Петар I (Бугарија)

бугарски владетел
(Пренасочено од Цар Петар I)

Петар I (912 или околу 900 - 30 јануари 970) — бугарски владетел на Првото Бугарско Царство од Крумовата династија во периодот од 927 до 969 година. Петар бил вториот син на Симеон I.

Петар I
Бугарски цар
На престол927–969
ПретходникСимеон I
НаследникБорис II
Починал(а)30 јануари 970
СопружникИрина Лакапина
ДецаБорис II
Роман
ДинастијаКрумова династија
ТаткоСимеон I
МајкаМарија Сурсувул

Управување

уреди

Петар склучил црковен брак на 8 октомври 927 година во Цариград со внуката на император Роман I Лакапин, ќерката на Христофор Лакапин и Софија - Марија, која била прекрстена во Ирина Лакапина во чест на мирот кој требало да настапи помеѓу двата народи. Согласно склучениот договор Бугарската архиепископија била подигната во ранг на патријаршија. Тогашниот архиепископ на Дрестер (денес Силистра) - Дамјан, станал првиот бугарски патријарх. Освен тоа Византија официјално ја признала царската титула на бугарскиот владетел. Од бракот со Ирина се родил идниот Борис II и Роман-Симеон, крстен на славните си прадедовци.

Со потпишувањето на договорот, незадоволството во преславскиот двор започнало да се зголемува. Против активностите на Петар се објавиле сите кои ја поддржувале политиката на цар Симеон кој се потпирал главно на воените дејствија против Византија. Во 928 година Иван (или Јован), помалиот брат на Петар, се обидел да крене бунт против новиот владетел, но неговите постапки наскоро биле спречени. Две години подоцна, во 930 година, сличен обид направил и синот на Симеон I, Михаил, кој успеал да освои голем број приврзаници во регионот на Долна Струма. Царот Петар сепак брзо се справил со ситуацијата и со оваа закана, со што се утврдил на престолот.

Петар не успеал да се справи со задржувањето на големата држава која ја наследил од својот татко. Во околу 931 година српскиот владетел Чеслав Клонимировиќ побегнал од Преслав и кренал востание. Петар бил принуден да се помири со обновата на српската автономија. Унгарците од своја страна ги нападнале бугарските територии на неколкупати, и тоа во 934, 943, 948 и 958 година. Петар најпрвин се обврзал да им плаќа данок, а подоцна бил принуден да склучи мировен договор насочен против Византија.

Конфликт со Рус

уреди
 
Смртта на цар Петар I.

Во 968 и 969 година во Бугарија започнала руската инвазија на киевскиот кнез Светослав I, поттикната од император Никифор II Фока. Во 969 година тие пристигнале до Преслав. Петар не ја издржал тензијата и добил мозочен удар. Петар управувал најдолго во историјата на Првото Бугарско Царство.

Црква

уреди

Петар посветил големо внимание на Бугарската црква и по неговата смрт бил канонизиран како светец. Во управувањето на Петар, Бугарската црква за првпат добила состојба на автокефалност, односно израмнување со другите независни цркви во тоа време. Така Бугарската патријаршија успеала да постигне големи успеси во однос на интеграцијата и ширењето на старобугарската култура и јазик меѓу другите словенски народи. Благодарение на напорите на цар Петар, црквата станала најмоќниот столб на православието меѓу Словените.

Раскошноста на официјалната црква и големите даноци довеле до ширење на ереси, во кои поддржувачите повикувале кон откажување од светите добра. Во текот на овој период започнало да се развива богомилството.

Литература

уреди
  • John V.A. Fine, Jr., The Early Medieval Balkans, Ann Arbor, 1983.

Надворешни врски

уреди
Владејачки титули
Претходник
Симеон I
Цар на Бугарија
927–969
Наследник
Борис II