Црква „Св. Ѓорѓи“ - Негуш
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија.[1][2] Изграден е во 1842 г. и е една од петте парохиски цркви на Берско-негушко-камбаниската епархија во градот[3] и прогласена е за споменик на културата.[4]
Свети Ѓорѓи | |
---|---|
Αγίου Γεωργίου | |
Црквата од североисток | |
40°38′2.28″N 22°4′17.09″E / 40.6339667° СГШ; 22.0714139° ИГД | |
Место | Негуш |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Културнонаследна категорија | споменик на културата |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Изградба | 1841 – 1842 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Негушко |
Епархија | Берско-негушко-камбаниска |
Историја
уредиХрамот се наоѓа во источниот дел на Негуш, близу влезот во градот. Пред уништувањето на Негуш при задушувањето на Негушкото востание во 1822 г. во градот имало црква посветена на Свети Ѓорѓи. На 25 декември 1832 г. е издаден ферман за обновата за црквите „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Мина“ во Негуш.[5]
Според натписот во црквата, таа е изградена во 1841 г.[4] Главен ктитор е стопанственикот Ѓорѓи Буфела (? – 1851) од Голишани, кој станал епитроп на храмот. Останатите средства дошле од османлиската држава и од богати негушани.[1] Натписот под портретот на Буфела гласи:
„ | Γεώργιος Μπουφέλας προσκυνητής
Κατήγετο από το πλησίον της Ναούσης χωρίον Γκουλισιάνι. Επισκεφθείς το 1840 τους Αγίου Τόπους, επανήλθε εις αυτό και εκποιήσας την κτηματικήν περιουσίαν του ελθών εγκατεστάθη εις Νάουσαν το 1842. Τότε επερατώθη η το 1841 αρξαμένη δι' εράνων ανέγερσις του Ιερού τούτου Ναού και αφού διαθέσας ολόκληρον την περιουσιαν του δια εξεικόνησιν του Βίου του Σωτήρος και όλων των Αγίων. Αφιέρωσεν δε εαυτόν εις την υπηρεσίαν του Ιερού τούτου Ναού και μέχρι του θανάτου του 1851 έχον όντως έξοχον και αξιομίμητον υπόδειγμα αυτόαπαρνήσεως δια κάθε Χρηστιανόν. Αμήν.[5][6]
Ѓорѓи Буфела поклоник Потекнува од селото Голишани близу Негуш. Во 1840 г. ја посетил Светата Земја, па се вратил во него, го продал неговиот недвижен имот и во 1842 г. се населил во Негуш. Тогаш завршила изградбата на овој Свет Храм започнат во 1841 г. и го дал сет свој имот за живописувањето на Житието на Спасителот и на сите светци. Се посветил на служба на овој Свет храм до неговата смрт во 1851 г. со навистина одличен и вреден пример што треба да го следи секој христијанин. Амин. |
“ |
На запад од црквата во 1867 г. е изградена камбанарија со посредство на берскиот митрополит пред Портата, која испратила заповед до берскиот кајмакам да сопрат секакви пречки од месните Турци. Камбанаријата исто така се смета за значајно архитектонско дело.[1][7]
Околу 1943 г. е решено на храмот да му се догради купола, за што се задолжени повозрасниот градител Георгиос Карабаѕос и тогаш младиот Евангелос Франгоцинос.[8]
Во северозападните згради во црковниот двор долги години имало сиропиталиште.[8]
На 2 октомври 1985 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[4]
Архитектура
уредиЦрквата е втора по големина во градот меѓу храмовите од XIX век, по „Успение на пресв. Богородица“.[3] По својот облик и материјали е типична за црквите на ова подрачје од средината на XIX век. Храмот е правоаголен со димензии 34 × 17 м и зафаќа површина од 578 м2.[8] Претставува трикорабна базилика во неокласичен стил фасадирана со плочи. На западната и јужната страна има затворен трем.[4] Нартексот е голем 4,30 × 25 м, наосот 19,55 × 14,60 м, а жртвеникот 4,45 × 14,60 м. Храмот е прошируван со нартексот на запад, параклисот „Св. Нектариј“ на југ и канцеларии на север. Ѕидовите се дебели од 0,95 до 1 м. Од северната страна има потпорни ѕидови со висина од 3,90 м и ширина од 1,70 × 1,55 м во основата. На исток има само една полукружна конха која зазема 2⁄5 од источната страна. Однадвор апсидата е украсена со седум засводени слепи ниши на висина 2⁄3 од ѕидот. Над влезовите има полукружни каменни лакови. Во лакот над западниот и јужниот влез има ниши за преносливи икони на Свети Ѓорѓи. Покривот е двоводен со ќерамиди и лесни триаголни засеци на исток, не образувајќи триаголен фронтон. Таква веројатно била и западната фасада, изменета по додавањето на нартексот.[9]
Во внатрешноста трите кораба се поделени со столбови со пречник од 40 см, направени од квадратна костенова срцевина и малтерисани округло. Лаковите образувани со дрвени опшиви се насликани со пророци и светци.[9]
На запад над главниот влез има женска црква во облик на буквата П, поубава од онаа во „Успение на пресв. Богородица“.[9] До женската црква води скалиште од наосот. Подот на црквата е поплочен со мермер.[10]
Првобитниот владички престол е заменет со нов, а од изворниот особено убав амвон е зачуван само горниот дел.[10]
Иконостас
уредиИконостасот првично бил направен од резбано дрво, но подоцна е заменет со мермерен,[11] веројатно истовремено со изградбата на куполата. Новиот иконостас се води по примерот на оној во „Св. Преображение“ и вклучува релјефни претстави на ангели и други украси. Насликан е со маслинова боја и поделен на три подрачја. Во првото подрачје на висина до 1,10 м има последователни релјефи на ангели што го оградуваат крстот. Во второто на висина до 3 м има 10 царски икони со големи димензии, од кои најстарата е онаа на Богородица веднаш лево од царските двери, изработена во 1843 г. Во третото подрачје се обликувани три фронтона над секој кораб. Во средишниот е Тајната вечера, а во страничните се претставени светци. Над средишниот фронтон има дејзис. Во основата на крстот нема змејови.[10]
Првата икона лево од царските двери е „Пресвета Богородица со Младенецот“,[10] со натпис во долниот десен агол Δαπάνη εργατών αμπατζήδων 1843 Δεκ. 23. Првата десно од дверите е „Исус Христос Цар на царевите и Велик архијереј“,[12] со натпис подолу δια εξόδων Σαπωνάδων ων η μνήμη αιωνία 1844 Φεβρουάριο 18 υπό απσταλα,[13] дело на истиот зограф — поп Димитрис Апостолакис од Бер.[12] Втората икона лево е „Свети Ѓорѓи Победоносец“, со натпис αγιογραφικός οικος δανιηλ μοναχου. Иконата на Свети Јован Претеча“ има натпис 1844 ...βριου 4. Следна е иконата на Свети Никола,[13] која во долниот дел има натпис δια διαπάνης ψαράδων ων η μνήμη αιωνία 1844 Μαίου 30. „Собор на 12 апостоли“ е во истиот стил како Богородица. На иконата „Свети Спиридон“ во средината има натпис δέησις των μαηστόρων κονιτζιωτών. Осмата икона на иконостасот е на Свети Климент Охридски.[14]
Храмот имал и пет иконостаса – два камени од двете страни на средишниот иконостас и три дрвени, но дрвените се изнесени од црквата и иконите им се преместени во олтарот. На левиот камен иконостас е иконата на Свети Димитрија, дело на непознат зограф, а на десниот е иконата на Свети Ѓорѓи, дело на негушкиот зограф Димитриос Хасјурас од 1943 г. На иконостасот кој бил лево од влезот била иконата на Света Варвара со натпис δια χειρός παπά Αναστασιου, а на оној што бил десно стоела Света Катерина со натпис Αν ιστορίθη η παρούσα εικών δια δαπάνης των[15] Evτιμoτάτων Κυρίων ζοσταράδων δια Γρ: 400ων η μνήμη αιωνία 1843 Νοεμβρίου 11 χειρ αποστολάκη παπά Δημητρ βερραίου. На иконостас во нартексот има икона на Свети Стилијан Пафлагонски од XIX век со натпис Παίδων φύλαξ πέφυκε Θεού το δώρον Ο φιλέορτος Μάντης Γ. Μπίλης την αφιέρωσεν εις μνήμην αυτού Τε και των τέκνων του εν έτοι 1892.[16]
Живопис
уредиЗаедно со црквата „Живоносен Извор“, овој храм е еден од двете целосно живописани цркви во Негуш. Фреските се изработени во 1842 г. од месни зографи, но подоцна се надживописани. Поделени се на три подрачја. На север најгорното е со сцени од животот на Христос.[16] Истите теми се застапени и во второто подрачје, кое е двапати повисоко од првото. Во третото подрачје се претставени светци. Насликани се и олтарниот простор и куполата.[17]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 18. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.
- ↑ „Παραδοσιακές γειτονιές, ενδιαφέροντα κτίρια“. Δήμος Ηρωικής Πόλης Νάουσας. Архивирано од изворникот на 2018-01-14. Посетено на 13 јануари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 23. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ36/31674/683/8-8-1985 - ΦΕΚ 596/Β/2-10-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-01. Посетено на 14 октомври 2014.
- ↑ 5,0 5,1 Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 24. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Βαλσαμίδης, Μανώλης (2009). Ψηφίδες. Ιστορικά Τοπικά. Νάουσα. стр. 145.
- ↑ Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 25. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 8,0 8,1 8,2 Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 26. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 9,0 9,1 9,2 Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 27. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 28. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 19. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.
- ↑ 12,0 12,1 Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 29. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 13,0 13,1 Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 30. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 16,0 16,1 Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 33. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου“ (PDF). Νιάουστα. 93: 34. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help)
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Негуш на Ризницата ?