Крушевско-демирхисарска епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избран градот Крушево, како дел од процесот за интеграција на Православната Охридска Архиепископија. За архијереј е избран епископот Јован Крушевско-демирхисарски,[1] поранешен архиепископ на ПОА. Епархијата ги опфаќа границите на општините Крушево и Демир Хисар. Седиштето на епархијата е во крушевската црква „Св. Никола“.

Крушевско-демирхисарска епархија

Градската црква „Св. Никола“ во Крушево
Основач МПЦ
Независност
Признавање православие
Поглавар Јован
Седиште Крушево
Територија Демир Хисар, Крушево
Власт
Јазик македонски, старословенски
Верници
Портал

До 2023 епархијата била една од четирите архијерејски намесништва на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Парохии

Наводи Уреди

  1. САС на МПЦ (20. јуни 2023). „Соопштение (20.06.2023 14:38)“. mpc.org.mk. МПЦ. Посетено на 20. јуни 2023. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)