Црница (село)

историско село во Велешко

Црница[2] или Црници[3] — историско село во Прилепско, денес во атарот на Степанци, Општина Чашка.

Црница
Црница во рамките на Македонија
Црница
Местоположба на Црница во Македонија
Црница на карта

Карта

Координати 41°27′26″N 21°38′58″E / 41.45722° СГШ; 21.64944° ИГД / 41.45722; 21.64944
Регион  Вардарски
Општина  Чашка
Област Изворско
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 29073

Географија

уреди

Селото се наоѓало на Црничка Река, на излезот од превојот Присад на Бабуна. Лежело на патот ПрилепВелес (денешен Р1312), јужно од Степанци. Ѝ припаѓа на областа Изворско.[2]

Историја

уреди

Во XIX век Црница било село во Прилепската каза.

Турчинот Алија Абдулче од Црница на крајот на XIX век завладеал со подрачјето на превојот и ги тероризирал селата Степанци, Присад и Крстец. Убиен е од Глигор Соколов.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Црници имало 86 жители, сите Македонци христијани.[5][6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црница е чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[7]

На почетокот на XX век македонскоо население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Црници (Tzernitzi) имало 64 Македонци, сите под егзархијата.[5][8]

Личности

уреди
Починати во Црница
  • Димко К. Чавлев (? – 1905) — четник на ВМОРО, загинал во борба со Турци кај Црница[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Топографска карта ЈНА 1: 25.000.
  3. 3,0 3,1 „Списъкъ на падналитѣ и умрѣли борци за свободата на Македония и обединението на българското племе и тѣхни последователи въ Прилепъ и околията“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Издание на Илинденската Организация. XV (1 (151): 15. 1944. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  4. Трбић, Василије (1996). „Мемоари. Казивања и доживљаји војводе велешког. Књига друга“. Београд: 85. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 247. ISBN 954430424X.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 150–151.