Црна Места

река во Пиринска Македонија, составница на Места

Црна Места (дијалектно: Черна Места, бугарски: Черна Места) — река во Разлошко (Општина Јакоруда), Пиринска Македонија, лева составница на реката Места. Долга е 23,3 км.[1] Се образува со слевањето на реките Софаница (Софан Дере) и Леевштица во клисурата Врви Секул[2], а како почеток се смета Софаница.

Црна Места
Черна Места
Черна Места
Местоположба
МестоРазлошко, Пиринска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местомеѓу врвовите Сивричал и Равни Чал, Источна Рила
 • координати42°10′40″N 23°44′45″E / 42.1778° СГШ; 23.7458° ИГД / 42.1778; 23.7458
 • надм. вис.2.434 м
Устие 
 • место
р. Места, 5 км СИ од Јакоруда
 • координати
42°02′07″N 23°42′37″E / 42.0353° СГШ; 23.7103° ИГД / 42.0353; 23.7103
 • надм. вис.
941 м
Должина23,3 км
Големина на сливот164 км2
Проток 
 • просечен1,42 м3
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Реката извира под името Ражавица на 2.434 м.н.в. на Источна Рила, меѓу врвовите Сивричал (2.641 м) на југ и Равни Чал (2.637 м) на север. До вештачкото езеро Белмекен тече на југ, а потоа на југозапад под името Софаница (Софан Дере), во тесна (до 60–80 м), стрмна и мошне пошумена долина со стрмни (30–40°) страни. Коритото е тесно и каменливо, со чакалесто–каменливо дно[3]. По вливот на Леевштица реката свртува на југ веќе под името Черна Места, со истите одлики на долината. Кај селото Черна Места долината се насочува кон југозапад, и 1,8 км по него, на 941 м.н.в. се слева со Бела Места и двете заедно го сочинуваат почетокот на самата река Места. Во овој последен дел коритото ѝ е поблаго (околу 30 м/км)[3], а долината ѝ се проширува, достигајќи 300–400 м.

Сливот на реката зафаќа 164 км2, што претставува 4,76 % од вкупниот слив на Места.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • → Куртовска Река
  • ← Кардалица (Даутица)
  • ← Леевштица
  • → Ваклева Река

Средниот годишен истек кај селото Черна Места изнесува 1,42 м3. Поради големата висинска разлика на течението, Бела Места има два јасно изразени највисоки и најниски водостоја. Во високите предели најполноводна е во мај, а најслабоводна во февруари; во ниските предели тие се во април и септември. Средниот наклон на течението е многу голем 64,7 м/км. Средната надморска височина на сливот изнесува 1.595 м[2].

По течението на Черна Места има само едно населено место — селото Черна Места, наречено по неа.

Реката е проодна со низок степен на тешкотија (I–II категорија).[4]

Горното поречие е обраснато со кривул, муника, смрча, бел бор, а долното — со бука и даб[2].

Во 2003 г. е направено испитување за мала хидроцентрала, со што е утврден потенцијал од 1.350 киловати моќност и 5,9 гигават-часови струја годишно.[5]

По десниот брег на реката, од с. Черна Места до устието, на растојание од 2 км поминува дел од второкласниот пат II-84: Зв’ничевоВелинградМехомија (Разлог). Во истиот дел, напоредно на патот поминува и делница од теснолинејката СептемвриДобриништа.

Во горното течение на реката, југозападно од вештачкото езеро Белмекен е изграден големиот спортски комплекс „Белмекен“ наменет за тренирање.

Поплавување

уреди

Во 2005 г. реката се излеала од коритото, однесувајќи две масивни градби во с.  Черна Места и ги поплавила пределите од устието до крајот на Општина Јакоруда, на подрачје долго 18 км и широко околу 50–60 м, загрозувајќи два моста со поткопани потпори[6]. Предизвикани се големи штети[7], прекривајќи десетици декари ници со камења, тиња и наноси. Ова ја загрозило земјоделското производство во регионот за следната 2006 г.

Топографска карта

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 535.
  2. 2,0 2,1 2,2 Община Якоруда – Възможности за развитие на екологичен и устойчив туризъм[мртва врска]
  3. Кану-каяк клуб „Арзус“ Стара Загора – Реки[мртва врска]
  4. Енергопроект – Хидроенергетика ООД – Малки ВЕЦ, Наводи[мртва врска]
  5. Народно Събрание на РБългария – Стенограма от пленарно заседание, сряда, 10 август 2005 Архивирано на 6 мај 2021 г.
  6. Риболовни новини – Поискаха спешно почистване на Черна Места[мртва врска]