Чифлиџик
Чифлиџик (грчки: Στρυμονοχώρι, Стримонохори; до 1926 г. Τσιφλιτζίκ, Цифлиѕик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]
Чифлиџик Στρυμονοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°15.14′N 23°20.2′E / 41.25233° СГШ; 23.3367° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Валовишта |
Надм. вис. | 50 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 315 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 4 км западно од градот Валовишта, на почетокот на Серското Поле. Лежи на левиот брег на Струма, недалеку од јужното устие на Рупелската Клисура.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Чифлиџик бил чисто македонско село во Демирхисарската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чифлџик (Tchiflidjik) било село со 60 домаќинства сочинети од 195 Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Чифлиџик, 1⁄2 час на северозапад од Валовишта, близу до Струма. Рамно поле. 20 куќи само Македонци.[6][7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 80 жители, сите Македонци.[4][8]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. населението на Чифлиџик (Tchiflitchik) се состоело од 320 жители Македонци, сите под врховенството на Цариградската патријаршија.[9]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 208 жители, кои во 1920 г. нараснале на 329 жители.[3] Извесен дел од населението се преселило во Бугарија, а властите на негово место довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Стримонохори, во превод Струмско Село.[10] На пописот од 1928 г. Чифлиџик е претставен како мешано мештанско-дојденско село со 738 жители,[3] од кои 395 лица (102 семејства).[11]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Дурпак[12][13] | Ντουρπάκι | Сакули | Σακκύόλι[14] | месност ЈЗ од Чифлиџик по левиот брег на Струма[12] |
Ќоравдиво[15] | Κιόρ Όμπτί | Тифлон | Τυφλόν[14] | ниви Ј од Чифлиџик;[12] |
Буница[12] или Корница[14] | Κόρνιτσα | Апидиес | Άπιδιές[14] | месност ЈЈЗ от Чифлиџик[12] |
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 918 | 758 | 899 | 520 | 441 | 488 | 425 | 401 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 213–214. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 857.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
- ↑ Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ Serrai GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1045. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 169.