Црква „Св. Тома“ - Граиште

црква на Граиштанскиот манастир кај Граиште, Демирхисарско

Св. Томацрква во демирхисарското село Граиште, главен храм на Граиштанскиот манастир (наречен и Шути манастир). Му припаѓа на Крушевско-демирхисарското намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.

Свети Тома

Црквата и камбанаријата

македонска православна црква
Епархија Крушевско-демирхисарска
Парохија Слепчанска
Местоположба

Карта

Координати 41°13′27.8″N 21°13′45.7″E / 41.224389° СГШ; 21.229361° ИГД / 41.224389; 21.229361
Место Граиште
Општина Демир Хисар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Апостол Тома
Изградба XV - XVI век
2002 (обновен)
Архитектонски опис
Архит. тип триконхален

Манастирот и црквата се сместени југоисточно од Граиште и југозападно од Вардино.[1] Манастирот е граден во доцниот среден век, но уништен во XVIII век. Возобновен е во 2002 г. врз темелите на стариот храм.

Од натпис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век од манастирската библиотека дознаваме дека книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век.[2]

Црквата е релативно голема, триконхална, со нартекс и две куполи. Изѕидана е од кршен камен со малтер.[3] По нејзиниот облик се смета дека старата црква била меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско (Железник),[4] и познато е дела била градена е во XV - XVI век.[3] Царските двери од храмот се пренесени во црквата „Рождество на пресв. Богородица“ во Бучин.[5]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија (PDF). Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 25. ISBN 978-608-65143-2-7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-01-24. Посетено на 2021-12-25.
  2. „Граиште“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-08-20. Посетено на 20 август 2018.
  3. 3,0 3,1 Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби - Општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 18. ISBN 978-608-65616-4-2.
  4. „www.visitpelagonia.mk“. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 2021-02-14.
  5. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопje. стр. 146.

Надворешни врски

уреди