楚雖三戶, 亡秦必楚).[17]

Откако Јинг Џенг се прогласил себеси за прв цар (Ше Хуангди) и кратко владееше, луѓето од Чу и неговата поранешна владејачка куќа ги организирале првите насилни бунтови против новата управа на Ќин. Тие биле особено огорчени на кулукот. Народните песни ја бележат жалосната тага на семејствата Чу чии членови работеле во градбата Кинескиот ѕид на студениот север.

Востанието Дазесјанг избувнало во 209 година пр. н. е. Истото го задушила војската на Ќин, но поттикнало нов бран на други бунтови. Еден од водачите, Ѓинг Ѓу од Чу, се прогласил за нов крал на Чу. Ѓинг Ѓу бил поразен од друга бунтовничка сила предводена од Сјанг Љанг.Сјанг го постави Сјунг Син, потомок на традиционалното кралско семејство на Чу, на престолот на Чу под кралското име крал Хуај II. Во 206 година пр. н. е., по падот на царството Ќин, Сјанг Ју, внук на Сјанг Љанг, се прогласил себеси за „Хегемон-крал на Западен Чу“ и го унапредил кралот Хуај II во „цар Ји“. Потоа го убил Ји. Сјанг Ју потоа се борел против Љу Банг, уште еден истакнат бунтовник против Ќин, во долга борба за превласт над земјите на поранешната царство Ќин, која станала позната како борба Чу-Хан. Судирот завршил со победа на Љу Банг. Тој ја прогласил династијата Хан и подоцна бил почестен со името на храмот Гаозу, додека Сјанг Ју извршил самоубиство по поразот.

Љу Банг веднаш вовел потрадиционална и помалку наметлива управа од Ќин пред него, склучил мир со Сјунгну преку мешани бракови „хеќин“, ги наградил своите сојузници со големи феуди и му дозволил на населението да се одмори од вековните војни. Основните територии на Чу, сосредоточени во Пенгченг, му биле доделени прво на генералот Хан Син, а потоа и на братот на Љу Банг, Љу Ѓао, како Кралство Чу. До времето на царот Ву од Хан, јужната народна култура и естетика биле измешани со конфучијанската традиција спонзорирана од Хан и централното управување под влијание на Ќин за да се создаде посебна „кинеска“ култура.

Култура

уреди
 
Чувар на гробот.
 
Бронзена кука од државата Чу

Врз основа на археолошките наоди, културата на Чу на почетокот била доста слична со онаа на другите држави Џоу во сливот на Жолтата Река. Меѓутоа, како што ги освојувала земјите Бајјуе на југ и исток, следователно Чу ги примал домородните елементи и развил мешана култура во споредба со северните рамнини.

За време на раздобјето на Западен Џоу, разликата помеѓу културата на Чу и културата на државите на Средните Рамнини на север, била занемарлива. Во доцното раздобје на пролетта и есента, Чу културата почнува да се оддалечува, зачувувајќи некои постари гледишта на културата и развивајќи нови појави. Исто така, прима некои елементи од припоените области. Културата на Чу имала значителна внатрешна разновидност од месност до месност.[18] Чу, како Ќин и Јан, честопати бил опишан како не толку културен од луѓето во средните рамнини. Сепак, оваа слика потекнува од подоцнежниот развој на Чу во однос на средните рамнини, а стереотипот бил негуван од конфучијанските учени во династијата Ќин, за посредно да го критикуваат владејачкиот режим и династијата Хан како средство за ограничување на нивните идеолошки противници кои биле поврзани со такви културни практики.[19] Бидејќи основачот на династијата Хан бил од државата, културата Чу подоцна ќе стане основа на културата на подоцнежната династија Хан, заедно со онаа на династијата Ќин и другите претходни држави од раздобјето на завојуваните држави.[20]

Раните погребни подароци на Чу се состоеле првенствено од бронзени садови во стилот на Џоу. Свои одлики имаат и бронзените производи на државата Чу. На пример, бронзената „ѓин“ (жртвеничка маса) откопана од гробницата Чу во Сичуан, покраина Хенан има сложен облик. Датиран од средината на шестиот век пр. н. е., тој бил еден од раните потврдени артефакти од восок, откриени во Кина.[21] Подоцнежните гробници на Чу, особено за време на завојуваните држави, прикажувале посебни погребни предмети, како што се шарени лакирани садови, железо и свила, а со тоа дошло до намалување на бронзените садови како подароци.

Вообичаен мотив на Чу бил живиот приказ на дивиот свет, мистични животни и природни слики, како што се змии, змејови, феникси, тигри и облаци што слободно се движат и суштества слични на змии. Некои археолози шпекулираат дека Чу можеби имал културни врски со претходната династија Шанг, бидејќи многу мотиви што ги користеле Чу, како што се боговите со змиска опашка, биле претходно пронајдени на наоѓалиштата Шанг.

Друга вообичаена идеја на Чу бил обожавањето на гибони и други животни за кои се сметало дека имаат пожелни количини на ки.[22]

Подоцна Чу културата била позната по својот афинитет кон шаманите. Културата и владата на Чу го поддржала таоизмот[22] и изворниот шаманизам дополнет со некои конфучијански глоси на обредите на Џоу. Луѓето од Чу се поврзувале со богот на огнот Џуронг од кинеската митологија. Поради оваа причина, обожавањето на оган и црвената боја го практикувале луѓето од Чу.[23]

Натуралистичката и течна уметност, Песните на Чу, историските записи, ископаните документи на бамбус, како што се Лизгањата на Гуодијан и други артефакти, откриваат големо таоистичко и староседелско фолклорно влијание во културата на Чу. Склоноста кон духовен, често пријатен и декадентен начин на живот и довербата во големината на царството Чу довеле до неефикасност и можност тоа да биде уништено од безмилосната легалистичка држава Ќин. И покрај тоа што на царството Ќин му недостигале огромните природни ресурси и водните патишта на Чу, неговата влада под водство на ефикасниот министер Шанг Јанг, го максимизирала производството воведувајќи меритократија сосредоточена исклучиво на земјоделската и воената моќ.

Археолошките наоди покажуваат дека музиката на Чу била бележена поинаку од музиката во Џоу. Чу-музиката, била склона кон користење на различни изведувачки ансамбли, како и единствени инструменти. Во Чу, се претпочитал се пред цитерот, додека двата инструменти биле подеднакво претпочитани во северните држави Џоу.

Чу често бил во врска со другите народи кои живееле на југ од нив, особено со Ба, Јуе и Бајуе. Низ територијата на Чу биле откриени бројни гробници и погребни предмети во стилот Ба и Јуе, кои коегзистираат со гробниците и погребните предмети во стилот на Чу.

Некои археолошки записи за Чу се појавуваат во Мавангдуј. По династијата Хан, некои конфучијански учени сметале културата Чу нема вкус, критикувајќи ја „развратната“ музика и шаманистичките обреди поврзани со културата Чу.

Во Чу било развиено бојаџиството, особено на лакирани дрвени работи. Најмногу се користеле црвениот и црниот пигментиран лак. Ткаењењо свила исто така достигнало високо ниво на мајсторство, создавајќи лесни наметки со лелеави дизајни. Овие примери (како во Мавангдуи) биле зачувани во затрупани гробници каде што лакот не се лупел со текот на времето и во гробници запечатени со јаглен или бела глина.

Чу го користел калиграфското писмо наречено „Птици и црви“, кое било преземено од државите Ву и Јуе. Писмото има таков изглед што ги разубавува ликовите со мотиви на животни, змии, птици и инсекти. Ова е уште еден приказ на светот на природата и неговата живост. Чу произведувале широки бронзени мечеви кои биле слични на мечевите Вујуе, но не толку сложени.

Чу создал речен систем систем за превоз со чамци, зголемени со вагони. Истите се опишани во поединости во бронзените списоци со златна облога во врска со трговијата долж речните текови што се поврзуваат со оние на главниот град на Чу во Јинг.

Јазични влијанија

уреди

Иако бронзените натписи од древната држава Чу покажуваат мали јазични разлики од „елегантниот говор“ (yǎyán 雅言) што се говорел за време на раздобјето на источен Џоу,[24] разновидноста на старокинескиот јазик што се зборувал во Чу долго време се претпоставува дека ги одразувал лексичките заемки и синтаксички пречки од несинитски супстрати, кои Чу можеби ги стекнал како резултат на неговата преселба на југ во она што Тјан Ѓиџоу се верува дека е област Кра-Дај или (пара-) Хмонг-Мјен во јужна Кина.[25][26] Неодамнешните ископани текстови, поткрепени со дијалектни зборови запишани во Fangyan, дополнително покажале влијанија од супстратот, но постојат сопернички хипотези за нивната генеалошка припадност.[27] [28]

  • Невообичаено ранокинеско наречје, по потекло од север[29]
  • Австроазиски (Норман и Меи 1976, Болц 1999)
  • Хмонг–Мјен (Erkes 1930, Long & Ma 1983, Brooks 2001, Sagart et al. 2005) [30]
  • Кра-Дај (Лиу Ксингге 1988, Женгжанг Шангфанг 2005)
  • Тибето-бурмански (Џанг Јонгјан 1992, Џоу Џиксу 2001)
  • Мешавина од австроазиски, хмонг-мјенски и тибето-бурмански (Pullyblank 1983, Schuessler 2004 & 2007)
  • Непознат

Забележувајќи дека и 荆Jīng и 楚Chǔ се однесуваат на трнливото чесно дрво (родот Vitex), Schuessler (2007) предлага две австроазиски споредби:[31]

  • Chǔ < стар кинески * tshraʔ е споредлив со протомоничен * jrlaaʔ „трн, трнлив бамбус (додаден на имињата на трнливите растенија)“, Khmu /cǝrlaʔ/, Semai /jǝrlaaʔ/, сите произлегуваат од прото-мон-кмерски * „трн“;[32]
  • Jīng < стар кинески * kreŋ е споредлив со кмерскиот ជ្រាំង crĕəng „наежива“ и ប្រែង praeng „наежува“, при што кинеската почетна * k- можеби е претставка што образува именка.

Бирократија

уреди

Моао (莫敖) и лингјин (令尹) биле највисоките владини претставници на Чу. Сема бил воен командант на војската на Чу. Лингјин, моао и сема биле „сан гунг“ (三公) на Чу. Во раздобјето на пролетта и есента, биле додадени ѕуојин (左尹) и јоуујин (右尹) како потсекретари на лингјин. Исто така биле воведени помошници на сема (司馬) ѕуосема (左司馬) и јоусема (右司馬). Статусот на моао постепено се намалувал додека Ллнгјин и сема станале помоќни места на дворот Чу.[33]

Министрите чии функции се разликувале според нивните титули биле наречени јин (). На пример: лингјин (премиер), гунгјин (министер за работа) и џенјин сите завршуваат со наставката „јин“.[34] Шенјин (沈尹) бил министер за верски должности или првосвештеник на Чу, многубројните записи во Ѕуо Џуан укажуваат на нивната улога како пророци.[35] Други јини запишани во историјата биле: јујин, љанјин, ѓаојин, гунгѓијин, лингјин, хуанлие џи јин (командант на стражарите на палатата) и јуејин (министер за музика). Во окрузите и командериите, гунг (), познат и како сјанјин (министер на округот) бил главен администратор.[36]

Во многу случаи, позициите во бирократијата на Чу наследни ги имаа членовите на кадетската филијала на кралската куќа на Чу Ми. Моао, еден од тројцата канцелари на Чу, бил исклучиво избуран од родот Ку (). Во текот на раното раздобје на пролетта и есента и пред бунтот на Руо'ао, лингјин бил позиција што ја држеле Руоаосите, имено Доу () и Ченг ().[12]

Географија

уреди

Се вели дека прородителите на Чу, како што е виконтот Сјунг Ји, потекнуваат од планините Ѓинг; планинска верига која се наоѓа во денешната покраина Хубеј. Владетелите на Чу систематски ги иселувале државите припоени од Чу кон планините Ѓинг со цел поефикасно да ги контролираат. Источно од планините Ѓинг се планините Ту (). Во североисточниот дел на Чу се планините Дабје; разделниот слив на реките Хуај и Јангце. Првиот главен град на Чу, Данјанг (丹陽) се наоѓал во денешен Џиѓанг, покраина Хубеј. Јинг (), една од подоцнежните престолнини на Чу, е познат по неговото современо име Ѓингџоу. На северната граница на Чу се наоѓа планината Фангченг. Стратешки, Фангченг е идеална одбрана против државите во средната рамнина. Поради стратешката вредност, на планината Фангченг биле изградени бројни замоци.[12]

Јунменг Ѕе во рамнината Ѓангхан било огромно слатководно езеро кое историски постоело во царството на Чу, го поминувала реката Јанзи, северниот Јунменг бил наречен Менг (), јужниот Јунменг бил познат како Јун (). Телото на езерото покрива делови од денешните Џиѓанг, Ѓанли, Шишоу, Маченг, Хуанганг и Анлу.[12]

Превојот Шаоси бил важна точка на планинската западна граница на Чу. Се наоѓал во денешниот град Вугуан во округот Данфенг, Шенси. Сите сили што марширале од запад, главно од Ќин, до царството Чу морале да го поминат Шаоси.[12]

Список на држави кои подоцна станале дел од Чу

уреди
  • 863 пр. н. е. Е
  • 704 пр. н. е. Ќуен
  • 690 пр. н. е. Луо
  • 688–680 пр. н. е. Шен
  • 684–680 пр. н. е. Си
  • 678 пр. н. е. Денг
  • 648 пр. н. е. Хуанг
  • по 643 пр. н. е. Дао
  • 623 пр. н. е. Ѓанг
  • 622 пр. н. е. Љао
  • 622 пр. н. е. Лу ().[37]
  • по 622 пр. н. е. Руо
  • 611 пр. н. е. Јунг
  • 601 пр. н. е. Шуљао[37]
  • Некаде во 6. век пр. н. е. Џунгли[38]
  • по 506 пр. н. е. Суј
  • 574 пр. н. е. Шујонг
  • 538 пр. н. е. Lai (賴國)
  • 512 пр. н. е. Су
  • 479 пр. н. е. Чен
  • 445 пр. н. е. Ќи
  • 447 пр. н. е. Цај
  • 431 пр. н. е. Ѓу
  • по 418 пр. н. е. Пи
  • Околу 348 пр. н. е. Ѕоу
  • 334 пр. н. е. Јуе
  • 249 пр. н. е. Лу

Владетели

уреди
  1. Ѓиљан (季連), се оженил за Би Џуи (妣隹), внука на кралот Пангенг од династијата Шанг ; го зел презимето Ми () како име на предците
  2. Јингбо (🦀伯) или Фуџу (附沮), син на Ѓиљан
  3. Јусјунг (鬻熊), владеел во 11 век пр. н. е.: исто така наречен Суесјунг (穴熊), учител на кралот Вен од Џоу
  4. Сјунг Ли (熊麗), владеел во 11 век пр. н. е.: син на Јусјунг, прва употреба на името на родот Јан (), подоцна забележан како Сјунг ()
  5. Сјунг Куанг (熊狂), владеел во 11 век пр. н. е.: син на Сјунг Ли
Виконти
  1. Сјунг Ји (熊繹), владеел во 11 век пр. н. е.: син на Сјунг Куанг, навреден од кралот Ченг од Џоу
  2. Сјунг Аи (熊艾), владеел ок. 977 пр. н. е.: син на Сјунг Ји, го поразил и го убил кралот Џао од Џоу
  3. Сјунг Дан (熊䵣), владеел ок. 941 пр. н. е.: син на Сјунг Ај, го поразил кралот Му од Џоу
  4. Сјунг Шенг (熊勝), син на Сјунг Дан
  5. Сјунг Јанг (熊楊), помлад брат на Сјунг Шенг
  6. Сјунг Ку (熊渠), син на Сјунг Јанг, им ја дал титулата крал на неговите три сина
  7. Сјунг Канг (熊康), син на Сјунг Ку. Шиџи вели дека Сјунг Канг умрел рано без да се искачи на престолот, но „Тсингхуа бамбуслипс“ го запишале како наследник на Сјунг Ку.[39]
  8. Сјунг Жи (熊摯), син на Сјунг Канг, абдициран поради болест [39][40]
  9. Сјунг Јан (старешина) (熊延), пресуди ?–848 пр. н. е.: помлад брат на Сјунг Жи
  10. Сјунг Јонг (熊勇), владеел 847–838 година пр. н. е.: син на Сјунг Јан
  11. Сјунг Јан (помлад) (熊嚴), владеел 837–828 година пр.н.е.: брат на Сјунг Јонг
  12. Сјунг Шуанг (熊霜), владеел 827–822 година пр. н. е.: син на Сјунг Јан
  13. Сјунг Џун (熊徇), владеел 821–800 година пр.н.е.: најмладиот брат на Сјунг Шуанг
  14. Сјунг Е (熊咢), владеел 799–791 година пр. н. е.: син на Сјунг Џун
  15. Руоао (若敖) (Сјунг Ји 熊儀), владеел 790–764 година пр. н. е.: син на Сјунг Е
  16. Ксијао'ао (霄敖) (Сјунг Кан 熊坎), владеел 763–758 година пр. н. е.: син на Руоао
  17. Фенмао (蚡冒) (Xiong Xuan 熊眴) владеел 757–741 година пр. н. е.: син на Ксијао'ао
Кралеви
  1. Кралот Ву од Чу (楚武王) (Сјунг Да 熊達), владеел 740–690 година пр. н. е.: или помлад брат или помлад син на Фенмао, убиен син на Фенмао и узурпиран престолот. Се прогласил за прв крал на Чу.
  2. Кралот Вен од Чу (楚文王) (Сјунг Зи 熊貲), владеел 689–677 година пр. н. е.: син на кралот Ву, го преселил главниот град во Јинг
  3. Дуао (堵敖) или Жуанг'ао (莊敖) (Xiong Jian 熊艱), владеел 676–672 година пр. н. е.: син на кралот Вен, убиен од помладиот брат, идниот крал Ченг
  4. Кралот Ченг од Чу (楚成王) (Сјунг Јун 熊惲), владеел 671–626 година пр. н. е.: брат на Дуао, поразен од државата Ѓин во битката кај Ченгпу . Маж на Женг Мао . Тој бил убиен од неговиот син, идниот крал Му
  5. Кралот Му од Чу (楚穆王) (Сјунг Шангчен 熊商臣) владеел 625–614 пр. н. е.: син на кралот Ченг
  6. Кралот Жуанг од Чу (楚莊王) (Xiong Lü 熊侶) владеел 613–591 година пр. н. е.: син на кралот Му. Ја поразил државата Ѓин во битката кај Би и бил признат како хегемон .
  7. Кралот Гонг од Чу (楚共王) (Сјунг Шен 熊審) владеел 590–560 година пр. н. е.: син на кралот Жуанг. Поразен од Ѓин во битката кај Јанлинг .
  8. Кралот Канг од Чу (楚康王) (Сјунг Жао 熊招) владеел 559–545 година пр.н.е.: син на кралот Гонг
  9. Џиао (郟敖) (Сјунг Јуан 熊員) владеел 544–541 година пр. н. е.: син на кралот Канг, убиен од неговиот вујко, идниот крал Линг.
  10. Кралот Линг од Чу (楚靈王) (Сјунг Веи 熊圍, сменет во Сјунг Киан 熊虔) владеел 540–529 пр. н. е.: вујко на Џиао и помлад брат на кралот Канг, соборен од неговите помлади браќа и извршил самоубиство.
  11. Зиао (訾敖) (Сјунг Би 熊比) владеел во 529 година пр. н. е. (помалку од 20 дена): помладиот брат на кралот Линг, изврши самоубиство.
  12. Кралот Пинг од Чу (楚平王) (Xiong Qiji 熊弃疾, сменет во Xiong Ju 熊居) владеел 528–516 пр. н. е.: помладиот брат на Зиао, го измамил Зиао да изврши самоубиство.
  13. кралот Џао од Чу (楚昭王) (Xiong Zhen 熊珍) владеел 515–489 година пр. н. е.: син на кралот Пинг. Државата Ву го зазеде главниот град Јинг и тој побегна во државата Суеј .
  14. Кралот Хуи од Чу (楚惠王) (Сјунг Џанг 熊章) владеел 488–432 година пр.н.е.: син на кралот Џао. Ги освоил државите Цај и Чен . Една година пред да умре, Маркизот Ји од Зенг умре, па направи комеморативно ѕвоно и присуствуваше на погребот на маркизот во Суејжоу .
  15. Кралот Џијан од Чу (楚簡王) (Xiong Zhong 熊中) владеел 431–408 пр. н. е.: син на кралот Хуи
  16. Кралот Шенг од Чу (楚聲王) (Сјунг Данг 熊當) владеел 407–402 година пр. н. е.: син на кралот Џијан
  17. Кралот Дао од Чу (楚悼王) (Сјунг Ји 熊疑) владеел 401–381 година пр. н. е.: син на кралот Шенг. Тој го направи Ву Ќи канцелар и ја реформира владата и армијата на Чу.
  18. Кралот Су од Чу (楚肅王) (Сјунг Занг 熊臧) владеел 380–370 година пр. н. е.: син на кралот Дао
  19. Кралот Чуан од Чу (楚宣王) (Xiong Liangfu 熊良夫) владеел 369–340 пр. н. е.: брат на кралот Су. Ја поразил и ја анектирал државата Зуо околу 348 г пр. н. е.
  20. Кралот Веи од Чу (楚威王) (Сјунг Шанг 熊商) владеел 339–329 година пр. н. е.: син на кралот Џуан. Ја порази и ја подели државата Јуе со државата Чи .
  21. Кралот Хуај од Чу (楚懷王) (Сјунг Хуаи 熊槐) владеел 328–299 година пр. н. е.: син на кралот Веј, бил измамен и држен во заложништво од државата Ќин до смрт во 296 година. пр .н. е.
  22. Кралот Ќингсјанг од Чу (楚頃襄王) (Сјунг Хенг 熊橫) владеел 298–263 година пр. н. е.: син на кралот Хуаи. Како принц, еден од неговите постари учители бил погребан на местото на Гуодјен Чу Слипс во Хубеи . Главниот град на Чу, Јинг, бил заробен и отпуштен од Ќин.
  23. Кралот Каоље од Чу (楚考烈王) (Сјунг Јуан 熊元) владеел 262–238 година пр. н. е.: син на кралот Ќингсјанг. Преместен главен град во Шоучуен .
  24. Кралот Ти на Чу (楚幽王) (Сјунг Хан 熊悍) владеел 237–228 година пр. н. е.: син на кралот Каоље.
  25. Кралот Ај од Чу (楚哀王) (Сјунг Јоу 熊猶 или Сјунг Хао 熊郝) владеел 228 г. пр. н. е.: брат на кралот Ти, убиен од Фучу
  26. Фучу (楚王負芻) (熊負芻 Сјунг Фучу) владеел 227–223 пр.н.е.: брат на кралот Ај. Заробен од трупите на Ќин и сменет
  27. Лорд Чангпинг (昌平君) владеел 223 пр. н. е. (Чу освоен од Ќин): брат на Фучу, убиен во битка против Ќин
Други
  • Чен Шенг (陳勝) како крал Јин од Чу (楚隱王) владеел 210–209 година пр. н. е.
  • Ѓинг Џу (景駒) додека владеел кралот Ѓа од Чу 楚假王 (Ѓа за лажен) 209–208 пр. н. е.
  • Сјунг Син (熊心) како цар Ји од Чу (楚義帝) (првично кралот Хуаи II 楚後懷王) владеел 208–206 пр. н. е.: внук или правнук на кралот Хуај
  • Ксијанг Ју (項羽) како хегемон-крал на западниот Чу (西楚霸王) владеел 206–202 година пр. н. е.

Познати личности

уреди

Астрономија

уреди

Во традиционалната кинеска астрономија, Чу е претставен со ѕвезда во астеризмот „Дванаесет држави“, дел од лунарната палата „Девојка“ во симболот „ Црна желка “. Сепак, мислењата се различни за тоа дали таа ѕвезда е Фи [41] или 24 Јарец .[42] Таа е претставена и со ѕвездата Ипсилон Офиучи во астеризмот „Десен ѕид“ во заградениот простор „Небесен пазар“ .[43][44]

Биологија

уреди

Таксоните на вирусите Chuviridae и Jingchuvirales се именувани по Чу.[45]

Наводи

уреди
  1. „楚都丹阳“. Архивирано од изворникот на 2011-07-07.
  2. Baxter & Sagart (2014).
  3. „河南库区发掘工作圆满结束,出土文物已通过验收“. 合肥晚报. 2011-01-25. Архивирано од изворникот на 2011-07-11.
  4. „科大考古队觅宝千余件“. 凤凰网. 2011-01-25. Архивирано од изворникот на 2018-09-30. Посетено на 2011-02-17.
  5. Theobald, Ulrich. (2018) "The Regional State of Chu 楚" in ChinaKnowledge.de - An Encyclopaedia on Chinese History, Literature and Art
  6. Zhang, Zhengming. (2019) A History Of Chu (Volume 1) Honolulu: Enrich Professional Publishing. p. 46-47
  7. 7,0 7,1 Sima Qian. „楚世家 (House of Chu)“. Records of the Grand Historian (кинески). Архивирано од изворникот на 10 March 2012. Посетено на 3 December 2011.
  8. „Yu Ding: Evidence of the Extermination of the State of E during the Western Zhou Dynasty (禹鼎:西周灭鄂国的见证)“ (кинески). Архивирано од изворникот на 4 August 2012. Посетено на 23 October 2010.
  9. Lothar von Falkenahausen in Cambridge History of Ancient China, 1999, page 516
  10. Cho-Yun Hsu in Cambridge History of Ancient China, 1999, page 556
  11. „5.僖公 BOOK V. DUKE XI“. The Institute for Advanced Technology in the Humanities (кинески). Посетено на 28 March 2018. from Zuo zhuan, twelfth year of Duke Xi of Lu《左傳·僖公十二年》: "黃人恃諸侯之睦于齊也,不共楚職,曰,自郢及我,九百里,焉能害我。夏,楚滅黃。 'The people of Huang, relying on the friendship of the States with Qi, did not render the tribute which was due from them to Chu, saying "From Ying [the capital of Chu] to us is 900 li; what harm can Chu do to us?" This summer, Chu extinguished Huang."
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Gu, Donggao (1993). 春秋大事表. Zhonghua Book Company. стр. 940–945, 972, 1140, 2055–2066. ISBN 9787101012187.
  13. Brindley (2015).
  14. 14,0 14,1 Li and Zheng, page 188
  15. „The Warring States“ (кинески). Посетено на 4 October 2010.
  16. Traditionally taken to be the Qu (), Jing (), and Zhao ().
  17. Sima Qian.
  18. Constance A., Cook (1999). Defining Chu : Image and Reality in Ancient China. University of Hawaii Press. стр. 3, 21–22, 32, 168. ISBN 0824818857.
  19. Constance A., Cook (1999). Defining Chu: Image and Reality in Ancient China. University of Hawaii Press. стр. 1–4, 149, 151–165. ISBN 0824818857.
  20. Constance A., Cook (1999). Defining Chu : Image and Reality in Ancient China. University of Hawaii Press. стр. 140–150. ISBN 0824818857.
  21. Peng, Peng (2020). Metalworking in Bronze Age China: The Lost-Wax Process By Peng Peng. cambria Press. ISBN 9781604979626.
  22. 22,0 22,1 Walker, Hera S. (September 1998). „Indigenous or Foreign? A Look at the Origins of the Monkey Hero Sun Wukong“ (PDF). Sino-Platonic Papers. University of Pennsylvania. стр. 53–54.
  23. Lin, Qingzhang (2008). 中國學術思想研究輯刊: 二編, Volume 6. стр. 176. ISBN 9789866528071.
  24. Yù, Suíshēng (1993). Liăng-Zhōu jīnwén yùnwén he xiān-Qín 'Chŭ-yīn (2. изд.). Journal of Chuxiong Teacher's College. стр. 105–109.[мртва врска]
  25. LaPolla, Randy J. (2010-01-01). „Language Contact and Language Change in the History of the Sinitic Languages“. Procedia - Social and Behavioral Sciences. The Harmony of Civilization and Prosperity for All: Selected Papers of Beijing Forum(2004-2008) (англиски). 2 (5): 6858–6868. doi:10.1016/j.sbspro.2010.05.036. ISSN 1877-0428.
  26. Tian, Jizhou (1989). „Chuguo ji qi minzu (The country of Chu and its nationalities)“. Zhongguo Minzushi Yanjiu. 2: 1–17.
  27. Behr 2009.
  28. Chamberlain 2016.
  29. You Rujie 1992, Dong Kun 2006 etc.
  30. Ye, Xiaofeng (2014). „上古楚语中的南亚语成分 (Austroasiatic elements in ancient Chu dialect)“ (PDF). Minzu Yuwen. 3: 28–36. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-01-14. Посетено на 2023-09-25.
  31. Schuessler, Axel. 2007.
  32. Shorto, H. A Mon-Khmer Comparative Dictionary, Ed. Paul Sidwell, 2006. #205. p. 115
  33. 中國早期國家性質. Zhishufang Press. 2003. стр. 372. ISBN 9789867938176.
  34. Song, Zhiying (2012). 《左传》研究文献辑刊(全二十二册). Beijing: National Library of China publishing house. ISBN 9787501346158.
  35. Tian, Chengfang (Autumn 2008). „從新出文字材料論楚沈尹氏之族屬源流“. Jianbo(简帛). Архивирано од изворникот на 2015-02-06. Посетено на 2023-09-25 – преку 简帛网.
  36. Hong, Gang (2012). 财政史研究. 中国财政经济出版社.
  37. 37,0 37,1 Gongyang Zhuan, Duke Wen, 6th year of, Duke Xuan, 8th year of
  38. Anhui Provincial Institute (2015).
  39. 39,0 39,1 Ziju (子居). 清华简《楚居》解析 (кинески). jianbo.org. Архивирано од изворникот на 2 December 2013. Посетено на 10 April 2012.
  40. Note: Shiji calls him Xiong Zhihong (熊摯紅), and says his younger Xiong Yan killed him and usurped the throne.
  41. Activities of Exhibition and Education in Astronomy. "天文教育資訊網 Архивирано на {{{2}}}.". 4 Jul 2006. (на кинески)
  42. Allen, Richard.
  43. „Richard Hinckley Allen: Star Names – Their Lore and Meaning: Ophiuchus“. penelope.uchicago.edu. Посетено на 23 October 2015.
  44. AEEA. "天文教育資訊網 Архивирано на {{{2}}}.". 24 Jun 2006. (на кинески)
  45. Wolf, Yuri; Krupovic, Mart; Zhang, Yong Zhen; Maes, Piet; Dolja, Valerian; Koonin, Eugene V.; Kuhn, Jens H. „Megataxonomy of negative-sense RNA viruses“. International Committee on Taxonomy of Viruses (ICTV) (англиски). Архивирано од изворникот (docx) на 13 January 2019. Посетено на 12 January 2019.