Чуетел Еџиофор
Чуетел Еџиофор,[2] ЗБИ, (/ˈtʃuːwɨtɛl ˈɛdʒi.oʊfɔr/;[3] роден на 10 јули 1977 г.)[2][4] — англиски глумец.[5]
Чуетел Еџиофор ЗБИ[1] | |
---|---|
Еџиофор на Сан Диего комик-кон интернешенел во 2016 година | |
Роден(а) | 10 јули 1977 Лондон, Англија |
Живеалиште | Лос Анџелес, САД |
Националност | Британец |
Занимање | Глумец |
Активен период | 1995–сè уште |
По запишувањето на националниот младински театар во 1995 година, и добивањето на стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметност, на 19-годишна возраст и поминати три месечни студии, Еџиофор бил избран од Стивен Спилберг да глуми споредна улога во филмот Амистад.[6]
Еџиофор е познат по улогите на Окве во Валкани слатки работи (2002), оперативецот во Серенити: Борба за иднина (2005), Лола во Откачени чизми (2005), Лук во Потомци (2006), Д-р. Адријан Хелмсли во 2012 (2009) и Д-р. Винсент Капур во Марсовец: Спасувачка мисија (2015). Тој го играл Соломон Нортуп во 12 години роб (2013), улога за која добил номинации за Оскар и Златен глобус, како и БАФТА награда за најдобар глумец. Во 2014 година тој бил номиниран за Еми награда за неговата изведба во серијата Играјќи на работ.[7]
Еџиофор е добитник на бројни награди и номинации за глума, вклучувајќи ги наградата БАФТА идна ѕвезда во 2006 година, пет номинации за Златен глобус, и театарската награда Лоренс Оливије за најдобар глумец за неговата изведба во Отело во 2008 година. Истата година, тој бил назначен за офицер на Редот на Британската Империја од Кралицата Елизабета II за придонеси кон уметноста.[8] Тој бил унапреден на заповедник во 2015 година.[9]
Рани години
уредиЕџиофор е роден во Лондон од нигериски родители.[10] Неговиот татко, Аринзе, бил доктор, а неговата мајка, Обиаџулу, била фармацевт. Неговата сестра, Заин Ашер, е дописник за СНН.[11] Во 1988 година, Кога Еџиофор имал 11 години, за време на семејно патување во Нигерија по повод свадба, тој и неговиот татко возеле за Лагос по прославата кога нивната кола се судрила директно со камион. Неговиот татко загинал, но Еџиофор преживеал. Тој бил тешко повреден, и заработил лузни кои сè уште се видливи на неговото чело.[12][13]
Еџиофор започнал да глуми во школски претстави на 14-годишна возраст на колеџот Далвич и се приклучил на националниот младински театар. Тој добил стипендија за Лондонската академија за музички и драмски уметност, но морал да ги напушти студиите по првата година, откако бил избран да глуми во филмот Амистад, режиран од Стивен Спилберг. Тој ја играл насловната улога во претставата Отело во театарот Блумсбјури во септември 1995 година, и повторно во кралскиот театар во Глазгов, во 1996 година, кога глумел наспроти Рејчел Стерлинг која била Дездемона.
Личен живот
уредиЕџиофор бил во врска со канадската глумица и модел Сари Мерсер.[14] Тој е пријател со глумците Бенедикт Камбербач[15] и Идрис Елба.[16] Во 2015 година, Еџиофор ја добил наградата „Global Promise“ од страна на фондацијата The GEANCO Foundation, непрофитна организација за социјална заштита во Западна Африка за неговата хуманитарна работа во Нигерија.[17]
На 12 септември 2016, Еџиофор, заедно со колегите Кејт Бланшет, Питер Капалди, Кит Харингтон, Даглас Бут, Нил Гејман, Кира Најтли, Џулиет Стивенсон, Џеси Ајзенберг, и Стенли Тучи, учествувал во видео од агенцијата за бегалци УНХЦР на ООН со цел да се зголеми свесноста за светската бегалска криза. Во видеото, со наслов "Што тие земале со себе", глумците читаат поема, напишана од Џенифер Токсвиг и инспирирана од основните профили на бегалците, и е дел од кампањата #WithRefugees на УНХЦР, која исто така вклучува петиција до владите да го зголемат бројот на потврдни азил барања, обезбедувајќи им на бегалците засолниште, можност за работа и образование.[18][19]
Филмографија
уредиФилм
уредиГодина | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
1997 | Амистад | Џејмс Ковеј | |
1999 | Точно време по Гринич | Рикс | |
2002 | Валкани слатки работи | Окве Ландер | |
2003 | Всушност љубов | Питер | |
2004 | Таа ме мрази | Френк Вилс | |
2004 | Црвена прашина | Алекс Мпондо | |
2004 | Мелинда и Мелинда | Елис | |
2005 | Четири браќа | Виктор Свит | |
2005 | Серенити: Борба за иднина | Оперативецот | |
2005 | Гори бавно | Тај Трипин | |
2005 | Откачени чизми | Симон/ Лола | |
2006 | Човек одвнатре | Детектив Бил Мичел | |
2006 | Потомци | Лук | |
2007 | Зборувај со мене | Девеј Хјуз | |
2007 | Американски гангстер | Хуеј Лукас | |
2008 | Црвен појас | Мајк Тери | |
2009 | Крај на играта | Табо Мбеки | |
2009 | 2012 | Д-р. Адријан Хелмсли | |
2010 | Солт | Пибоди | |
2013 | Савана | Кристмас Мултри | |
2013 | 12 години роб | Соломон Нортуп | |
2013 | Половина жолто сонце | Оденигбо | |
2015 | З за Закарија | Лумис | |
2015 | Марсовец: Спасувачка мисија | Винсент Капур | |
2015 | Тајна во нивните очи | Реј | |
2016 | Код 999 | Мајкл Етвуд | |
2016 | Доктор Стрејнџ | Карл Мордо / Барон Мордо | Постпродукција |
Телевизија
уредиГодина | Наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|
1996 | Смртоносно патување | Ибоу | ТВ филм |
2001 | Убиство во ум | ДС Мекоркиндејл | Епизода: "Teacher" |
2003 | Дванаесеттата ноќ | Орсино | ТВ филм |
2003 | Доверба | Ешли Картер | 6 епизоди |
2003 | Кантербериски приказни | Пол | Дел: The Knight's Tale |
2006 | Цунами: Последици | Ијан Картер | ТВ филм |
2007 | Поделба: Денот кога Индија изгоре | Раскажувач | |
2011 | Граница на темнината | Џона Габриел | 7 епизоди |
2013 | Играјќи на работ | Луис Лестер | 6 епизоди |
2013 | Фил Спектор | Обвинител | ТВ филм |
Наводи
уреди- ↑ Thomas, Kate (27 October 2015). „Royal seal of approval: 12 Years A Slave actor Chiwetel Ejiofor is appointed a CBE for services to drama by the Duke of Cambridge“. News release. London. Daily Mail. Посетено на January 10, 2016.
- ↑ 2,0 2,1 „BFI | Film & TV Database | EJIOFOR, Chiwetel“. Ftvdb.bfi.org.uk. 16 April 2009. Архивирано од изворникот на 2013-11-03. Посетено на 31 October 2012.
- ↑ „Chiwetel Ejiofor“. inogolo.com. Посетено на 31 October 2012.
- ↑ born in 1977, as stated by Ejiofor at http://www.youtube.com/watch?v=l_UDXHRlCRs, at 9:30 mark
- ↑ „Columbite Tantalite: a film that fuses Congo's past and present struggles“. The Guardian. UK. Посетено на 11 December 2013.
- ↑ „A Season in the Congo: interview with Chiwetel Ejiofor“. The Telegraph. UK. Посетено на 9 July 2013.
- ↑ „2014 Emmy Awards: 'Game of Thrones,' 'Fargo' Lead Nominations“. variety. Посетено на 25 March 2015.
- ↑ „'Kinky Boots' actor Chiwetel receives OBE from Queen“. Hello. UK. Посетено на 19 December 2008.
- ↑ „2015 Queen's Birthday Honours“ (PDF). The London Gazette. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-06-20. Посетено на 2016-09-19.
- ↑ Hattenstone, Simon (10 July 2004). „The rainbow's end Arts“. The Guardian. London.
Life, he says, was always precarious for his parents in Nigeria – they belonged to the Christian Ibo tribe...
- ↑ Danny Walker (17 January 2014). „Oscars: Watch Chiwetel Ejiofor's sister Zain Asher cry on live TV following Oscar nomination - Mirror Online“. mirror.
- ↑ Raphael, Amy. "Almost famous", The Guardian, 3 November 2002. Retrieved 9 July 2007.
- ↑ Husband, Stuart (11 November 2007). „Chiwetel Ejiofor: it's always the quiet ones...“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 16 January 2008. Посетено на 28 April 2010.
- ↑ „Seven Things You Didn't Know About 12 Years A Slave Star Chiwetel Ejiofor“. entertainment wise. Архивирано од изворникот на 2014-01-26. Посетено на 25 March 2015.
- ↑ „'Doctor Strange': Chiwetel Ejiofor Confirms His Appearance, Excited To Work With Benedict Cumberbatch“. IB Times. Посетено на 12 January 2016.
- ↑ „I love Idris Elba — we've been friends for 20 years, says rival award nominee Chiwetel Ejiofor“. Evening Standard. Посетено на 13 January 2016.
- ↑ Mannie Holmes (22 September 2015). „Chiwetel Ejiofor, David Oyelowo Talk Nigeria's Girls, Uzo Aduba & Diversity at Fundraiser“. variety.com. Посетено на 6 May 2016.
- ↑ „2016 Stories - #WithRefugees“ (англиски). Посетено на 2016-09-14.
- ↑ „What They Took With Them - #WithRefugees“ (англиски). 2016-09-07. Посетено на 2016-09-14.
Надворешни врски
уреди- Чуетел Еџиофор на Ризницата
- Чуетел Еџиофор на Семрежната филмска база на податоци (англиски)