Чаковец (Ресава)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Карта

Местоположба 41°23′30″N 21°59′54″E / 41.39167° СГШ; 21.99833° ИГД / 41.39167; 21.99833Координати: 41°23′30″N 21°59′54″E / 41.39167° СГШ; 21.99833° ИГД / 41.39167; 21.99833
Основни податоци
Место Ресава
Општина Кавадарци
Тип

Археомак 2.0 графички знак (населба).svg населба Археомак 2.0 графички знак (некропола).svg некропола


Период неолитско време
римско време
Портал „Археологија“

Чаковецархеолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Ресава. Претставува населба од неолитот и некропола од римско време.

МестоположбаУреди

Се наоѓа на околу 2 км источно од селото, од левата страна на патот за селото Дабниште, односно десно од Дабнишка Река. Претставува ридска височина чија јужна страна стрмно се спушта и има отворен поглед кон коритото на реката. На другите страни се надоврзува на слични височини меѓусебно поврзани или одвоени со суводолици. Всушност, Чаковец и неговата околина се дел од масивот на планината Кожуф што како гребен се спушта кон селото и Црна Река.[1]

Ископувања и наодиУреди

На врвот има нерамно плато, издолжено во правец север-југ, со простор од околу 6 хектари на кој се среќаваат фрагменти од неолитска керамика од поголема населба. Во 1986 г. Музејот на Македонија извршил пробно ископување при што во културниот слој од 2 м се утврдени два хоризонта на живеење.

Според типолошките карактеристики кај керамиката, во постариот хоризонт понагласено се присутни елементи од постариот неолит на Пелагонија, а во помладиот хоризонт елементи од постариот неолит на источна Македонија. Во источниот дел на наоѓалиштето се откриени надгробни стели и една урна.[1]

Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 158. ISBN 9989-649-28-6.