Пиластер
Пиластер — сосема малку издаден столб зграден во ѕид. Пиластерот е зарамнет или скратен столб кој обично оди заедно со капител и перваз, како и во низок релјеф или рамен наспроти еден ѕид. Овој архитектонски елемент го наоѓаме во класичната архитектура и има за цел да даде впечаток на потпорен столб, но само со украсна вредност. Наспроти ова, врзан столб или дирек може да го држи ѕидот и покривот над него.
Пиластрите често ги наоѓаме непосредно по страните на една врата или прозорско окно на една фасада, а понекогаш и заедно со квадратни или округли столбови. Во овој случај, столбовите се оддалечени за извесно растојание од ѕидот и имаат за цел да го потпираат ѕдот или покривот над нив, како да речема кај еден портик. Овие вертикални елементи се користат и како потпора за вдлабнат архиволт околу еден влез.
Пиластерот може да има едноставен квадратен профил (пресек) или може да биде украсен во еден од стиловите на класичниот архитектонски поредок како џиновски ред како изрежани столбови со висина од два спрата. Овој елемент од старогрчката и римската архитектура бил преземен и од Италијанската ренесанса, а подоцна и во Грчката возобнова.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Dictionary of Ornament од Philippa Lewis & Gillian Darley (1986) NY: Pantheon
„Пиластер“ на Ризницата ? |