Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Негуш

црква во Негуш, Егејска Македонија

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου, Παναγία) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од парохиските храмови во Негуш.

Успение на Пресвета Богородица
Κοιμήσεως Θεοτόκου
Поглед на црквата
Карта
40°37′57.56″N 22°4′3.68″E / 40.6326556° СГШ; 22.0676889° ИГД / 40.6326556; 22.0676889
МестоНегуш
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типтрикорабна базилика
Завршена1833
Управа
Архијерејско намесништвоНегушко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Историја

уреди

Храмoт се наоѓа во северниот дел на Негуш. Пподигнат е на местото храм, уништен во 1822 г. во Негушкото востание. Обновен е во 1833 г. Трошоците ги понел хаџи Петар, син на поп Анастас, за покој на душите на неговите родители. Мајстор бил Јанусис Гикас. Сето тоа го пишува на натписот и направено е за време на владикувањето на Дионисиј. Овој владика, кој управувал со епархијата од 1831 до 1848 г. направил големи усилби за реконструкција на куќите и четирите парохиски цркви во градот, сето време во одлична соработка со општината.[1] Ктиторот хаџи Петар Поп Атансов (Петрос Папанастасиу) му припаѓа на големото негушко семејство Петровци (Петриди). Татко му Анастасиј бил свештеник во „Св. Ѓорѓи“ во Негуш пред востанието. Татко му бил од каракаменското село Држилово и станал истакнат функционер во месната администрација, достигнувајќи степен на вилаетски коџабашија во Воденско. Заради придонесот на хаџи Петар за обновата на храмот, семејството имало привилегиран однос со црквата низ XIX и почетокот на XX век, като со важен глас во решавањето на парохиските прашања.

Храмот свечено отоврен на 9 октомври 1833 г.[2] Во парохијата спаѓаат црквите црквите „Св. Петка“, „Св. Илија“, „Св. Архангели“ и гробишната „Св. Атанас“.[2]

Архитектура

уреди
 
Црквата од југоисток

Црката претставува трикорабна базилика со женска црква, дрвен покрив и без купола. Зафаќа површина од 593,07 м2.[2] Има елегантен и чист план. На западната страна има затворен трем, а на источната три петстрани конхи со слепи лакови — северната е посветена на Свети Теофан, јужната на Светите Архангели, а средната и најголема на Пресвета Богородица. Трите релативно просторни кораби се одвоени со две колонади со дрвени лакови. Таванот е резбан и многу убав. Во средиштето е претставен Христос Седржител опкружен со ангели. Во средишниот кораб таванот е украсен со резбани цветни елементи – лозници со гроздови. Фреските од XIX век се малубројни — единствено на лаковите во средишниот кораб се претставени пророците од Стариот завет, евангелисти и други светци во медалјони. Во 1960-тите на фрески во црквата работел негушкиот зограф Апостолос Хасјурас.[2] За вредни се сметаат и резбаниот иконостас, владичкиот престол и амвонот, како и иконите од XIX век.

На 2 октомври 1985 г. црквата е прогласена за заштитен споменик.[3] Во 2002 г. за заштитен споменик е прогласен и чинарот до храмот.[4]

Иконостас

уреди
 
Иконостасот

Иконостасот е исчистен. Поделен е на три подрачја – долните табли, царските икони и малите икони на сцени од животот и чудата на Христос најгоре. Над царските двери, средишната висинска оска завршува со распетие. Од обете страни на царските двери се иконите на Исус Христос и Пресвета Богородица Сецарица. Христос е претставен како првосвештеник што благословува, облечен во црвено и зелено и во левата рака држи отворено Евангелие. Над него има два ангела. Иконата е потпишана 1838. Иконата на Богородица Сецарица од 2011 г. е со златна опкова и скапоцени камења. Богородица во левата рака го носи Младенецот, кој со десната рака благословува, а во левата држи отворено Евангелие. Иконата е дело на самаринскиот зограф Димитар, направена во 1830-тите. „Διά χειρός Δημητρίου ζωγράφου Σαμαριναίου ΑΟΛ... Ιουλίου“, Од рацете на Димитар Зограф Самарински 183... јули.[5]

Иконата на Свети Ѓорѓи, Свети Мина и Свети Димитрија ги претставува тројцата најпопуларни свети воини во православието. Тие носат оружје и оклоп — во средината е Мина со копје, лево е Ѓорѓи, исто така со копје, а десно е Димитрија со меч, благословувајќи со левата рака. Таа икона има многу стилски сличности со следната икона на Свети Атанас, насликана во 1841 г. со средства на месарскиот еснаф во градот, според натписот: „Δέησις τον δούλων του Θεού των εν τη Ναούση κρεωπωλητών δι' ιδίας συνδρομής και δαπάνης αυτών, 5.10.1841“, Молитва на Божјите раби од Негуш месари од нив помош и средства, 05.10.1841. Изгледа дека двете икони, како и онаа на Јован Крстител, се од исто време и еден ист уметник.[6] Иконата на Светите архангели е лево од иконата на Богородица — на местото кајшто треба да стои светецот покровител. Меѓу архангелскиот собор се истакнуваат Гаврил и Михаил, кои држат медалјон со Христос. Иконата на Свети Харалампиј е насликана во средината на XIX век или малку порано. Според усмените податоци на Стерјос Никусис, прадедо му Зафирис Никусис ја купил од Јанина. По патот за Негуш, Турци му извршиле претрес и ја фрлиле иконата од една карпа. Никусис успеал да ја пронајде, ја поправил и ја подараил на црквата „Пресв. Богородица“.[7]

На јужниот крај иконостасот е поставена иконата на Благовештението, изработена во чисто западен стил — Архангел Гаврил се спушта од небото и ѝ дава лилјан на Богородица, претставена на колена пред градба во перспектива. Иконата е насликана во јули 1840 г. Мануил Зограф од Селица, при што натписот гласи „1840 Ιουλίου 20. / Διά χειρός Μανουήλ/Γεωργίου Ζωγράφου εκ Σελίτζης“, 1840 20 јули / Од рацете на Мануил / Ѓорѓи Зограф од Селица.[8][9] Иконата на Дева Марија веќе не е на иконостасот, каде е заменета со копија, а оригиналот е на посебен дрвен проскинитар веднаш по влезот во храмот. На неа е претставена Богородица на смртна постела со тажните апостоли околу неа. Точно под постелата ангел со меч му ги сече рацете на Ефониј, кој се обидува да ѝ го осквернави телото. Хагиографијата кулминира високо во небото, каде Христос ја прима душата на Марија. Иконата е насликана во 1838 г. од Ѓорѓи Мануил според натписот: „Δια συνδρομής και δαπάνης των τιμιωτάτων Ζευγραραδων εκ της αυτής πόλεως Ναούσης εις μνημόσυνόν των. χερ. Γεωρ. Εκ Σελίτζης 1838“.

Мошти

уреди
 
Моштите на Свети Теофан

Свети Теофан Нови Светогорски е роден во Јанина во XVI век. Извесно времее живеел на Света Гора, а подоцна се префрлил во Берскиот скит, за на крај да отиде на планината Каракамен, каде го основал манастирот „Св. Архангели“ кај Негуш. Затоа е прогласен за заштитник на градот. Неговиот череп се чува во „Успение Богородично“. Тој е поставен на сребрен послужавник, изработен во 1831 г., малку пред изградбата на црквата. Натписот гласи: „Ετελέσθη η παρούσα θήκη του Αγίου Θεοφάνους του νέου και θαυματουργού δια σηνδρωμμής (sic) και βοηθείας των Χριστιανών Νσαουσαίων επιτροπεύοντος κυρίου Ζαφείρη Μπέρσου και εφημερέβοντος (sic) ΠΑ[πά]Θωμά 1831 Ιουν.23“.

Епитафија

уреди
 
Епитафијата од 1749 г., поправена од Екатерини Никуси во 1884 г.

На ѕидот на јужниот кораб виси витрина со извезена епитафија, која според натписите е направена од извесна Февронија во 1749 г.: „διά χειρός Φευρωνίας εν έτει 1749“, поправена во 1884 г. од учителката Екатерини Никуси: „επιδιωρθώθη τω 1884 υπό Αικατερίνης Νικούση“.[10]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Στογιόγλου, Γεώργιος (1999). Η εκκλησία και τα σχολεία στη Νάουσα, στο Νάουσα 19ος - 20ος αιώνας. Νάουσα: Πολιτιστική Εταιρεία Νάουσας. стр. 43–44. ISBN 960-86493-0-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 21. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15.
  3. „ΥΑ ΥΠΠΕ/Β1/Φ36/31674/683/8-8-1985 - ΦΕΚ 596/Β/2-10-1985“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-06-01. Посетено на 14 октомври 2014.
  4. „ΥΑ 1221/29-4-2002 - ΦΕΚ 428/Δ/24-5-2002“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-01. Посетено на 8 јули 2018.
  5. Χατζηδάκης, Μανόλης (1987). Έλληνες Ζωγράφοι μετά την άλωση. Αθήνα: Εθνικό Ίδρυμα Ερευνών. стр. 273.
  6. Κυριακίδης, Παύλος (2000). „Ιερος ναος Κοιμησεως Θεοτοκου (Παναγια): Εκκλησιες του 19ου αιωνα στη Ναουσα“ (PDF). Νιάουστα (92): 24–25. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-06-24. Посетено на 2022-05-27.
  7. Βαλσαμίδης, Εμμανουήλ (1996). Η παιδεία στη Νάουσα μετά την καταστροφή του 1822. Νάουσα. стр. 47.
  8. Βαρσαμίδης, Αθανάσιος (1995). Κοινωνική και οικονομική ζωή της Εράτυρας (Σελίτσας) το 19ο και τις αρχές του 20ου αιώνα. Θεσσαλονίκη: Ένωση Ερατυραίων Θεσσαλονίκης. стр. 44.
  9. Μοσχόπουλος, Γιάννης (1995). „Μανουήλ ο Γεωργίου Ζωγράφος εκ Σελτίτσης και η εικόνα της Παναγίας του 1843 στο Γηδά“. Νιάουστα (73): 161, 166.
  10. Παύλος, Κυριακίδης (1998). Εκκλησίες του ΙΘ΄ αιώνα στη Νάουσα. Νάουσα: Μεταπτυχιακή εργασία, Τμήμα Θεολογίας, ΑΠΘ. стр. 34 σημ. 70.

Надворешни врски

уреди