12 години роб
12 години роб (англиски: 12 Years a Slave) — британско-американски историски филм од 2013 година, во режија на Стив Меквин, според сценариото на Џон Ридли, засновано врз истоимената книга на Соломон Нордап од 1853 година. Главните улоги ги играат: Чиветел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дејно, Гарет Дилахант, Мајкл Кенет Вилијамс, Брет Пит, итн. Филмот опишува вистински настани: Соломон Нордап, роден како слободен човек во државата Њујорк, во 1841 година бил грабнат во Вашингтон и продаден како роб, по што поминал 12 години во ропство, работејќи на плантажите во Луизијана. Филмот освоил три награди „Оскар“ (за најдобар филм, најдобра споредна улога и најдобро адаптирано сценарио) при што за првпат во историјата оваа награда ја освоил афроамерикански режисер. Исто така, филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар филм и две награди на БАФТА (за најдобар филм и најдобар глумец).[5] Првото научно издание на мемоарот на Нортап, издадено во 1968 од страна на Су Икин и Џозеф Логсдон, внимателно ги опишува и верифицира настаните во мемоарот за кои се смета дека се точни и прецизни.[6]
„12 години роб“ | |
---|---|
Постер за филмот | |
Режисер | Стив Меквин |
Продуцент | Бред Пит, Диди Гарднер, Џереми Клејнер, Бил Похлад, Стив Меквин, Арнон Милчен, Ентони Катагас |
Главни улоги | Чуетел Еџиофор, Мајкл Фасбендер, Бенедикт Камбербач, Пол Дејно, Пол Џијамати, Лупита Нјонго, Сара Полсон, Бред Пит, Алфри Вудвард |
Музика | Ханс Зимер |
Кинематографија | Шон Бобит |
Монтажа | Џо Вокер |
Студио | Summit Entertainment, Regency Enterprises, River Road Entertainment, Film4, Plan B |
Дистрибутер | Fox Searchlight Pictures (САД), Entertainment One (Обединето Кралство) |
Премиера | август 30 2013(Telluride Film Festival) ноември 8 2013 (САД) јануари 10 2014 (Обединето Кралство) |
Времетраење | 134 минути[1] |
Земја | Обединето Кралство, САД |
Јазик | англиски |
Буџет | [2][3] $18 милиони |
Бруто заработка | $172,036,000[4] |
Синопсис
уредиСоломон е слободен човек кому му е направена голема неправда: тој е грабнат, затоа што е Црнец и потоа е продаден како роб при што добива новот има - Плат. Така, тој поминува 12 години работејќи на плантажата за памук во Луизијана при што постојано се истакнува со својата дарба. Работејќи како роб, тој е принуден да ја трпи бруталноста на неговиот сопственик. Бидејќи е разделен од своето семејство, тој сонува да побегне и еден ден сонот му се остварува: на имотот каде што работи доаѓа дрводелец кој, иако е Белец, не го поддржува ропството. Плат го замолува да ги извести неговите пријатели и тие доаѓаат на имотот со потврда дека тој е слободен човек. Така, Соломон најпосле се враќа дома, каде во меѓувреме неговата ќерка се омажила и добила бебе кое го крстиле Соломон.[7]
Наводи
уреди- ↑ „12 YEARS A SLAVE (15)“. Fox Searchlight Pictures. British Board of Film Classification. February 19, 2014. Посетено на February 19, 2014.
- ↑ Cieply, Michael (October 28, 2013). „The International Fate of '12 Years': Steve McQueen's Film Is a Box-Office Test Case“. The New York Times. Посетено на October 29, 2013.
- ↑ Horn, John (March 4, 2014). „Oscars: '12 Years a Slave' puts spotlight on Hollywood's approach to race“. Los Angeles Times. Посетено на March 6, 2014.
- ↑ „12 Years a Slave (2013)“. Box Office Mojo. Посетено на March 23, 2014.
- ↑ HRT (пристапено ан 24.2.2018)
- ↑ doi:10.1353/cwh.1969.0065
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - ↑ HRT (пристапено на 24.2.2018)
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>