Царево
Царево (бугарски: Царево) — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на општината Царево во Бургаската Област. Има население од околу 17.692 жители (2022).[1]
Царево Царево | |
---|---|
град | |
Изглед кон градот | |
Местоположба на Царево во Бугарија | |
Координати: 42°10′12.62″N 27°50′54.03″E / 42.1701722° СГШ; 27.8483417° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Бургас |
Општина | Царево |
Управа | |
• Градоначалник | Георги Лапчев (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 35,179 км2 (13,583 ми2) |
Надм. вис. | 1 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 6,040 |
• Густина | 170/км2 (440/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 8260 |
Повик. бр. | +359 0590 |
Мреж. место | tzarevo.net |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа на три мали полуострови во Црното Море во подножјето на планината Странџа и 64 километри југоисточно од областниот центар Бургас.
Историја
уредиГрадот првпат бил спомнат под името Василико од арапскиот географ од 12 век Мухамед ал-Идриси. Во 15 и 16 век, Василикоз бил отоманско пристаниште. Според патникот од 17 век, Евлија Челебија, во 1662 година градот Василикоз Бургас се состоел од квадратна тврдина на сртот со поглед на Црното Море, опкружен со многу лозја.
Во 1882 година, пожар го уништил речиси целиот град, принудувајќи ги локалните жители да го обноват градот на нова локација, на полуостровот на северниот залив наречен Лимнос. Во 1903 година новото Василико имало 150 куќи, но друга статистика наведува 460 куќи во 1898 година (160 бугарски и 300 грчки) и 240 само грчки куќи во 1900 година.
По задушувањето на Преображенското востание во 1903 година, Василико повторно паднал во границите на Отоманската империја. При избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, еден василичанец доброволно се пријавил во Македонско-одринското ополчение.[2] Василико конечно бил ослободен по Балканската војна и во 1913 година во него се населиле бегалци од Источна Тракија. На почетокот на 20 век со финансиска помош на цар Борис III било изградено пристаништето, а градот во негова чест бил преименуван во Царево во 1934 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 833.
- ↑ Райчевски, Стоян (2001). Крайбрежна Странджа. Топоними и хидроними. София: УИ „Св. Климент Охридски“. стр. 59–66. no-break space character во
|pages=
во положба 3 (help)
Надворешни врски
уреди- Мрежно место на оштина Царево Архивирано на 23 август 2022 г.
Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |