Чинар Фурнус или Чинар Фурнос (грчки: Πλάτανος, Платанос; до 1954 година: Τσινάφορο, Цинафоро, книжевно: Τσινάφορον, Цинафорон[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Гида, во Централна Македонија, Грција.

Чинар Фурнус
Πλάτανος
Чинар Фурнус is located in Грција
Чинар Фурнус
Чинар Фурнус
Местоположба во областа
Чинар Фурнус во рамките на Гида (општина)
Чинар Фурнус
Местоположба на Чинар Фурнус во општината Гида и областа Централна Македонија
Координати: 40°34′N 22°33′E / 40.567° СГШ; 22.550° ИГД / 40.567; 22.550
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругИматија
ОпштинаГида
Општ. единицаПлати
Надм. вис.&100000000000000070000007 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно630
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на девет километри јужно од градот Плати и три километри источно од селото Голем Алабор, на надморска височина од 7 метри.[3] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 13 квадратни километри.

Сместено е во областа Урумлак, југоисточно од градот Гида, на само осум километри оддалечено од морето.

Историја уреди

По Првата светска војна, во 1922 година во селото биле населени грчки бегалски. Во 1928 година, Чинар Фурнус било мешана населба со 25 бегалски семејства со вкупно 97 жители.[4]

Стопанство уреди

Обработливата почва е многу плодна и дава високи приноси, поради што главното занимање на населението е земјоделството. Населението произведува големи количества памук, грав, пченица, овошје и други земјоделски производи.[3]

Население уреди

Во 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Чинар Фурнус живееле 300 Грци христијани и 45 Роми.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чинар Фурнос (Tchinar-Fournos) живееле 300 Грци.[6]

Со пописот од 1913 година, селото било забележано со 200, а во 1920 година со 475 жители. По 1923 година, грчките власти тука населиле 25 бегалски семејства со вкупно 97 жители. Во 1928 година селото имао 543, во 1940 година 678, во 1951 година 730, во 1961 година 823, во 1971 година 855, во 1981 година 910, а во 1991 година 1.098 жители.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 806 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 630 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 678 730 823 855 910 1.098 806 630
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Плати со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гида, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Чинар Фурнус, во кој е единствено село.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσινάφορον -- Πλάτανος
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 28.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 141.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 220-221.

Белешки уреди