Христијан Кировски

македонски фудбалер

Христијан Кировски (македонски: Христијан Кировски; роден на 12 октомври 1985 година) — македонски професионален фудбалер кој настапува на позицијата напаѓач во Македонската втора фудбалска лига, во тимот на Скопје.

Христијан Кировски
КИровски во дресот на Ираклис во 2013 година
Лични податоци
Полно име Христијан Кировски
Роден на 12 октомври 1985(1985-10-12)(39 г.)
Роден во Скопје, СФРЈ
Висина  м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Тетекс
Број 9
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2001–2002 ФК Вардар 14 (8)
2002–2006 ОФК Белград 33 (9)
2005ФК Металург Запорожје (п) 6 (1)
2006ФК Македонија (п) 9 (4)
2006 ФК Етникос Ахнас 11 (9)
2007 ФК Вардар 18 (8)
2007–2008 ФК Работнички 22 (11)
2009–2010 ФК Васлуј 10 (2)
2010–2011 ФК Скопје 29 (20)
2011–2012 ФК Аполон Лимасол 22 (7)
2012 ФК Ирони Нир Рамат Шарон 5 (3)
2013 ФК Ираклис 25 (12)
2013 ЦСКА Софија 10 (2)
2014 ФК Белчатов 10 (2)
2014–2015 ФК Шкендија 51 (19)
2016-2017 ФК Прачуап 25 (17)
2017–2018 ФК Чаингмаи 23 (11)
2018 Работнички 17 (5)
2018- 2019 ФК Македонија 33 (12)
2019-2020 ФК Струга 22 (5)
2020 ФК Гостивар 14 (7)
2020–2022 ФК Скопје 37 (14)
2023 ФК Тетекс 11 (8)
2023– ФК Скопје 33 (7)
Репрезентација
Македонија Македонија U-17 2 (1)
Македонија Македонија U-19 7 (4)
Македонија Македонија U-21 7 (1)
2010 Македонија Македонија 2 (0)
* Ажурирано на: 20 декември 2013
** Ажурирано на: 17 мај 2013

Кариера

уреди

Тој почнал како младинец во Вардар Скопје, кој на 16 годишна возраст, дебитираше за првата екипа под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски. Една година подоцна се преселил во ОФК Белград, каде што останал три и пол сезони. Последната година од договорот со ОФК Белград 2005 година бил позајмен на Металург од Запорожје.[1]. По кратко време во Украина, тој се враќа во Македонија каде што ја продолжил својата кариера во ФК Македонија Ѓорче Петров, каде на 11 натпревари постигнал 4 гола, но добива повреда која го оддалечува од теренот 3 месеци. Во сезоната 2006 се сели на Кипар во тимот Етникос Ахна каде на 11 натпревари постигнува 9 голови во 2006 година. Во јануари 2007 година, се враќа во неговиот матичен клуб Вардар, каде што одиграл успешна полу - сезона и постигнал 8 гола на 18 настапи. Во јуни 2007 година, се преселил во градскиот соперник Работнички при што на 22 натпревари постигна 12 пати, и го освои домашното првенство и националниот куп. По добрата сезона во македонското првенство, Кировски потпишува за романската екипа Васлуи каде во 10 натпревари постигнал само два гола. Сезоната 2010/ 2011 година повторно се вратил во македонскиот фудбал, каде што игра за ФК Скопје, и каде што ја одиграл до тогаш најдобра сезона во кариерата и постигнал 20 гола во 29 натпревари.

Добри настапи во македонскиот фудбал му донел повторно трансфер назад на Кипар во тимот Аполон Лимасол каде што имал одлична сезона со 22 натпревари и постигнати 12 гола. Во сезоната 2012 година, преоѓа во израелскиот Хапоел Нир Рамат Хасхарон , каде одиграл половина сезона и постигнал 3 голови на 5 настапи. Во јануари, се преселил во грчкиот Ираклис од Солун 1908, каде што одиграл одлична сезона со 15 гола во 25 нарпревари.[2] Во летниот преоден рок тој прави трансфер во бугарскиот шампион ЦСКА Софија каде што постигнал 4 гола на 9 натпревари. Во периодот на зимскиот преоден рок ја напушта ЦСКА и потпишува за полскиот ГКС Белшатов.[3][4] Во јули 2014 година, после кратката авантура во Полска, преминал во Тетово во тимот на Шкендија, каде што за година и половина забележал 34 натпревари и 14 гола. Во јануари 2016 година се сели во Тајландскиот Прачуап каде што за една сезона постигна 16 гола во 20 настапи и завршил како трет стрелец во лигата[5].Во зимскиот преоден рок во 2017 година тој останува на Тајланд и преоѓа во екипата на Чаингмаи[6]. После две години поминати на Тајланд, во јануари 2018 година, се враќа во Македонија во тимот на Работнички[7].

Репрезентација

уреди

До 2010 година настапил за сите младински селекции до 21 година, а во 2010 г. забележал два настапи за сениорската репрезентација.

Наводи

уреди
  1. Yaschyshyn, Rostislav (2008-08-17). Хрістіян Кіровскі : "Не розумію, що "Карпати' роблять на 12-му місці" (украински). ua-football.com. Архивирано од изворникот на 2013-12-20. Посетено на 2017-07-23.
  2. Πήρε Κιρόφσκι ο Ηρακλής (грчки). gazzetta. 9 January 2013. Посетено на 20 January 2013. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „Още двама подписаха с ЦСКА, Долапчиев и Витанов с договори“ (бугарски). topsport.bg. 19 July 2013. Посетено на 13 August 2013.
  4. „ЦСКА търси нов отбор на Кировски“ (бугарски). sportal.bg. 28 November 2013. Посетено на 30 April 2016.
  5. „Кировски замина од Шкендија, следна дестинација второлигаш на Тајланд“. Sportmedia. 2016-01-19. Посетено на 2018-02-03.
  6. „Кировски со потпис за Чиангмаи - vesti.mk“. vesti.mk (англиски). Посетено на 2018-02-03.[мртва врска]
  7. „Работнички се засили со Христијан Кировски | Екипа“. Екипа. Посетено на 2018-02-02.

Надворешни врски

уреди