Црвеници (Ногаевци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Црвеници“
| |
Местоположба | 41°37′44″N 21°54′19″E / 41.62889° СГШ; 21.90528° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Ногаевци |
Општина | Градско |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Црвеници — археолошко наоѓалиште во велешкото село Ногаевци. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. На 3 км источно од селото, на десниот брег на Брегалница, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, градежен материјал, како и блокови од обработен камен и мермер. Откриени биле и повеќе гробови, скелетни, гредени од камени плочи, со ориентација исток-запад, во кои освен керамички садови имало и украсни предмети: прстени, белезици, обетки, монети и др. Наодите се чувани во Народниот музеј во Велес.[1]
Поврзано
уреди- Горна Црква — некропола од доцноантичкото време;
- Грамади — населба од римското време;
- Задружен Блок — тумул од веројатно железното време;
- Лисички Дупки — некропола од доцноантичкото време;
- Ограѓе — населба од доцноантичкото време;
- Ногаевци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Велешко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 79. ISBN 9989-649-28-6.