Дао (држава)
Дао (кинески:道; пинјин: ) — кинеска вазална држава на династијата Џоу (1046 – 221 пр.н.е.) сместена во јужниот дел на округот Рунан, Хенан.
Држава Дао 道國/道国
|
||
---|---|---|
Главен град | Дао (Можно северно од денешниот округ Ќуешан, Хенан или јужно од округот Си, Хенан) | |
Уредување | Непознато |
Дао постоел во сенката на моќната соседна држава Чу, а бил контролиран од подеднакво моќната држава Чи. Сè додека војводата Хуан од Ќи бил жив и бил еден од петте хегемони, државата Ќи одржувала пријателски односи со Дао, како и со малите држави Ѓанг (江国), Хуанг и Бај (柏国). Кога војводата починал во 643 пр.н.е., избувнале граѓански немири во државата Чи, па државата Чу ја искористила оваа можност територијално да се прошири на север. Откако Чу ја приспоил нивната држава, луѓето од Дао биле преселени во местото наречено Ѓингди (地), сè додека кралот Пинг од Чу не се качил на престолот и го вратил Дао во рамките на неговата поранешна територија. Во одреден миг, Дао бил трајно уништен и припоен од Чу, но датумот на овој настан засега е непознат.
Литература
уреди- (на кинески) Yang Bojun, Annoted Zuozhuan