Ристо Палигора
Ристо Палигора (влашкиː Risto Paligora; Битола, 1961 - Битола, 24 декември 2018) — македонски историчар на уметноста и публицист. Бил советник конзерватор во Завод и музеј –Битола и познат експерт во Македонија од областа на конзервацијата и историјата на уметност.
Ристо Палигора | |
---|---|
Роден(а) | 1961 Битола |
Починал(а) | 24 декември 2018 Битола, Македонија |
Националност | Влав |
Занимање | конзерватор |
Животопис
уредиПалигора е роден во Битола во 1961 година во влашко семејство. Тој учествувал во конзервацијата на поголем дел од верските објекти во Битола и Битолско и се залагал за поголема заштита на историско-културното богатство во овој регион. Тој бил и вклучен во изработка на проектот за заштита на црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Преспанско. Бил автор на голем број дела поставени на уникатноста и заштитата на културното наследство, а последната книга ја објавил еден месец пред да почине во ноември 2018 година, била посветена на Влашката црква во Битола. Починал во Битола на 24 декември 2018 година.[1]
Библиографија
уреди- Палигора, Ристо(2006), Св.Петка, Скопје: МАНУ;
- Палигора, Ристо(2016), Сенки на фениксот, Битола: НУ Завод и музеј Битола;
- Палигора, Ристо(2016), Црквата Св. Димитриј во Долно Чарлија, Битола: НУ Завод и музеј Битола;
- Палигора, Ристо. Студија за поврзување и промоција на манстирскиот туризам на Баба Планина Архивирано на 28 декември 2013 г.. Битола, Центар за развој на Пелагонискиот плански регион, декември 2011.
Наводи
уреди- ↑ „Тажна вест: Почина Ристо Палигора“. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2018-12-24.