Валкани слатки работи

Валкани слатки работи (англиски: Dirty Pretty Things) е британски филм, во режија на Стифен Фрирс. Главните улоги ги толкуваат: Чуетел Еџиофор и Одри Тату.

Одри Тоту на Канскиот филмски фестивал

Содржина

уреди

Окви е кардиолог од Нигерија, кој работи како рецепционер во еден евтин хотел во Лондон, заедно со турчинката Синај, која работи како собарка. Тие живеат тежок живот, бидејќи работат за мала плата и во страв да не ги открие полицијата. Кога Синај ќе биде отпуштена од хотелот, таа се вработува како шивачка во мала текстилна фабрика, каде е силувана од сопственикот, кој ѝ се заканува дека ќе ја пријави на полицијата. Хотелот, во кој се собираат трговци на дрога и проститутки, го води расипаниот господин Сники, кој е заплеткан во криминал. Окви дознава дека во хотелот се прават тајни операции на кои на емигрантите им се вадат внатрешните органи, кои потоа се продаваат. Еднаш, Сники бара од Окви да изврши една таква операција на срце. Окви се согласува, но со помош на своите пријателки, тој го оперира Сники.[1][2]

Наводи

уреди
  1. Антена, број 852, 24.10.2014, стр. 14.
  2. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 25.