Чарлс Брендон (Трет војвода од Сафолк)
Чарлс Брендон ( 1537 - 14 јули 1551) — англиски благородник, син на првиот војвода од Сафолк, Чарлс Брендон и неговата четврта сопруга Катерина Вилогби.
Неговиот татко претходно бил во брак со Марија Тјудор, сестра на англискиот крал Хенри VIII. По нејзината смрт, тој се оженил за Катерина Вилогби.
Во 1541, Чарлс Брендон и неговиот помлад брат Хенри биле насликани од страна на Ханс Холбајн Помладиот.
Хенри Брендон го наследил својот татко како Трет војвода од Сафолк на 22 август 1545 година. Тоју и неговиот брат се школувале во Универзитетот Свети Јован во Кембриџ. Во тоа време земјата била зафатена од страна на голема епидемија од која починале и двајцата синови на Чарлс во рок од само неколку часови.