Џуансји (кинески: 颛顼, пинјин: Zhuānxū), познат и како Каојанг (高陽) е легендарен монарх на древна Кина.

Чуансји

Џуансји бил внук на Жолтиот цар, кој го водел кланот Ши во источна преселба кон денешен Шандунг, каде со меѓусебни женидби со кланот Дунгји кланот се зголемил а со тоа и нивиот територијален авторитет. На дваесет годишна возраст тој станал нивен владетел и владеел 78 години, сè до неговата смрт.

Тој придонел за здружен календар, астрологија, религиозни реформи против шаманизмот, го воздигнал патријархалниот (наместо дотогашниот матријархален) систем и забранил женидба помеѓу блиски роднини. Тој се смета за еден од Петте цареви.

Поврзано

уреди
Претходник
Жолт цар
Цар на Кина
2490 п.н.е.-2413 п.н.е.
Наследник
Ку