Странџа (бугарски: Странджа; турски: Yıldız Dağları или Istranca Dağları) е планина во југоисточниот дел на Балканот. Се наоѓа на границата помеѓу Бугарија и Турција.

Поглед на планината

Странџа се наоѓа во источниот дел на историско-географската област Тракија помеѓу Бургаската Низина, Црното Море и Источнотракиската Рамнина. Влкупната површина на планината изнесува околу 10 000 квадратни километри.