Хорнбург (Волфенбител)
Хорнбург (германски: Hornburg) — град и поранешна општина во округот Волфенбител во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2013 година е дел од општината Шладен-Верла.
Хорнбург (Волфенбител) | |
Место во Шладен-Верла | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Волфенбител |
Општина | Шладен-Верла |
Основни податоци | |
Површина | 22 км2 |
Надм. височина | 145 м |
Население | 2.413 (31 декември 2012) |
- Густина | 110 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | WF |
Пошт. бр. | 38315 |
Повик. бр. | 05334 |
Координати | 52°01′N 10°37′E / 52.017° СГШ; 10.617° ИГД |
Се наоѓа на реката Илзе, притока на Окер. Во него се наоѓаат бројни историски вредни фахверк градби.
Историја
уредиЗамокот Хорнбург бил првпат споменат во декрет од 994 година како посед на Халберштатската епископија. Во 1005 година во него се родил папата Климент II. Тврдината сместена над градот служела за контрола на северната граница на епископијата и на трговските патишта од Халберштат до Брауншвајг и Хилдесхајм. Била уништена од Хајнрих Лавот во 1179 година во неговиот конфликт со епископот, сојузник на Фридрих I Барбароса, кој го обновил замокот.
Во 1528 година околната населба била прогласена за град од епископот на Халберштат, добивајќи пазарни права во 1552 година. Во исто време, Хорнбург, растејќи од одгледувањето на хмељ за производство на пиво, бил опкружен од градски бедеми со пет порти. Ансамблот на околу 400 ренесансни фахверк градби се појавиле по пожарот од 1512 година, кој ги уништил скоро сите градби во Хорнбург. Обновата на градот била спроведена по изгледот на Халберштат. Заедно со епископијата, Хорнбург станал протестантски во 1540 година. Парохиската црква се смета за една од првите лутерански соборни цркви во областа. Во текот на Триесетгодишната војна, Хорнбург бил окупиран од царскиот фелдмаршал Јохан фон Тили во 1626 година, но освоен од шведските трупи во 1630 година. Во 1645 година, шведската војска конечно го срамнила замокот. Денешната градба е обнова на приватна иницијатива од 1920-тите години.
Со секуларизацијата на епископијата во 1648 година, Хорнбург припаднал на изборните кнезови од Бранденбург и по Виенскиот конгрес од 1815 година, станал дел од пруската покраина Саксонија. Хорнбург останал пруски град до 1941 година, кога бил приклучен на Слободната Држава Брауншвајг со основањето на градот Залцгитер. Поради тоа, на крајот на Втората светска војна, Хорнбург се нашол во британската окупациска зона и подоцна станал дел од Западна Германија.
Збратимени градови
уредиНадворешни врски
уреди- Хорнбург (Волфенбител) на Ризницата ?
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |