Женски младински хор „Менада“
Менада е женски младински хор од Тетово кој е формиран во 1981 година. На репертоарот хорот има околу 300 композиции од ренесансата преку класика, современи композиции, македонски музички фолклор и евергрин композиции. Македонските композитори посветиле голем број на свои дела за хорот "Менада".
Учество и награди
уредиНа Републичкиот натпревар во Кавадарци од 11 настапи има освоено 11 златни плакети.
Хорот е редовен учесник на Хорскиот фестивал "Техо", "Скопско лето" и "Охридско Лето". Хорот "Менада" учествувал на фестивали и конкурси во Холандија, Данска, Бугарија, Чешка, Германија, Србија, Грција, Словенија, Полска, Турција, Шпанија, Шведска, Италија, Албанија, Австрија, Романија, Португалија и др. Хорот освоил на меѓународни натпревари: прва награда во Добрич, Бугарија (1996); прва и втора награда во Гисен, Германија (1997); две втори награди во Литомишол, Чешка (1995); една втора и една трета награда во Превеза, Грција (1996, 1998); втора награда во Цеље, Словенија (1987); две први награди како и Гранд При на Фестивалот во Бад Ишл, Австрија (2001); и Меѓународна награда на Берлинскиот Хорски Фестивал 2001 година
Хорот има повеќе настапи со Македонската Филхармонија и има издадено повеќе аудио и ЦД записи, хорот е добитник на "19 Ноемвриска", награда на град Тетово, како и наградата "Кирил Пејчиновиќ".
Основач на хорот е д-р Ивица Зориќ и за својата работа добитник е на награди за диригент во Полска, Србија, Бугарија, Грција, на фестивалите во Македонија, како и највисоката државна награда "11 Октомври" во 2005 година.