Црна Места
Црна Места (дијалектно: Черна Места, бугарски: Черна Места) — река во Разлошко (Општина Јакоруда), Пиринска Македонија, лева составница на реката Места. Долга е 23,3 км.[1] Се образува со слевањето на реките Софаница (Софан Дере) и Леевштица во клисурата Врви Секул[2], а како почеток се смета Софаница.
Црна Места Черна Места Черна Места | |
---|---|
Местоположба | |
Место | Разлошко, Пиринска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | меѓу врвовите Сивричал и Равни Чал, Источна Рила |
• координати | 42°10′40″N 23°44′45″E / 42.1778° СГШ; 23.7458° ИГД |
• надм. вис. | 2.434 м |
Устие | |
• место | р. Места, 5 км СИ од Јакоруда |
• координати | 42°02′07″N 23°42′37″E / 42.0353° СГШ; 23.7103° ИГД |
• надм. вис. | 941 м |
Должина | 23,3 км |
Големина на сливот | 164 км2 |
Проток | |
• просечен | 1,42 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Места→ Егејско Море |
Реката извира под името Ражавица на 2.434 м.н.в. на Источна Рила, меѓу врвовите Сивричал (2.641 м) на југ и Равни Чал (2.637 м) на север. До вештачкото езеро Белмекен тече на југ, а потоа на југозапад под името Софаница (Софан Дере), во тесна (до 60–80 м), стрмна и мошне пошумена долина со стрмни (30–40°) страни. Коритото е тесно и каменливо, со чакалесто–каменливо дно[3]. По вливот на Леевштица реката свртува на југ веќе под името Черна Места, со истите одлики на долината. Кај селото Черна Места долината се насочува кон југозапад, и 1,8 км по него, на 941 м.н.в. се слева со Бела Места и двете заедно го сочинуваат почетокот на самата река Места. Во овој последен дел коритото ѝ е поблаго (околу 30 м/км)[3], а долината ѝ се проширува, достигајќи 300–400 м.
Сливот на реката зафаќа 164 км2, што претставува 4,76 % од вкупниот слив на Места.
Главни притоки: → лева, ← десна
- → Куртовска Река
- ← Кардалица (Даутица)
- ← Леевштица
- → Ваклева Река
Средниот годишен истек кај селото Черна Места изнесува 1,42 м3/с. Поради големата висинска разлика на течението, Бела Места има два јасно изразени највисоки и најниски водостоја. Во високите предели најполноводна е во мај, а најслабоводна во февруари; во ниските предели тие се во април и септември. Средниот наклон на течението е многу голем 64,7 м/км. Средната надморска височина на сливот изнесува 1.595 м[2].
По течението на Черна Места има само едно населено место — селото Черна Места, наречено по неа.
Реката е проодна со низок степен на тешкотија (I–II категорија).[4]
Горното поречие е обраснато со кривул, муника, смрча, бел бор, а долното — со бука и даб[2].
Во 2003 г. е направено испитување за мала хидроцентрала, со што е утврден потенцијал од 1.350 киловати моќност и 5,9 гигават-часови струја годишно.[5]
По десниот брег на реката, од с. Черна Места до устието, на растојание од 2 км поминува дел од второкласниот пат II-84: Зв’ничево – Велинград – Мехомија (Разлог). Во истиот дел, напоредно на патот поминува и делница од теснолинејката Септември – Добриништа.
Во горното течение на реката, југозападно од вештачкото езеро Белмекен е изграден големиот спортски комплекс „Белмекен“ наменет за тренирање.
Поплавување
уредиВо 2005 г. реката се излеала од коритото, однесувајќи две масивни градби во с. Черна Места и ги поплавила пределите од устието до крајот на Општина Јакоруда, на подрачје долго 18 км и широко околу 50–60 м, загрозувајќи два моста со поткопани потпори[6]. Предизвикани се големи штети[7], прекривајќи десетици декари ници со камења, тиња и наноси. Ова ја загрозило земјоделското производство во регионот за следната 2006 г.
Топографска карта
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 535.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Община Якоруда – Възможности за развитие на екологичен и устойчив туризъм[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 Данни за водите в България – Места, Общи хидроложки данни Архивирано на 29 јуни 2007 г.
- ↑ Кану-каяк клуб „Арзус“ Стара Загора – Реки[мртва врска]
- ↑ Енергопроект – Хидроенергетика ООД – Малки ВЕЦ, Наводи[мртва врска]
- ↑ Народно Събрание на РБългария – Стенограма от пленарно заседание, сряда, 10 август 2005 Архивирано на 6 мај 2021 г.
- ↑ Риболовни новини – Поискаха спешно почистване на Черна Места[мртва врска]