Присадпланински превој на надморска височина од 1.098 метри. Тој ги спојува градот Велес, селото Извор и областа Клепа, со градот Прилеп и северниот дел на Пелагонија, од североисточна страна. Преминот е отворен во текот на целата година, но понекогаш е тешко прооден заради калта што се создава со топењето на снегот во зимските и пролетните месеци.

Присад
Присад is located in Македонија
Присад
Присад
Местоположба на превојот Присад во Македонија
Надм. вис.1.098
Местопомеѓу Пелагонија и Азот
ВенецБабуна
Координати41°26′N 21°36′E / 41.433° СГШ; 21.600° ИГД / 41.433; 21.600

Историја

уреди

Оваа патна делница се користела уште од антички времиња затоа што претставува најбрза и најкратка можност да стигнете до Прилеп од Скопје или Велес. Денеска можат да се приметат камените плочи и потпорните ѕидови изградени во минатото што ја потврдува неговата важност. Патот до денеска останува неасфалтиран и е користен од ловните друштва, дрвните стопанства и рекреатвините велосипедисти.

Општи податоци

уреди

Преминот Присад го носи името по блиското истоимено село кое се наоѓа од јужната страна. До него се стигнува од две страни. Од Велешка страна патот поминува низ селото Извор и подоцна со краци продолжува до неколку помали или расселени села во областа Клепа. Од прилепска страна преминот е пократот заради повисоката точка на тргнување. Таа тргнува некаде после главниот влез во рудникот за мермер Сивец и поминува покрај манастирот Свети Ѓорѓија. Оваа страна е повеќе изложена на сонце и со помалку шума.

Детали за искачувањето

уреди

Од страна на Извор искачувањето започнува кај селото Степанци и се движи по неасфалтиран со камен поплочен пат во должина од 13,9 километри, при што се искачува висинска разлика од 670 метри со просек од 4,8%. Од страната на градот Прилеп, искачувањето почнува кај мермерниот комбинат во должина од 5,6 километри, со висинска разлика од 300 метри и просек од 5,2%.

Патот од двете страни е неасфалтиран.