Црква „Св. Преображение“ - Негуш

катедрала во Негуш, Егејска Македонија

Свето Преображение (грчки: Μεταμόρφωση του Σωτήρος) — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Претставува митрополитска црква на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија (иако катедрална е „Св. Петар и Павле“ во Бер).[1]

Свето Преображение
Μεταμόρφωση του Σωτήρος
Поглед на камбанаријата
Карта
40°37′42.3″N 22°4′3.6″E / 40.628417° СГШ; 22.067667° ИГД / 40.628417; 22.067667
МестоНегуш
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типкрстокуполна базилика
Изградба1932 – 1939
Управа
Архијерејско намесништвоНегушко
ЕпархијаБерско-негушко-камбаниска

Црквата се ноаѓа во центарот на градот, веднаш до Серфиџиевото училиште во старото маало Пуљана. Изградена е на местото на параклис од 1932 до 1939 г. Во средствата за иградба учествувале негушки иселеници во Бостон, САД.[1]

Градбата претставува крстокуполна базилика со импресивна камбанарија. Иконостасот е мермерен со преносливи икони. Живописувањето на внатрешноста започнало веднаш во 1939 г. од руски зограф, кој за жал во 1940 г. ја напуштил земјата, завршувајќи ги само куполата и апсидата. Во храмот има многу икони од негушкиот зограф Христодулос Матеу.[1]

Во 2002 г. боровете на црковниот плоштад се прогласени за заштитен споменик.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Κύρου, Νίκος, Ολυμπία Τσίτση (Επιμέλεια) (2005). Οι εκκλησίες της Νάουσας. Πρόγραμμα Περιβαλλοντικής Εκπαίδευσης Σχ. έτους 1999 – 2000 (PDF) (грчки). Νάουσα: 3ο Γυμνάσιο Νάουσας. стр. 16. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-05-15. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  2. „ΥΑ 1221/29-4-2002 - ΦΕΚ 428/Δ/24-5-2002“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-04-01. Посетено на 8 јули 2018.