Четириношци
Четириношците (науч. Tetrapoda) се ‘рбетни животни со четири екстремитети. Во групата спаѓаат водоземците, влекачите, птиците и цицачите. Дури и змиите и другите безноги влекачи и водоземци по потекло се четириношци. Најраните четириношци еволуирале од резноперките во периодот Девон.[1] Денес четириношците сочинуваат предоминантен дел на фауната, вклучувајќи ги сите поголеми копнени животни. Некои групи дури му се имаат вратено на подводниот живот. Тука спаѓа најголемото животно во природата - синиот кит.
Четириношци Период: среден Девон - денес | |
---|---|
Четириношци од четирите денешни класи (по часовникот): жаба (водоземец), хоацин (птица), скинк (влекач) and глушец (цицач) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Хордови |
Поттип: | ’Рбетници |
Инфратип: | Вистински вилични ‘рбетници |
(нерангирано): | Целоусни |
Наткласа: | Четириношци Broili, 1913 |
Подгрупи | |
и вид. во текстот |
Биоразновидност
уредиЧетириношците се делат на четири класи: водоземци, влекачи, цицачи и птици. Нивната разновидност експоненцијално се зголемила со текот на времето: од една група водоземци во Девонот до илјадници видови денес. Главен двигател на општиот состав на биолошката разновидност во Палеозоикот биле водоземците, а во Мезозоикот биле влекачите. Разновидноста доживеала расцут во Кенозоикот со развојот на птиците и цицачите. Зголемувањето на разновидноста значело и сè поголемо групирање на животните. Првите четириношци живеел во крајводни средини и се хранеле претежно со риба. Денес на Земјата постои огромен број на четириножни животни присутни во најразлични средини и со најразличен начин на исхрана.[2]
Потекло
уредиЕволуцијата на овие животни почнува со разделувањето на ‘рбетниците на риби и четириношци.[3][4] Со ова четириношците постепено ги прилагодувале органите за движење и дишење во вода на копнен начин на живот, и тоа траело 56,8 милиони години колку што траел периодот девон.[5] Иако ова е една од најсуштинските еволутивни промени во историјата, овој процес е меѓу најдобро проучените благодарение на одличните фосили пронајдени во доцниот XX век како и напредоците во филогенетската анализа.[6]
Денешни четириножници
уредиСо големиот пресврт во фауната кон крајот на Мезозоикот, преостанале само шест групи на четириношци, кои содржат многу подргрупи што денес се изумрени:
- Мазни водоземци (Lissamphibia): жаби и крастави жаби, мрморци и дождовници и безноги водоземци
- Желки (Testudines): водни и сувоземни
- Лушпести гуштери (Lepidosauria): туатари, гуштери, двооди и змии
- Крокодиловидни (Crocodilia): крокодили, алигатори, кајмани и гавијали
- Нови птици (Neornithes) : денешните птици
- Цицачи (Mammalia)
Класификација
уредиВо продолжение е направена делумна таксономија на четириношците:
- колено Хордови (Chordata)
- класа Резноперки (Sarcopterygii)
- поткласа Четириноголики (Tetrapodomorpha)
- класа Резноперки (Sarcopterygii)
- наткласа Четириношци
- фамилија Elginerpetontidae
- фамилија Acanthostegidae
- фамилија Ichthyostegidae
- Hynerpeton
- фамилија Tulerpeton
- фамилија Crassigyrinidae
- фамилија Loxommatidae
- фамилија Colosteidae
- фамилија Whatcheeriidae
- фамилија Diadectidae
- Жаболики (Batrachomorpha) (напосредно над, под или излишни кај Водоземците)
- класа Водоземци (Amphibia)
- поткласа Тенко‘рбетни (Lepospondyli)
- поткласа Пресечно‘рбетни (Temnospondyli)
- поткласа Мазни водоземци (Lissamphibia) — жаби, дождовници
- надред Влекачолики (Reptiliomorpha) contains among others:
Поврзано
уреди- Геолошка скала
- Еволуција
- Шестношци
- Октопод (осумноги мекотели)
Наводи
уреди- ↑ Clack, J.A. (2002). Gaining ground: the origin and evolution of tetrapods. Bloomington, Indiana, USA.: Indiana University Press.
- ↑ Sahney, S., Benton, M.J. and Ferry, P.A. (2010). „Links between global taxonomic diversity, ecological diversity and the expansion of vertebrates on land“ (PDF). Biology Letters. 6 (4): 544–547. doi:10.1098/rsbl.2009.1024. PMC 2936204. PMID 20106856.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Long JA, Gordon MS (2004). „The greatest step in vertebrate history: a paleobiological review of the fish-tetrapod transition“. Physiol. Biochem. Zool. 77 (5): 700–19. doi:10.1086/425183. PMID 15547790. as PDF
- ↑ Benton 2005, стр. 76–80
- ↑ Zimmer, C. (1999). At the Water's Edge : Fish with Fingers, Whales with Legs, and How Life Came Ashore but Then Went Back to Sea. Free Press. ISBN 0684856239.
- ↑ Shubin, N. (2008). Your Inner Fish: A Journey Into the 3.5-Billion-Year History of the Human Body. New York: Pantheon Books. ISBN 978-0375424472.
Надворешни врски
уреди- Четириношци: Преглед со кладограми Архивирано на 13 февруари 2008 г. - Palaeos (англиски)
- Таксономска страница на четириношците - UCMP (англиски)
- Нови фосили ја пополнија празнината помеѓу водените и есувоземните животни Архивирано на 20 јуни 2020 г. - Ројтерс (англиски)