Читаклија

историско село во Штипско

Читаклија — историско село во Штипско, на границата со Општина Неготино.

Читаклија
Читаклија во рамките на Македонија
Читаклија
Местоположба на Читаклија во Македонија
Читаклија на карта

Карта

Координати 41°35′53″N 22°12′31″E / 41.59806° СГШ; 22.20861° ИГД / 41.59806; 22.20861
Регион Источен
Општина Штип
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО
Надм. вис. 265 м
Читаклија на општинската карта

Атарот на Читаклија во рамките на општината
Читаклија на Ризницата

Географија

уреди

Селото се наоѓало 15 км југозападно од Штип, во јужното подножје Конечка Планина (Серта), на 5 км југозападно од Хаџи-Сејдели.

Историја

уреди

Во XIX век Читаклија било турско село во Штипската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Читакли имало 150 жители Турци.[2]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го наведува Читакли (Čitakli) како село со нејасен етнички состав.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 10 до 25 Македонци.[4]

Родови

уреди

Читаклија било турско село.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото:

  • Доселеници: Ѓегалардар (4 к.), Коџа-Имерлер (7 к.), Шабанџик (1 к.), Коџа-Фератлар (1 к.) и Кучук-Сулолар (2 к.) стари доселеници од Турција, по потекло Јуруци.[5]

Иселеништво

уреди

Селото е раселено а највеќе иселеници има во Турција.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 232.
  3. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. . Радовановиќ, Воислав (1924). Тиквеш и Раец. Белград. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)