Чарлс Брендон (Прв војвода од Сафолк)
Чарлс Брендон, прв војвода од Сафолк (1484 - 22 август 1545) — англиски благородник, син на Сер Вилијам Брендон и Елизабета Брун. Неговиот татко бил знаменосец на кралот Хенри VII од Англија и бил убиен од страна на Ричард III од Англија во Битката кај Босфорт. Чарлс Брендон бил еден од најблиските соработници на Хенри VIII од Англија. Починал на во 1545 година од непознати причини.
Војвода од Сафолк | |
---|---|
Чарлс Брендон, Војвода од Сафолк | |
Роден | 1484 |
Починал | 1545 (на 60–61 г.) Гилдфорд |
Погребалиште | Капела Свети Горги , Виндзорски замок |
Звање | Војвода од Сафолк |
Сопружник/ци | Маргарет Мортимер Ана Браун Марија Тјудор Кетрин Вилогби |
Деца | Ана Брендон Марија Брендон Хенри Брендон Лејди Френсис Брендон Лејди Еленора Брендон Хенри Брендон Хенри Брендон Чарлс Брендон |
Родители | Сер Вилијам Брендон Елизабета Брун |
Чарлс Брендон израснал во дворот на Хенри VII од Англија. Во 1513 година ја добил титулата началник на коњаницата. Во времето кога починал францускиот крал Луј XII во 1515 година, кој бил оженет со сестрата на Хенри VIII, Марија Тјудор, Чарлс бил испратен во Франција со цел да ја врати повторно во Англија. Пред да биде омажена за францускиот крал, Марија имала љубовна врска со Чарлс Брендон, па тој бил принуден од страна на англискиот крал дека нема да и предложи брак. Но и покрај тоа, тој се оженил тајно со Марија на 3 март 1515 во Франција. Ова, според законите, довело да тој биде осуден на погубување. Но, главно поради интервенцијата на Томас Вулзи и молбата на Марија да тој не биде убиен, кралот Хенри го помилувал. Во крајна сметка, кралот се согласил околу нивниот брак и официјално на 13 мај 1515 година тие се ожениле во дворецот Гринич. Од нивниот брак се родиле три деца: Хенри Брендон, Лејди френсис Брендон, мајка на Лејди Џејн Греј, и Лејди Елеонор Брендон.
Претходно Чарлс имал два брака со Ана Брендон и Марија Брандон. На 25 јуни 1533 година починала Марија Тјудор. Во септември истата година, Чарлс се оженил за Кетрин Вилогби, која имала само четиринаесет години. Со неа, тој имал два сина кои подоцна починале од чума.
Во следните години, Чарлс и кралот Хенри се приврзале во голема мера. По раѓањето на идниот крал, принцот Едвард во 1537 година, Чарлс Брендон му бил кум. Неговите последни години во животот тој ги поминал активно во политиката. Тој активно учествувал во процесот на распуштање на манастирите и црквите и конфискација на имотите на Римокатоличката црква во процесот на Англиската реформација. Со ова, тој како награда од страна на кралот добивал големи имоти. Честопати учествувал на забавите во кралскиот двор, на повик од кралот. Нему му била доделена работата да ја уапси неверната сопруга на Хенри, Катерина Хауард.
Чарлс Брендон починал ненадејно на 22 август 1545, по неговото враќање од француската инвазија. Пред да почине, тој се состанил со кралот, на кој му побарал мирен погреб. Ова било одбиено од страна на Хенри, кој наредил да се приреди раскошна церемонија и да биде погребан во капелата Свети Георги во Виндзорската палата.